mksqhrendeelrusr

Рим - авион
4.2/5 rating (5 votes)

Сите патишта водат кон РИМ

Авион / 4 дена / 3 ноќевања                     Термини:     19-22.10.2018

 

1 ден                    СКОПЈЕ - РИМ                                         

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 11:00 часот. Лет за Рим  во 12:35 часот. Слетување во Рим во 14.20 часот. Трасфер до центарот на Рим и панорамско разгледување на градот: Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар...Трансфер до хотелот и сместување. Вечерта слободна програма, можност да се почувствува атмосферата во италијанските кафулињата или ресторани. Ноќевање.

2 ден                    РИМ – ТИВОЛИ - ВАТИКАН

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте - ренесансната палата од 16 век со своите илјада фонтани Во попладневните часови препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар..... Слободно време. Ноќевање.  

3 ден                    РИМ

Појадок. Слободно време. Препорачуваме – факултативно прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Црквата Св. Климент... Вечерта, прошетка по боемскиот кварт Транстевере и вечера во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

4 дена                  РИМ – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 14.55 часот. Пристигнување во Скопје во 16.30 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   309 евра (19.160 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз: Скопје – Рим - Скопје со Визер
  • Кабинска тоба со димензии 55х40х23 до 10кг
  • Трансфер аеродром – хотел - аеродром
  • Сместување во хотел на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран панорамски разглед на градот
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.700 денари (се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса 750 денари (се плаќа во агенција)
  • Багаж – чекиран куфер до 20кг или 32кг. -  Цена во моментот на уплата во агенција
  • Посета на Ватикан со локален водич и влезница – задолжително пријавување во агенција 55 евра
  • Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра
  • Посета на Тиволи со локален водич и влезница – задолжително пријавување во агенција 50 евра
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Еднокреветна соба – долапата 6.900 денари.

 

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и ЕЛИДА ТУРС.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:

  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпродажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

  • Т.А. ЕЛИДА ТУРС го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

136

Leave a comment

You are commenting as guest.