24-мај во Пирин Голф Спа 5* (поаѓање од Охрид) ПРЕПОРАКА !!!

4 Дена/3 Ноќевања
24/05- 27/05


 

24мај (четврток) ОХРИД/БИТОЛА-БАНСКО

Состанок на групата во 04.00 часот пред агенција . Патот води  преку Битола,Прилеп кон Банско со попатни застанувања поради одмор и царински формалности. Попатна посета на комплексот ,, Рупите,, кој се наоѓа во југозападна Бугарија на 8 км од Петрич , каде Баба Ванѓа ги поминала последните години од животот. Тука се наоѓа и незјзиното вечно почивалиште и црквата Св.Петка.Посета и разглед на најмалиот и најживописниот град во Бугарија – Мелник, познат по виното и автентичен по архитектурата и мелнишките пирамиди, како и по Кордопуловата куќа најголемата автентично зачувана куќа на Балканот од 19 век.Посета на Роженскиот манастир 13 век посветен на раѓањето на Пресвета Богородица и гробот на Јане Сандански. Продолжуваме кон хотел Пирин Голф Спа 5 *. Сместување. Можност за релаксација во најголемиот Спа центар во Банско и пошироко, бесплатно користење на внатрешен базен, користење на надворешните базени, сауни, парни бањи, фитнес, лакониум, соба за релакс ... расположен на 5500 квадратни метри.

Вечера. Ноќевање.

25 мај (петок) БАНСКО

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности и прошетка низ улиците на атрактивното скијачко место Банско – со специфична традицонална архитектура и многу меани и дуќани за сувенири. Слободно време за одмор и прошетка низ комплексот, користење на СПА центарот, индивидуални активности.Вечера.Ноќевање.

26  мај ( сабота ) БАНСКО

Појадок. Уживање во комплексот. Слободно време. Можност за посета на Разлог. Вечера.Ноќевање.

27мај (недела) БАНСКО-БЛАГОЕВГРАД-ПРИЛЕП,БИТОЛА/ОХРИД

Појадок , a пoтoa сe заминува во посета на старата црква половина под земја од 1614 год. ,, Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат,, во Добрско 20км од Банско. Потоа заминуваме на  шопинг во МЕТРО во Благоевград. Слободно време за шопинг. Во попладневните часови поаѓање кон Mакедонија. Во Охрид сe пристигнува вo вечерните часови.



ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ............ 7.800 денари



ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • превоз  на наведената релација;
  • сместување во хотел  "Пирин Голф Спа"  5***** www.piringolfhotel.com на база 3 ноќевања со појадок и вечера- шведска маса, користење на внатрешен, надворешни базени со топла вода, фитнес, џaкузи, сауни, парни бањи, лакониум, соба за релаксирање......
  • разглед на Банско, Мелник,Добрско, месноста Рупите и посета на Метро во Благоевград;
  • организација на аранжманот и придружник на патувањето;

ВО ЦЕНАТА НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • групно патничко осигурување = 150 ден.


*Калкулацијата е правена на база 40 патници.

 

Страницата е посетена:

877

Печати

Share this product