mksqhrendeelrusr

Израел и Јордан (со авион)
5.0/5 rating 1 vote

ИЗРАЕЛ И ЈОРДАН

04.10.2018 - 10.10.2018   

7 ДЕНА, 6 НОЌЕВАЊА, 6ПОЈАДОЦИ, 6ВЕЧЕРИ

ПРОГРАМА

1 ден (04.10.2018) | Скопје - Истанбул - Тел Авив - Кесарија - регион Хаифа

Состанок на групата на аеродромот “Александар Велики” во Скопје во 07:20 часот. Полетување од Скопје за Истанбул во 09:20 часот. Слетување на аеродромот во Истанбул во 11:55 часот локално време. Полетување од Истанбул за Тел Авив во 13:30 часот. Пристигнување на аердромот “Бен Гурион” во Тел Авив  во 15:40 часот, локално време. Пречек на аеродром од страна на нашиот претставник. Панорамски разглед на Тел Авив и на Јафа, Цезареа - аквадукт. Сместување во хотел во регионот Хаифа. Вечера. Ноќевање.

2 ден (05.10.2018) | Хаифа - Назарет - Канал Галилеј - Капернаум - Табха - Голански висови - Тиберија

Појадок. Заминување на прекрасниот пристанишен град Хаифа, кој е сместен на брегот на Средоземното море. Панорамски разглед на градините на Бахаи и заливот во Хаифа. Возење со автобус до Назарет - местото каде што Исус го поминал своето детство, посета на куќата на Јосиф, посета и разгледување на Црквата на Благовештението (Church of the Annunciation). Преминување низ Канал Галилеј - местото на првото Исусово чудо каде водата ја претвара во вино. Продолжување на патувањето кон Капернаум (Capernaum), центар на дејноста на Исус Христос. Тука се наоѓаат остатоците од античката синагога и урнатините на куќата на Св. Апостол Петар. Заминување кон Табха, местото на "Чудото со умножувањето на рибите и лебот" и можност да го погледнете мозаикот од византиската базилика од 5 - ти век. Панорамски поглед на Голанските височини. Сместување во хотел во Тиберија. Вечера. Ноќевање.

3 ден (06.10.2018) | Тиберија - Џереш - Небо - Мадаба - Петра

Појадок. Возење до граничниот премин Шеик Хусеин (Sheikh Hussein Border) - преминување на границата од Израел во Јордан. Следи посета на римскиот град Џераш (Jerash), основан од војниците на Александар Македонски во 4 - от век пред новата ера. Разгледување на Триумфалната капија на императорот Адријан, Форумот со овална форма, хиподромот, Карден, Агора, храмот на Артемида и  други антички храмови, Јужниот театар, и многу цркви од раниот Среден Век. Заминување кон Мадаба. Мадаба, библискиот град познат по најдобрите византиски мозаици во светот, вклучувајќи го и познатиот мозаик Картата на Мадаба од 6 - от век, мозаик од два милиони обоени камчиња на кој е прикажана мапа на „Светата Земја“, кој се наоѓа во црквата Св. Ѓорѓија. Денес, Мадаба има Институт за мозаична уметност и десетици работилници кои се занимаваат со овој занает.Следува посета на планината Небо, највисока во опсегот Моабит. Според Библијата тоа е местото каде Мојсеј се искачувал за да ја види со свои очи Ветената земја, а воедно и местото каде умира и е погребан. На врвот се наоѓаат остатоци од црква и манастир. Црквата датира од средината на IV век и е изградена во спомен на Мојсеј, на местото каде неговиот живот завршил. Во неа се зачувани прекрасни мозаици. Заминување кон Петра. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

4 ден (07.10.2018) | Петра - Шобак - Аман

Појадок во хотел. Организиран разглед на Петра, главниот град на Набатос и едно од Седумте светски чуда на Новиот свет, лоцирана во планинската долина Вади Муса (Долина на Мојсеј). Првите жители кои живееле овде пред околу 1000 години п.н.е се Едомците, кои според Светото писмо биле потомци на Исав. Овде, споменатото место “Села” (на еврејски “карпеста месност”) со сигурност се однесува на градот Петра. Овој град, некогашен главен премин за трговските правци, е опкружен со високи планини и во тесна клисура, во форма на зграда вдлабната во карпа која до денес останува непроменета. Време за разгледување на “Каснех ал - Фарун” (Скриеното Богатство), бројните карпести гробници, амфитеатарот, Триумфалната капија. Заминување кон Аман. Попатно кратка пауза за панорамски фотографии кон замокот на крстосниците Монтреал (лат. Mont regalis "Кралската рид", познат уште како Шобак) - изграден од витезите Темплари во 1116 година по наредба на Ерусалимскиот крал Болдвин I. Пристигнување во Аман - главниот град на Хашемитското Кралство Јордан. Вечерен разглед на Аман. Сместување. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

