mksqhrendeelrusr

Венеција - Верона
5.0/5 rating 1 vote

Венеција... град чудо, град од соништата кој плени со своите разнобојни палати, канали, тесни улички, безброј мовчиња, мали плоштади... Волшебниот Венецијански карневал и гондолата се симболи на Венеција.

Верона... асоцијација на љубовта позната по Шекспировата Ромео и Јулија.

10.10.2018
Трансфер од Битола до Прилеп. Поаѓање во 15.оо часот од Прилеп со туристички автобус. Патот води преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

11.10.2018
Пристигнување во Трст во утринските часови. Слободно време за прошетка низ центарот на градот. Се продолжува за Лидо Ди Јесоло, со попатна посета на трговскиот центар Палманова. Сместување во хотел и слободно попладне во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

12.10.2018
Појадок. Целодневен излет со брод од Punto Sabione до Венеција и панорамско разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, мостот на воздишките, мостот Риалто, каналот Гранде. Слободно попладне за прошетка со можност за возење со Гондола - симболот на Венеција. Враќање со брод во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.
13.10.2018
Појадок. Факултативен излет до Верона - градот на Ромео и Јулија. Панорамско разгледување на градот: големата арена, куќата на Јулија, плоштадите Бра, Ербе и Дел Сињори, замокот Векио итн. Поаѓање за Македонија преку Словенија, Хрватска и Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
14.10.2018
Пристигнување во Прилеп во утринските часови. Трансфер до Битола.

Цена: 7600.оо денари

Во цената се пресметани следните услуги:
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Лидо Ди Јесоло
- разгледување на Венеција со локален водич
- лиценциран придружник на екскурзијата

Во цената не се пресметани следните услуги:
- задолжително патничко здравствeно осигурување
- превоз со брод до Венеција од Punta Sabione - 15 еур
- целодневен излет до Верона - 10 еур
- влезници за културно историските споменици

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување

Напомена: Рок на пријавување до 05.10.2018 година.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А.Елида Турс

317

Leave a comment

You are commenting as guest.