mksqhrendeelrusr

Милано со превоз од Охрид
5.0/5 rating 1 vote

1 ден (петок – 19.10.2018): БИТОЛА

Трансфер од Охрид до Битола. Состанок на групата во Битола на паркингот кај спортската сала во 14:30 часот. Поаѓање за Хрватска во 15:00 часот. Денско и ноќно патување со кратки попатни одмори.

 

2 ден (сабота – 20.10.2018): ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пред пладне пристигнување во Плитвице. Факултативна посета на Националниот Парк Плитвички Езера, комбинација од пешако разгледување, превоз со електро брод и панорамски воз. Во попладневните часови патувањето продолжува низ Хрватска, Словенија и Италија, кон Лидо ди Јесоло. Во вечерните часови пристигнување во Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно време за прошетки низ најпознатото летувалиште на Јадранска Обала. Ноќевање.

 

3 ден (недела – 21.10.2018): ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА – МИЛАНО

Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање за Верона. Пристингување во Верона околу пладне. Организирана пршетка низ Верона со посета на: Големата арена, Плоштадите Бра, Ербе, Дел Сињори, замокот Векио, куќата на Јулија, Катедралата, амфитеатарот... Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел во околината на Милано. Во вечерните часови можност за прошетка во центарот на Милано и посета на Катедралата Ел Дуомо. Ноќевање.

 

4 ден (понеделник – 22.10.2018): МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО

Појадок. После појадокот заминување за организирана факултативна посета на убавото градче Лугано. Панорамски разглед на Лугано: Црквите San Rocco, San Antonio, црквта Santa Maria di Angelo, стариот град со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, казиното, палатата Civico – Villa Cianni, големиот градски парк еден од најубавите во Швајцарија “Parco Civico”… слободно време за прошетки. Околу пладне, упатување кон градчето Комо, лоцирано на истоименото езеро Лаго ди Комо каде многу познати холивудски ѕвезди имаат свои вили како Џорџ Клуни, Стинг, Ричард Бренсон... местото каде е сниман Касино Ројале – Џејмс Бонд, Дванаесеттемина на Оушн. Организирано крстарење по езерото од каде се добива најубав поглед на прекрасната природа и сите овие вили на популарните личности. Слободно време за индивидулани прошетки. Во вечерните часови враќање во Милано. Ноќевање.

 

5 ден (вторник – 23.10.2018): МИЛАНО – БИТОЛА:

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот. Следува организран разглед на Милано со стручен локален водич: замокот Сфорца, плоштадот Дуомо и Готската Катедрала Дуомо која е најголема во Италија, а петта по големина во светот, Galleria Vittorio Emanuele – изградена во 8 век – еден од најстарите шопинг центри во светот, црквата Santa Maria Dellе Graziе каде се наоѓа „Тајната Вечера“ – ремек – делото на Да Винчи, La Scala (зградата на Миланската Опера) – една од најпознатите оперски куќи во cветот... Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Денско и ноќно патување со кратки попатни одмори.

 

6 ден (среда – 24.10.2018): БИТОЛА:

Пристигнување во Битола околу пладне. Трансфер до Охрид.

 

Цена на аранжманот: 9.790,00 денари

-            Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 1 ноќевање со појадок во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло
  • 2 ноќевња со појадок во хотел со 3* во околината на Милано
  • Разглед на Милано со стручен локален водич
  • Организирана посета на Верона
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Плитвички Езера – 25€
  • Посета на Лугано и Комо со стручен водич и крстарење по езерото Комо – 30€
  • Туристичка такса во хотелот во Лидо ди Јесоло – 1,5€ по лице од ноќ
  • Турситичка такса во хотелот во Милано – 2€ по лице од ноќ
  • Патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За факултативните излети потребен е минимум од 30 патници за реализација. Резервација за истите е неопходно да се направи при потпишување на договорот во агенција, со цел резервирање на потребните термини.  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Елида Турс и СКТМ.

216

Leave a comment

You are commenting as guest.