5 ден (08.10.2018) | Аман - Каср Ел Јахуд - Јерихо - Мртво море - Кумран - Витлеем

Појадок во хотел. Заминување кон Израел преку граничниот премин Аленби. Посета на Каср Ел Јахуд - местото каде Јован Крстител во водите на реката Јордан го крсти Исус Христос. Поминување низ Јерихо - најстариот град во светот и заминување кон Мртвото море, кое претставува најниската точка со околу 420 метри под нивото на морето. Слободно време за индивидуални активности на плажа. Заминување кон Витлеем. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

6 ден (09.10.2018) | Витлеем - Јерусалим - Витлеем

Појадок во хотел. По појадокот е предвидена посета на родното место на Исус Христос во Витлеем и најголемата знаменитост во овој град - базиликата "Рождество Христово". Во градот Витлеем е роден Давид - вториот цар на Израел, град кој во Библијата овој град доста често е споменуван како “Градот на Давид”. Според библиските пророштва, Месијата треба да биде потомок на Давид и да се роди во неговиот град. Заминување кон Ерусалим. Пешачки разглед на градот и можност да се види Гетсиманската градина - местото каде Исус Христос често ги одржувал своите молитви, како и ноќта пред неговото апсење. Овде во 5 - от век е изградена Базилика посветена на страданијата на Исус Христос. Во градината се наоѓаат маслинови дрва кои ја красат 2000 години. Продолжуваме кон Виа Долороса (“Патот на болката”), односно улицата во Ерусалим каде Исус Христос со крстот заминува кон Голгота, местото каде било Неговото распнување. Следува посета на “Божјиот гроб” -местото во кое Исус Христос е погребан и во кое Тој воскреснува. Програмата продолжува со посета на “Ѕидот на плачот”, единствениот останат дел од храмот на Соломон. Името потекнува од оплакувањето на Евреите за овој храм. Патот продолжува кон “Давидовиот град”, односно местото каде што се наоѓа гробот на цар Давид и собата каде била “Тајната вечера”. Вечера. Ноќевање.

7 ден (10.10.2018) | Тел Авив - Истанбул - Скопје

Полетување од Тел Авив за Истанбул во 00:55 часот. Слетување на аеродромот во Истанбул во 03:05 часот локално време. Полетување од Истанбул за Скопје во 07:50 часот и слетување на аеродромот во Скопје во 08:25 часот.

ЦЕНИ И АРАНЖМАН 
 

Датуми на патување и редовни цени:

 

  Хотели по програмата:

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет Скопје - Тел Авив - Скопје со вклучен багаж;
  • 1 ноќевањe со вечера и појадок во Аман, хотел 4 *;
  • 1 ноќевање со појадок и вечера во Петра, хотел 3 *;
  • 4 ноќевања со појадок и вечера во Витлеем, хотел 3 *;
  • Претставник од агенција;
  • Луксузен автобус со бесплатен WI - FI во Израел;
  • Сите трансфери за време на патувањето, според програмата;
  • Сите екскурзии во програмата;
  • Влезни билети за објекти во програмата;
  • Сертификат за аџилак;
  • Водич кој ја придружува групата за време на целиот престој;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси во висина од 161 €;
  • Гранични такси - цена по лице: 44 $ (USD);
  • Бакшиши - околу 45 $ по турист за цело патување (се плаќа на место, односно Израел и Јордан);
  • Сите оброци кои не се споменати во програмата;
  • Лични трошоци;

Распоред за полетување:

  1  TK 1004 L 04OCT 4 SKPIST HK1    |   0920 1155   73H E 0 M

  2  TK 786 L 04OCT 4 ISTTLV HK1       I  1330 1540   321 E 0 M

  3  TK 791 L 11OCT 4 TLVIST HK1       |   3  0055 0305   321 E 0 M

  4  TK 1003 L 11OCT 4 ISTSKP HK1    I   0750 0825

Услови за резервација:

  • Начин на плаќање: Депозит 50 % (неповратен во случај на откажување).
  • Копија од пасош со важност од 6 месеци од датумот на враќање.
  • Доплата на аранжманот  30 дена пред датумот на поаѓање.

Потребни документи:

Пасош; нема виза, санитарни и медицински барања.

Услови за откажување на аранжманот:

  • До 40 дена пред поаѓање - 70% од вкупната цена на аранжманот;
  • Од 39 до 15 дена пред поаѓање - 100% од вкупната цена на аранжманот;

Напомена:

При промена на  девизниот курс со повеќе од 5% во периодот до почетокот на туристичкото патување, агенцијата го задржува правото за прекалкулирање на цената на аранжманот, согласно промената на девизниот курс.

Минимален број на туристи за остварување на екскурзијата е 20 патника.

Рок за известување при недостигнување на миналниот број туристи: 7 дена пред датумот на поаѓање.

152

Leave a comment

You are commenting as guest.