mksqhrendeelrusr

Истанбул 3 ноќи поаѓање од Охрид
4.2/5 rating (5 votes)

1 ден (петок – 19.10.2018): БИТОЛА 

Трансфер од Охрид до Битола. Состанок на групата во Битола на паркингот пред спортската сала во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Воден, Солун, Кавала, Александрополис, г.п. Ипсала, Текирдаг... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи.

 

2 ден (сабота – 20.10.2018): ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од времето на пристигнување, можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија. Околу пладне – сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Во попладневните часови, факултативна посета со локален водич, со метро на азискиот дел на Истанбул – брегот на Ускудар со романтично зајдисонце кое ја отсликува силуетата на Истанбул, посета на легендарната Девојачка Кула со брод и плоштадот Таксим со малите улички од калдрма. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (недела – 21.10.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот, факултативен повеќечасовен пешачки разглед на значајните места низ Истанбул: Галата Кула и влез во истата, која нуди неповторлива панорама на Истанбул. Разгледот продожува со посета на Чаршијата на зачини и пауза за ручек покрај море на Галата Мост. Потoа следувa посета на плоштадот Султанахмет, Аја Софија (Света Софија), Топ Капи – Палатата на султаните, Сината Џамија. После пладне враќање во хотел, слбодно време за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

4 ден (понеделник – 22.10.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот. Продолжување на факултативниот излет со посета на едно од најромантичните места во Истанбул: Pierre Loti видиковецот, со жичара. Пауза за кафе со Златен Рог на дланка. После пладне враќање во хотел. Слободно време за одмор и индвидуални прошетки. Ноќевање.

 

5 ден (вторник – 23.10.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот. Факултативна посета со локален водич на Вселенската Патријаршија и атрактивниот парк Миниатурк на 120 макети, каде имате можност да ги видите сите значајни историски објекти во Турција во мало. После факултативниот излет, посета на трговски центар Оливиум. Поаѓање за Битола околу пладне.  Трансфер до Охрид.

 

6 ден (среда – 24.10.2018): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во утринските часови.

 

Цена на аранжманот: 5.790,00 денари

-            Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот  

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Аксарај
  • Панорамски разглед на градот со локален водич
  • Посета на трговски центар Оливиум
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Такисм и Ускудар (стручен водич, карти за метро, посета на Девојачката Кула со брод) – 15€ по лице
  • Пешачки разглед  со водич на знаменитостите на Истанбул (Султанахмет, Аја Софија, Топ Капи, Сината Џамија, Чаршијата на зачини, Галата Мост и Галата Кула со влезница) – 20€ по лице
  • Крстарењето со брод по Босфор со локален водич и  посета на Pierre Loti со жичара – 20€ по лице
  • Вселенската Патријаршија и Миниатурк со локален водич – 15€ по лице
  • Патничко осигурување

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Елида Турс и СКТМ.

193

Leave a comment

You are commenting as guest.