ЈАШИ - КИШИЊЕВ - МОСКВА - КИЕВ

ЈАШИ - КИШИЊЕВ - МОСКВА - КИЕВ

18.05.18
Трансфер од Битола до Прилеп. Поаѓање во 12 ч со автобус преку Софија. Ноќно возење со попатни одмори
19.05.18
Пристигнување во Јаши (поранешна престолнина на Молдавија од 16 -19 в, а на Романија бил главен град од 1916/1918 г за време на 1 - та светска војна) во утринските часови, каде се посетува Соборниот храм каде во 18 в од Цариград пренесени се моштите на св. Петка, црквата св. Три Јерарха од 18 - ти век - каде првобитно биле положени моштите на св. Петка, најстара црква во Јаши - св. Никола, Палатата на Културата, Народниот театар. Продолжување за Кишињев - главен град на Молдавија основан 1436 г како град - манастир. Сместување во хотел, слободно попладне во центарот на градот. Ноќевање.

20.05.18
Појадок. Разгледување на знаменитостите на Кишињев: Парламентот, зградата на Владата, триумфалната порта (изградена по победата на Русија над Турција), споменикот на Стефан Велики.Околу пладне поаѓање за Москва преку Киев денско и ноќно возење со паузи.

21.05.18
Пристигнување во Москва, сместување во хотел. Со водич разглед на Московското Метро - атракција од 1935 г,,Малиот Кремаљ во Исмаилово, Музејот на водката... Ноќевање.
22.05.18
Појадок. Разглед на Москва со локален водич, при што ке се видат: Московски Кремаљ резиденција на Рускиот претседател Путин; Црвениот плоштад со прекрасни градби меѓу кои: црквата Василија Блажени со 8 помали цркви од 1555 г, најголемата православна црква св. Христос Спасител од 1883 г, Големиот театар - “Болшој театар”, Бородинскиот мост на реката Москва, шопинг центарот ГУМ... Слободно попладне. Ноќевање.
23.05.18
Појадок. Ден за индивидуални посети на знаменитостите и музеите на Москва: Паркот Коломенское со дворецот на руските цареви, каде е роден Иван IV Грозни, Музејот на Пушкин, Рускиот национален музеј на уметноста “Галерија на Третјаков” – изградена од руски трговец, денес има преку 130000 дела... Вечерта поаѓање за Киев, ноќно возење со паузи.
24.05.18
Пристигнување во Киев во попладневните часови. Сместување во хотел. Попладнето факултативно посета на црквениот комплекс Печерска Лавра со локален водич. Ноќевање
25.05.18
Појадок. Разгледување на Киев со локален водич, при што ќе се посетат: срцето на градот - улицата Хрешчатик која води до Плоштадот на независноста, споменикот на Богдан Хмелнички, споменикот на Володомир Великикој во 988 г. го примил христијанството, катедра- лата св. Софија од 11 - ти век, Националната опера... Слободно време за шопинг. Попладнето поаѓање за Македонија преку Молдавија, Романија, Бугарија, ноќно возење со попатни одмори.
26.05.18
Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА: 19900 денари

Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација
- сместување во хотели со 3*: Кишињев на база 1 Н/П, Москва 2 Н/П, Киев 1 Н/П
- разгледување на Киев и Москва со водич
- виза за Русија, посети на Јаши и Кишињев
- лиценциран придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
- задолжително годишно здравствено патничко осигурување 
- Кремаљ: превоз + влезница со водич - 40 € (резервација и уплата во агенција),
- Третјаковка галерија - 20 €, разглед на Московското метро со водич -10 €, - Паркот со дворецот Коломенское - 30€, црквениот комплекс Печерска Лавра (превоз + водич) - 5 €

Напомена: Рок на пријавување до 01.04.18 година, бројот е ограничен.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За аранжманот важат општите услови за патување на Т. А. Елида Tурс и СКТМ.

Страницата е посетена:

149

Печати

Share this product