mksqhrendeelrusr

11 ти Октомври во Сандански
3.8/5 rating (5 votes)

11-ти Октомври   САНДАНСКИ

11-14.10.2018

     

11.10.2018  Битола-Прилеп-Кавадарци-Струмица-Сандански-Банско
Поаѓање во 05.00 часот од Битола (поаѓање од Скопје во 05: 30 часот) за Сандански/Банско преку Струмица и Петрич, со попатна посета на храмот Света Петка и гробот на најголемата пророчица – Баба Ванѓа каде е и погребана. Продолжување за Сандански/Банско. Пристигнување во Сандански сместување во избраниот хотел. (кус престој за гостите кои продолжуваат за Банско) Заминување за Банско, по пристигнувањето сместување во хотел Св. Иван Рилски.

Слободно време, можност за користење на СПА центарот. Вечера (за гостите во Банско) Ноќевање

 

12.10.2018  Сандански / Банско
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, можност за користење на СПА центарот или индивидуална прошетка во градот. Вечера (за гостите во Банско) Ноќевање.

 

13.10.2018 Сандански / Банско
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, можност за користење на СПА центарот или индивидуална прошетка во градот. Вечера (за гостите во Банско) Ноќевање.

 

14.10.2018  Банско-Сандански-Струмица-Кавадарци-Прилеп-Битола
Појадок. Слободно време до заминувањето за Македонија.
Попатни одмори, царински формалности, пристигнување во вечерните часови.

 

Цените се во €, се плаќа во денари, 1 € = 62 денари

  • Доплати за сместување деца на дополнително легло со 2 возрасни лица во DBL соба:

 


              
Цените се за 1 лице за 3 полупансиони - БЕЗ ПРЕВОЗ

                                            

Цените се во €, се плаќа во денари, 1 € = 62 денари

Во цената Е вклучено

  • 3 ноќевања со појадок во избран хотел во Сандански
  • 3 полупансиони во Св. Иван Рилски во Банско
  • Користење на СПА центарот
  • Попатна посета на: храмот на Баба Ванѓа
  • Придружник и организација на патувањето.
  • Организација и реализација на патувањето

 
Во цената НЕ Е вклучено:

  • Автобуски превоз према програмата
  • цена 25 € возрасен
  • цена 15 € дете 02-12 год.
  • Доплата 10 € плус од редовната цена за трансфер од Скопје, Велес и Сирково
  • Доплата 5 € плус од редовната цена за трансфер од Охрид , Прилеп, Кичево, Струга
  • Патничко здравствено осигурување (задолжително)
  • Организирана вечера со музика 12.10.18 во ресторан Плумари (хотел Св. Никола) 12€
  • пијалоци за време на оброците
  • личен трошок на патниците
  • неспоманти услуги

Време на поаѓање:

  • Од Скопје 05:30h (попатно Велес, Сирково)
  • Од Битола 05:00h (попатно Прилеп , Охрид , Струга, Кичево )

(Поаѓања од Скопје, Велес, Сирково, Прилеп, Битола, Охрид , Струга, Кичево)

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

  • Аванс 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
    • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
    • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата).
    •  Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл.  агенцијата не сноси одговорност.
    •  Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
    •  Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
    •  Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
    •  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
    •  Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
    •  Аранжманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
    •  Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
    •  За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
    •  Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на ТА Елида Турс

 

Општи карактеристики за градот Сандански

Градот Сандански се наоѓа во југозападна Бугарија, на околу 40км оддалеченост од македонската граница. Областа на Сандански се наоѓа во средишниот дел на течението на реката Струма, во таканаречената Санданска Котлина, во подножјето на планината Пирин. Градот е оддалечен од главниот град на Бугарија, Софија, 180 км јужно. Надморската височина на Сандански е 296м.

Климата во овој град е континентална со влијание на средоземна клима, сето тоа заради близината на Егејското море. Овој регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори кои што имаат ниска минерализација и се користат за третмани за најразлични болести. Нивната температура е во опсег од 33-83 степени целзиусови.


Општи карактеристики за Интерхотел Сандански

Интерхотел Сандански е еден од најголемите медицински центри за балнеологија и рехабилитација во целиот Балкан. Хотелот е сместен во центарот на Сандански, на самата главна улица и се наоѓа во непосредна близина на Археолошкиот парк.

Хотелот располага со 3 базени, 2 со минерална и еден со термална вода (2 надворешни, 1 внатрешен). Температурата на водата на минералните базени е 33c целзиусови, а додека на термалниот надворешен базен е 38c целзиусови.

Интерхотелот Снадански има и СПА центар кој што има различни содржини на располагање: бањи со арома и минерални соли, сауна, парна бања, фитнес центар и релакс соби за козметички третмани и масажи.

 

Општи  карактеристики за Хотел Медите
 Хотел Медите е сместен во мирниот дел на Сандански и нуди уникатен панорамски поглед кон градот. Составен е од главна зграда со 4*, помошна зграда Апарт Медите со 3* и посебен комплекс на луксузни вили со 5*. Сите гости имаат пристап до базените и спа центарот, како и ресторанот за појадок, ручек и вечера кој се наоѓа во главната зграда на хотелот. 

Бесплатен шатл автобус е на распологање на гостите за транспорт до центарот на градот и назад (според распоред на рецепција). 


Општи карактеристики за Хотел Св. Никола
Хотелот Св. Никола се наоѓа во центарот на градот на главната пешачка улица. Располага со внатрешен базен со минерална вода и џакузи спа центар, класичен ресторан, средоземноморски респоран, снек бар и пиано бар.  Спа центарот располага со зона за релаксација, сауна, римска бања, парна бања, солариум, фитнес центар, секаков вид на масажи, терапии и процедури.

 

329

Leave a comment

You are commenting as guest.