mksqhrendeelrusr

ПОСЕТА НА БЕРАТ И КРУЈА (едно ноќевање во Драч)
5.0/5 rating 1 vote

ПОСЕТА НА БЕРАТ И КРУЈА

(едно ноќевање во Драч)

1 ДЕН(13.10.2018): ОХРИД – ЕЛБАСАН – БЕРАТ – ДРАЧ   

Поаѓање од Охрид од пред агенција Елида Турс во 07:00 часот. Патот води преку Струга и граничен премин Ќафасан. Во Елбасан кратка пауза за кафе.

Патот продолжува накај Берат - град кој е познат како „Градот на илјада прозорци“, поради големите прозорци кои ги красат куќите. Се смета дека Берат/Белград е еден од најстарите градови во Албанија, формиран уште во 6 век п.н.е. како илирска населба. Сегашното име на градот за првпат било споменато во 1018 година. По пристигнувањето следи запознавањето со овој средновековен бисер од старобалканската архитектура. Можност за посета на тврдината во чиј комплекс се неколку православни цркви кои се познати по прекрасните средновековни фрески на познатиот Онуфри. Слободно време за индивидуални активности и пауза за ручек.

Во попладневните часови патот продолжува за Драч - најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Драч всушност е најстариот град во Албанија чии зачетоци се уште во антиката. Сместување во хотел. Уживање во медитеранската клима на градот, прошетка и разглед на центарот и време за слободни активности. Можност за организирана факултативна вечера со локални специјалитети. Ноќевање.

2 ДЕН(14.10.2018) ДРАЧ – КРУЈА – ТИРАНА – ОХРИД

Појадок. Потоа поаѓање за Круја – град во централна Албанија, кој претставува главен средновековен центар на државата. Воедно, овој град се смета за еден од најпознатите и најпосетени туристички дестинации и знаменитости на Албанија. Калдрмите на ова место, водат до стариот базар на Круја, каде може да се најдат многу автентични традиционални сувенири. Наследството на отоманската култура во Албанија, и до ден денес успеа да го зачува духот, изгледот и целта што ја имал пред неколку стотини години.

Слободно време за индивидуални активности. Потоа се заминува за Тирана каде што ќе се посети трговскиот центар Тег. Поле посетата патот продолжува за Охрид и каде што завршува патувањето. Пристигнување во Охрид во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 2390 мкд.

Вклучено во цената:

  • Автобуски превоз на наведена релација,
  • 1 ноќевање со појадок во хотел во Драч во хотел со 3*,
  • Разглед на Берат, Драч и Круја,
  • Посета на трговски центар ТЕГ во Тирана,
  • Патничко осигурување,
  • Организација, водство и реализација на аранжманот.

Не е вклучено во цената:

  • Индивидуални трошоци,
  • Факултативна вечера.

 

196

Leave a comment

You are commenting as guest.