mksqhrendeelrusr

Рим - Неапол - Фиренца сигурна реализација
5.0/5 rating (2 votes)

РИМ-НЕАПОЛ-ФИРЕНЦА-11.ОКТОМВРИ

 

1 ДЕН (10.10.2018-среда) : БИТОЛА - ОХРИД Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 14.00 часот. Поаѓање за Драч во 14.30 часот. Патот води преку Струга, Елбасан...денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч - сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 23.00 часот.

2 ДЕН (11.10.’18 – четврток) : БАРИ – НЕАПОЛ - РИМ Пристигнување во Бари во утринските часови. Кратка посета на базиликата Св.Никола, со поклонение на неговите мошти...продолжување на патот за Неапол. Пристигнување во Неапол во пладневните часови... панорамски разглед на градот, со обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Кастело Нуово, Театарот Сан Карло, палатата Реале, црквата Сан Франческо, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија – Да Матео...состанок на групата на претходно договореното место во 17.30 часот. Поаѓање за Рим. Пристигнување во Рим во вечерните часови, сместување во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН (12.10.2018-петок) : РИМ Појадок. По појадокот - разглед на градот со стручен водич...базиликaта „Сан Џовани Латерано“, базиликата Сан Клементе (посета на гробот на Св.Кирил), Колосеумот, Рисмскиот Форум (стариот град), Кампидолио, како и плоштадите Пјаца Венеција, Фонтана Ди Треви и Шпанските скали. Слободно време за шопинг, или индивидуален разглед на градот. Состанок на групата во касните попладневни часови. Враќање во хотел...Ноќевање.

4 ДЕН (13.10.2018-сабота) : РИМ Појадок. По појадокот – факултативна посета на Ватикан : Ватиканските музеи и Систинската капела – ремек делото на Микеланџело, базиликата „Св.Петар“, Адриановата палата, Пантеонот (Храмот на сите богови), Пјаца Навона. Слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Состанок на групата во 18.00 часот. Враќање во хотелот. Ноќевање.

5 ДЕН (14.10.2018-недела) : РИМ - ФИРЕНЦА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Фиренца – лулката на ренесансата, еден од најбајковитите градови во Италија и воопшто во светот...разглед на градот со стручен водич...плоштадот Сињори, Крстилницата Сан Џовани, статуата на Давид, Мостот Векио, Палатата Дуомо...планирано поаѓање за Македонија околу 15.00 часот, со попатна посета на трговски центар. Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори...патот води преку Словенија, Хрватска и Србија.

5 ДЕН (15.10.2018-понеделник) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :           11.690,00 ден.

                                                         10.990,00 ден. (ЗА УПЛАТА до 15.09.2018)!

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 20 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, посета на Неапол, 3 НП во Рим во хотел со 3*, разглед на Рим со стручен водич, бродски превоз (дек-седишта) на релација  Драч – Бари (доплата за кабина – 15 € по лице во превец, уплата со самата резервација во агенцијата), разглед на Фиренца со стручен водич, организација, водство и реализација на аранжманот. ORGANIZIRANI TRANSFERI - BEZ NADOKNADA OD SLEDNITE MESTA : SKOPJE - VELES - STIP - KAVADARCI (SIRKOVO) - PRILEP - KICEVO - RESEN - OHRID - STRUGA !!! 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување – БЕЗ ФРАНШИЗА - 200,00 ден. по лице, билети за јавен превоз (доколку е потребно – 1,5 € за еден правец). ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА : Ватиканските музеи заедно со Сикстинската Капела – 35 € по лице за (влезница + водич + слушалки) (препорака).

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 Со оваа програма важат Општите услови на ТА Елида Турс и СКТМ

373

Leave a comment

You are commenting as guest.