mksqhrendeelrusr

Азурен Брег
3.7/5 rating (7 votes)

МИЛАНО - НИЦА - МОНАКО - МОНТЕ КАРЛО - КАН - СЕНТ ТРОПЕЗ

 

1 ДЕН  10.10.2018  СКОПЈЕ - МИЛАНО:

Поаѓање во 12:00 часот од паркингот спроти спортска сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

 

2 ДЕН  11.10.2018  FRANCIACORTA OUTLET - МИЛАНО:

Пристигнување во Франчакорта аутлет во утринските часови. Слободно време за шопинг.  Патувањето продолжува накај Милано.  По пристигнувањето сместување во хотел.  По кусиот одмор препорачуваме  организиран разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... . Слободно време  за индивидуални прошетки . Ноќевање.

 

3 ДЕН 12.10.2018  МИЛАНО – НИЦА :

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата...  Ноќевање.

 

04 ДЕН 13.10.2018  НИЦА – СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН:

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne... Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Ница со попатна посета и прошетка низ  Антиб. Ноќевање.

 

05 ДЕН  14.10.2018 НИЦА –– ЕЗ – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО - СКОПЈЕ:

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници.Слободно време за посета на казината. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

 

06 ДЕН 15.10.2018  СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 01 СЕПТЕМВРИ: 199/12.340 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 /12.960 ден

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • сместување во Ница во хотел  3* на база 2 ноќевања со појадок,
  • разглед на Ница,
  • организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

 * Задолжително патничко осигурување

              * Разглед на Милано со локален водич (10€)

              * Посета на Ез,  Монако и Монте Карло (25€)

              * Посета на Кан и Сент Тропез (30€)

             *Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција)

              * Туристичка такса во Ница (90 ден по лице на ден, се плаќа во агенција)

              * Влезници за културно историски споменици, музеи.

              * Билети за јавен превоз

              * Доплата за еднокреветна соба 5.000 ден

              

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ЕЛИДА ТУРС

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

289

Leave a comment

You are commenting as guest.