Луковска Бања - Хотел Копаоник 3* и Хотел Јелак 3*

Луковска Бања – Хотел Копаоник 3* и Хотел Јелек 3*

Луковска бања се наоѓа во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. И покрај тоа што се наоѓа на 681м надморска висина, што ја прави највисока бања во Србија, опкружена е со врвови високи над 1000м, па има пријатна умерена клима.

Луковска бања е богата со голем број на минерални води, недопрена природа и кристално чист воздух. По бројот на минерални извори ( различни по состав и температура) и нивната , Луковска бања спаѓа во една од најбогатите области со минерални води.

Хотел Копаоник 3* (изграден 2000год.) располага со 51 соба. На приземјето во хотелот се наоѓа медицински блок и топла врска со базенот со термална вода. Во склоп на хотелот се наоѓа ресторан и кафе бар со wi-fi интернет. Удобните 1/2 и 1/3 соби се опремени со класични и француски кревети. Сите соби имаат купатило, кабловска, wi-fi, телефон, тераса ( освен поткровјето).

Хотел Јелак 3* (изграден 2009год.) располага со 64 соби во делот Јелак А и 20 соби во делот Јелак Б. На приземјето се наоѓа џакузи базен со термална вода, сауна, сала за состаноци, ресторан, кафе бар со wi-fi, теретана, продавница, додека медицинско – терапетскиот блок се наоѓа на прв спрат. Пред хотелот се наоѓаат два базена со топла вода, летна градина, паркинг. Удобните 1/1 и 1/2 соби се опремени со класични или франциски кревети. Сите соби имаат купатило, кабловска, телефон, wi-fi, тераса.

 

март

април

мај

јуни

јули/септември

Основен БО пакет на ден

25

26

27

28

29

БО плус пакет на ден

32

33

35

36

37

БО екстра пакет на ден

35

36

38

39

40

 

Цените се дадени по лице на ден за сместување во двокреветна соба ( доплата за еднокреветна соба = 12 евра)

Во основниот пакет на ден е вклучено:

Лекарски прегледи кај дежурни лекари; Балнеотерапија ( се врши секој ден: за викенд и празници)- капење во лековита вода, во кади во медицинскиот дел, вантрешен џакузи базен во хотел Јелек (8x4м, температура 35c), внатрешен базен во хотел Копаоник (14x7, температура 35c), надворешен базени во хотел Јелак (35c), хидрокинези терапија ( групни вежби во базените, локални купки во базените во Горна бања ( места каде извира лековита вода); Здравствена контрола: 24 часовна лекарска служба во хотелите, изработка на отпусна листа; Секојдневно користење на суната во хотел Јелак, фитнес сала и спортски терени ( асфалтен терен за мали спортови: ракомет, одбојка, кошарка); Сместување во 1/2 соби во хотелите: ТВ, баде мантил, фен;

Исхрана на база полн пансион: појадок – избор од 10 јадења, ручек и вечера на принцип анкетирање ( 3 пансионски оброци+диета), со ручекот се служи супа или чорба, десерт или овошје; по препорука на лекар се воведува посебна диетална храна ( за дијабетичари, лица со висок крвен притисок, безглутенска исхрана); Користење на салите за забави: пинк понк, билјард, пикадо, друштвени игри; Користење на ски стази и ски лифт во зимскиот период; wi-fi: бесплатно во двата хотели; Туристичка такса и осигурување.

Во Плус пакетот на ден се вклучени сите услуги на основниот пакет + следните терапии:

Физикална терапија3 третмани дневно ( се вршат секој ден: викенди и празници) во зависност од индикации: електротерапија(диадинамик, интерферентни струи, ТЕНС, ултразвук, мускулни стимулатор, солукс ламба), хидромасажа во лековита вода ( бисерна купка, подводна масажа), облоги со лековита кал ( до две нанесувања).

Во Екстра пакетот на ден се вклучени сите услуги на основниот пакет + следните терапии:

Физикална терапија4 третмани дневно ( се вршат секој ден: викенди и празници) во зависност од индикации: електротерапија(диадинамик, интерферентни струи, ТЕНС, ултразвук, мускулни стимулатор, солукс ламба) ), хидромасажа во лековита вода ( бисерна купка, подводна масажа), облоги со лековита кал ( до две нанесувања), мануелна ( рачна) масажа – сегменти во траење од 10 мин.

Во пакетите не е вклучено:

- магнетна терапија

- мануелна масажа на цело тело

- користење на купатило “Шљиваќ”

Попуст за деца:

- деца до 5 год. – бесплатно

- деца од 5-10 год. на редовно легло – 30% попуст

- деца од 5-10 год. на заедничко легло – 50% попуст

Програма:

1 ден: Индивидуално пристигнување во хотелот.

2 ден – до крај на престој: Престој во избраниот хотел на база на избраната услуга ( зависно од бројот на ноќевања и избраниот пакет).

Последен ден: Појадок. Напуштање на собите околу 09:00 часот.

Страницата е посетена:

18

Печати

Share this product