mksqhrendeelrusr

Рим (авион)
3.3/5 rating (3 votes)

ОКТОМВРИ ВО РИМ

ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ

12.10.2018-15.10.2018

 

Рим - Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието во градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот - државата Ватикан. Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град, а  италијаните знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено, но истовремено и модерен град кој постојано е во тек со трендовите. Полн со вибрации на современ град кој со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е, но и останува популарен како што некогаш бил, кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.

ПРОГРАМА 

1 ден: (12.10.2018 - Петок) | Скопје - Рим

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:35 часот. Полетување за Рим во 12:35 часот. Пристигнување во Рим во 14:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки низ градот (предлог од придружникот на агенцијата на лице место). Ноќевање.

2 ден: (13.10.2018 - Сабота) | Рим (Разглед и Ватикан)

Појадок во хотел. По појадокот предвидена е факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) - Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Разгледот продолжува со посета на најголемата црква во светот Св. Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ - единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини -најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: (14.10.2018 - Недела ) | Колосеум

Појадок во хотел. По појадокот предвидена е факултативна посета на Колосеум, каде со локалниот водич се упатуваме кон црква Сан Клементе, каде што се наоѓа гробот на Св. Кирил, црквата Сан Пиетро ин Винколи, каде се наоѓа познатата скулптура на Мојсеј и синџирите во кои бил окован Св. Петар (првиот римски папа). Следува посета на една од најголемите знаменитости и атракции во Рим - Колосеумот, најголемиот амфитеатар во Римската Империја, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”. Турата завршува со Римскиот форум, Кампидољо - римското собрание, Пиаца Венеција и Олтарот на нацијата. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден: (15.10.2018 - Понеделник ) | Рим - Скопје

Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за последно кафе во Рим и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 14:55 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 16:30 часот.

  

ЦЕНA ПО ЛИЦЕ (ДО 01.08.2018) - 269 ЕВРА (16.678 ДЕНАРИ)

ЦЕНA ПО ЛИЦЕ - 319 ЕВРА (19.778 ДЕНАРИ) - ЛИЦЕ ШТО НЕМА ДА КОРИСТИ ФАКУЛТАТИВИ

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Рим - Скопје со авио компанија Wizz Air;
  • Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;
  • Голема кабинска торба до 10 килограми и димензии 55 x 40 x 23 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* или 4* - 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси по лице - 3.720 денари;
  • Доплата за 20 кг. багаж (куфер);
  • Доплата за еднокреветна соба - 6.820 денари;
  • Туристичка такса - 4 € или 6 € по лице на ден (зависно од категоризација на хотелот);
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување.

 

ФАКУЛТАТИВИ

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ : 105  €

Цени за Факултативи:

  • Организиран панорамски разглед на Рим со водич - 15 €;
  • Организирана факултативна посета на Ватикан, црквата Св.Петар и Сикстинската капела - 55 €;
  • Организирана посета на Колосеум, со локален водич, влезница за Колосеум и гробот на Св.Кирил - 50 €;

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативи мора  да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 16.01.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Пријавување за факултативи најкасно до 15.09.2018 и минимален број на патници е 16

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Елида Турс

292

Leave a comment

You are commenting as guest.