mksqhrendeelrusr

Октоберфест Минхен
3.8/5 rating (4 votes)

ОКТОБЕРФЕСТ 2018


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 279 евра


*За резервација до 15 август 249 евра


Минхен е главен град на германската покраина Баварија и е еден од најубавите градови во Германија, кој лежи на реката Изар, северно од Баварските Алпи.
„Светски град со срце“ е симбол на оваа метропола, во која има многубројни историски градби и модерна архитектура кои зборуваат за вековните Баварски владетели од династијата Вителсбах, многубројни ремек дела од модерната технологија и архитектура, како што е и познатата Алианс – Арена.

Октоберфест е настан кој секоја година привлекува милиони посетители кои ги посетуваат халите на познатите минхенски пивари и разните атракции во забавниот парк. Октоберфест за прв пат се одржува на 12-ти октомври 1810 год. во чест на одбележувањето на бракот на трононаследникот Лудвиг и принцезата Тереза
фон Сахсен-Хилдбургхаусен. Фестивалот бил затворан со коњски трки и во следните неколку години трките продолжиле и со текот на годините се стигнува до она што денес се нарекува Октоберфест.

28.09.2018 година (петок) 1 ден: Скопје – Минхен

Состанок со групата во 14.00 часот на паркингот на хотел Вип, спроти Скопски саем, тргнување за Минхен во 14.30 часот. Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска, Словенија и Австрија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Организиран трансфер од: Струмица – Штип, Кавадарци - Велес и Битола – Прилеп.


29.09.2018 година (сабота) 2 ден: Езеро Кимсе (Розенхајм) - Регенсбург

Пристигнување во претпладневните часови. Посета на најголемото баварско езеро, Кимсе (Chiemsee). Возење со брод до остров Херенкимзе, како и посета на Новата кралска палата, домот на кралот Луј XIV од Франција, посета на музејот Лудвиг II, во кој е раскажан неговиот живот низ насликани портрети и историски фотографии како и посета на манастирот Авгунистијан во кој е претставена баварската историја. Сместување во Регенсбург во хотел во попладневните часови. Ноќевање.

30.09.2018 година (недела) 3 ден. Минхен – Октоберфест

Појадок. Напуштање на хотел и заминување за Минхен. Факултативна посета на Музејот на BMW и фудбалската арена Алианс. Посета на Пиво фест „Traditional concert of the Oktoberfest brass“. Слободно време за забава и рекреација. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

01.10.2018 (понеделник) 4 ден. Регенсбург

Појадок. Разглед и прошетка во градот Регенсбург. Слободни часови за одмор. Шопинг во Arcaden Mall во попладневните часови. Враќање во хотел. Ноќевање.

02.10.2018 (вторник) 5 ден. Минхен - Октоберфест

Појадок. Напуштање на хотел и заминување за Минхен. Прошетка на плоштадот „Marienplatz“. Посета на Пиво фест - Family day: all rides and performances cost less. Слободно време за забава и рекреација. Тргнување за Македонија во попладневните часови.

03.10.2018 (среда) 6 ден. Минхен - Скопје

Пристигање во Скопје во попладневните часови.

Цената на аранжманот вклучува:
 Превоз со високо туристички автобус (не постар од 5 години)
 3 ноќевања со појадок во хотел*** во Регенсбург
 Разглед на Минхен, Регенсбург и посета на Пиво Фест
 Организација на аранжманот и придружник за време на целото патување

Цената на аранжманот не вклучува:
 Излет во Херекимзе – задолжителна доплата од 35 евра (влезници за
Herrenchiemsee New Palace, музејот Лудвиг II и манастирот Авгунистијан
и карта за брод Приен – Херекимзе - Приен)
 Факултативна посета на Музејот на BMW (20 евра)
 Факултативна посета на Фудбалска арена Алианс (20 евра)
 Задолжително патничко – здравствено осигурување (150 денари)
*За факултативните посети треба да се изјасните во агенцијата при уплата на
аранжманот. За реализација на истите, потребно е да има минимум пријавени
20 луѓе.


НАЧИНИ И УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:
 Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот
 Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
 Цените на аранжманот се дадени во евра, се плаќа исклучиво во денарска
противвредност по курс 1 евро = 62 мкд


ОПШТИ НАПОМЕНИ:
 Организатор на аранжманот е Т.А. ЕЛИДА ТУРС
 За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници
 За ова патување важноста на пасошот мора да биде минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.10.2018 година
 Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
 Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
 Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
 Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата
 Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на Т.А. ЕЛИДА ТУРС

168

Leave a comment

You are commenting as guest.