mksqhrendeelrusr

Прага - со превоз од Охрид
5.0/5 rating 1 vote

1 ден (петок – 19.10.2018): БИТОЛА – БУДИМПЕШТА

Трансфер до Охрид. Состанок на групата во Битола во 16:30 часот на паркингот кај спортската сала. Поаѓање за Унгарија во 17:00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија, со кратки попатни паузи.

 

2 ден (сабота – 20.10.2018): БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Посета на трговски центар. Продолжуваме со посета на Цитаделата, видиковец од кој се пружа поглед на целиот град и мостовите на Дунав. После пладне сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во попладневните часови упатување во центарот на Будимпешта. Време за индивидуални прошетки по улицата Ваци. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (недела – 21.10.2018): БУДИМПЕШТА

Појадок. После појадокот посета на Плоштадот на Хероите и градскиот парк. Можност за индивидуална посета на Зоолошката градина. После пладне, организиран разглед на градот со стручен локален водич: Будим – мостовите на Дунав, црквата на кралот Матејаш, Рибарската Тврдина, Пешта: Споменикот на Милениумот, Парламентот, Градскиот парк, Операта, улиците Андраши, Ракочи и Ваци, црквата Св. Стефан. Во вечерните часови факултативно ноќно крстарење со брод по Дунав и уживање во убавината на вториот по осветленост град во Европа. После крстарењето поаѓање за Прага. Ноќно возење со кратки попатни одмори.

 

4 ден (понеделник – 22.10.2018): ПРАГА

Пристигнување во Прага во утринските часови. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старото место, Карловиот мост, Споменикот на Карло – IV, Плоштадот на Малтешките витези, Кралскиот пат, Старомајскиот Плоштад, Тунската Црква и Споменикот на Јан Хаус, спомен куќата на Франц Кафка, Прашката Кула, Горниот град, Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито. После пладне сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови упатување во центарот на Прага, време за индивидуални прошетки и уживање во ноќниот живот на Прага и некоја од бројните пивници. Ноќевање.

 

5 ден (вторник – 23.10.2018): ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. По појадокот, поаѓање за целодневен факултативен излет во Карлови Вари. Разглед на бањското место со стручен локален водич, прошетка покрај Неоренесансните колонади, паркови и продавници. Во попладневните часови поаѓање назад кон Прага. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.  

 

6 ден (среда – 24.10.2018): ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот и поаѓање за Виена. Пристигнување во Виена во пладневните часови. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Рингштрасе, Палатата Хофбург, Виенската Скала, Катедралата Св. Стефан, Дворецот Шенбрун. Слободно време во центарот на градот. Во вечерните часови посета на најстариот луна парк на светот – Пратер. Во доцните вечерни часови поаѓање за Македонија. Ноќно и денско возење со попатни паузи и царински формалности.  

 

7 ден (четврток – 25.10.2018): БИТОЛА

Пристигнување во Битола после пладне.Трансфер до Охрид.

 

Цена на аранжманот: 10.790,00 денари

-            Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 1 ноќевање со појадок во хотел со 3* во Будимпешта
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Прага
  • Разглед на Будимпешта со стручен локален водич
  • Разглед на Прага со стручен локален водич
  • Разглед на Виена со стручен локален водич
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Ноќно крстарење по Дунав во Будимпешта – 15€ по лице
  • Посета и разглед на Карлови Вари со стручен локален водич – 25€ по лице
  • Патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За факлутативните излет е потребен минимум од 30 лица за реализација. Резервација за истите е неопходно да се направи при потпишување на договорот во агенција, со цел резервирање на потребните термини.  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Елида Турс и СКТМ

129

Leave a comment

You are commenting as guest.