mksqhrendeelrusr

Перуџа - фестивал на чоколадото
5.0/5 rating (2 votes)

ЧОКОЛАДНА АВАНТУРА

ПЕРУЏА - ФЕСТИВАЛ НА ЧОКОЛАДОТО

18.10.2017 - 23.10.2017 (5 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА)

ВИЧЕНЦА - ВЕРОНА - КЈАНЧАНО ТЕРМЕ - ПЕРУЏА - БОЛОЊА

 

Еден милион туристи секој Oктомври доаѓааат во Перуџа, покраината на Умбрија, со цел да уживаат во еден од најпознатите фестивали на чоколадо во Европа. Обожаватели од сите возрасти и од сите континенти ќе ги поврзе една нишка: љубов кон чоколадото. Ќе уживате во разни видови на чоколада со необичен вкус, ќе дегустирате топло чоколадо и чоколадни сложувалки.

ПРОГРАМА 

1 ден (18.10.2018 - Четврток) | Скопје - Виченца  

Состанок на групата во Скопје. Поаѓање за Виченца. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

2 ден (19.10.2018 - Петок) | Палманова - Виченца

Пристигнување во Палманова во претпладневните часови и слободно време од 4 саати за шопинг во еден од најголемите outlet - и во Италија - Палманова. По шопингот се упатуваме кон Виченца и  се сместуваме во хотел, време за одмор и прошетка низ градот кој се наоѓа во Северна Италија и e 4 - ти град по големина во Покраината Венето. Градот на Андреа Паладио - италијански ренесансен архитект од Падова кој својот труд го претставува во Венеција и во околните градови.
Во Виченца на плоштадот Пјаца дел Сињори се наоѓа базиликата Паладиана, голема средновековна гратска сала. Театро Олимпико е веројатно најстариот покриен театар во т.н. модерна епоха и еден од трите ренесансни театри. Палатата Кјерикати, Вила Валмарана, Плоштадот Кастело. Слободно време за индивидуални прошетки и враќање назад до хотел во договорено време со групата. Ноќевање.

3 ден (20.10.2018 - Сабота) | Виченца - Верона -  Кјанчано Терме

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот. Заминување во посета на Верона. Разглед на Верона - градот на Ромео и Јулија. Панорамски (со автобуси) и пешачки разглед на градот - Собранието во Верона и Арената (римски амфитеатар изграден првично во први век со капацитет од 30.000 гледачи), кои се наоѓаат на плоштадот Бра, се упатуваме по главната шопинг улица Џузепе Мацини, каде се наоѓаат најголемите брендови од модната индустрија, се до плоштадите Ербе и Данте. Следува посета на куќата на Јулија, каде се наоѓаат  споменикот и терасата на Јулија. Слободно време за индивидуални активности. Попладне заминување кон Кјанчано Терме. Сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден (21.10.2018 - Недела) | Кјанчано Терме - Перуџа - Кјанчано Терме        

Појадок во хотел. Слободно време или факултативен излет за Перуџа, главен град на покраината Умбрија и посета на најголемиот европски фестивал на чоколадото Eurochocolate. По пристигнувањето во Перуџа се оди прошетка по главната улица во стариот дел на градот Corso Vanucci и до плоштадот Piazza IV Novembre, каде се наоѓа познатата фонтана Маџоре (Maggiore) и катедралата, посета на Националната галерија на Умбрија (Galleria Nazionale dell'Umbria). Слободно време за уживање и дегустација на големата понуда на различни видови на чоколадо од целиот свет, со необичен вкус, дегустација на топло чоколадо и чоколадни сложувалки. Посета на култната продавница Perugina каде што може да купат прочуените чоколади"Bacci" - чоколадни бакнежи. Слободно време. Враќање во Кјанчано Терме. Ноќевање.

5 ден (22.10.2018 - Понеделник) | Кјанчано Терме - Болоња - Скопје    

Појадок во хотел. Поаѓање кон Болоња. Разглед на главниот град на Емилија Ромања и седиштето од најстариот универзитет во светот: прошетка со придружник до плоштадот Piazza Maggiore со базиликата Св. Петронија (Basillica di San Petronio) и градското собрание, старата зграда на универзитетот, плоштадот Нептуно (Neptune) со познатата фонтана и познатите кули - близначки Due Torri. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Возење со кратки попатни паузи за одмор низ Словенија, Хрватска и Србија кон Скопје, Македонија, со пасошки и царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ ДО 01.08.2018: 175 € (10.850 ДЕНАРИ)

 РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 195 € (12,090 ДЕНАРИ)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведените дестинации;
  • Сместување во хотел во Виченца во двокреветни соби на база на 1 ноќевање со појадок;
  • Сместување во хотел во Кјанчано Терме (Chianciano Terme) во двокреветни соби на база на 2 ноќевања со појадок;
  • Разгледи и излети според програмата;
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето;
  • Организација и реализација на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативниот излет за Перуџа на фестивалот на чоколадо и разглед со локален водич - 25 € по лице;
  • Разглед на Болоња со локален водич - 10 € по лице;
  • Јавен превоз од / до автобускиот паркинг во Перуџа: мини метро 1.50 € во правец и по лице;
  • Влезници за музеи и културно - историски споменици;
  • Дополнителните содржини и трошоци кои не се предвидени спрема програмата, личните трошоци (пијалоци, дополнителни оброци, телефонски трошоци, карти за јавен превоз и др.);
  • Такса за престој која се плаќа на рецепција во хотелот 1.50 € по лице / на ден;
  • Патничко осигурување;

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 24.02.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Задолжително пријавување на факултативи до 01.10.2018 и минимум од 30 лица за реализација на истите.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и ТА ЕЛИДА ТУРС

328

Leave a comment

You are commenting as guest.