mksqhrendeelrusr

ЗА НАС

ДРАГИ НАШИ ПАТНИЦИ, СОРАБОТНИЦИ, НАШИ ЦЕНЕТИ ГОСТИ

 

Како ја замислувате совршената туристичка агенција преку која би сакале да патувате или да ја имате за добар партнер?

Претпоставуваме дека барате некој со долго искуство, многу знаење и добра услуга во сите полиња на туризмот.

Некој чие што мото е: да се биде во чекор пред сите Ваши очекувања…

Нашиот широк спектар на услуги вклучува:

 

Incoming туризам во Македонија:

Имајќи го во предвид фактот дека имаме дологодишно искуство како туристичка агенција во Ммакедонија,ќе бидете во можност да патувате по Македонија по најповолна цена. Т.А. “Елида Турс“ “ може да Ви ги понуди сите видови патувања и програми. Од сместување во хотели со 5***** па до оние кои одговараат на клиенти со низок буџет.

Авиокарти

Т.А. “Елида Турс“ може да Ви понуди авиобилети за било која дестинација во светот по најповолни цени со можност да Ви се достават до Вашиот дом.

Патнички услуги

Ако планирате патување на кое ќе уживате, ние ќе Ви понудиме голем број програми за било која држава во светот. Нашите понуди се засновани на договори со најдобри тур оператори во светот по пристапни цени. “Елида Турс“ нуди комплетна туристичка услуга за групи и индивидуалци, вклучувајќи го глобалните резервациски системи за хотели AIC, GoGlobal, Hotusa, Transhotel, приватни екскурзии, city тури и разгледи, крстарења и многу друго...

Средби

Организираме конференции, семинари, ако сакате флексибилност исто така организираме трансфери од аеродром -хотел-аеродром како и превоз за дестинации во Македонија и во соседните држави.

Екскурзии

Т.А. “Елида Турс“ е агенција со долгогодишно искуство во Македонија, кога е во прашање организирање на екскурзии. Во нашата понуда имате голем број различни екскурзии а исто така можеме да Ви ја прилагодиме понудата според Вашите желби.

Курсеви за странски јазици

Успешно ораганизираме курсеви за странски јазици :Лондон , Брајтон,Оксфорд, Малта...

Нашите кленти

Она што е заедничко за сите наши клиенти е тоа дека сите оние се на патпрема негде - ученици, фамилии, млади брачни парови и сите други кои не ги вброивме во многубројните кои секоја година патуваат со “Елида Турс“. Нашите пакет аранжмани се засновани на секој од нашите патници и нивните интереси така да можат да го доживеат она искуство кое го бараат во дадениот момент.

Т.А. “Елида Турс“ продолжува со својата традиција. Затоа сакаме да Ви посакаме добредојде на едно од нашите патувања и сигурни сме дека ќе имате незаборавно време и ќе се вратите со убави спомени од некое од нашите патувања.

 

Ваш партнер за креирање најадобри тури... Т.А. Елида Турс

 

 

Искрено Ваши !