Италија - Сардинија (со превоз од Охрид)
4.0/5 rating (4 votes)

ИТАЛИЈА

 САРДИНИЈА

Сардинија се наоѓа на западниот брег од италијанската чизма и е втор по големина остров во Медитеранот, по Сицилија. Од копнениот дел на Италија (пристаништето Ливорно) е оддалечен 300 km – 9 часа пловење со брод. Ја нарекуваат Медитерански рај и е една од најпопуларните летни дестинации во Италија. Викаат дека токму на Сардинија се кријат најубавите кристално бели плажи со тиркизно сино море, па ја нарекуваат и Европски Кариби. Тука туристите уживаат во недопрената природа, живописните предели и занимливите градови. Најголем и главен град на Сардинија е Каљари, со преубав стар град, шпанската тврдина и улици преполни со продавници и кафетерии. Најубаво и најпознато крајбрежје на Сардинија е Коста Смералда (смарагден брег) и golfo Aranci со прочуеното гратче Porto Cervo – луксузното џет сет летувалиште со специјално уредените плажи, ушушканата марина за приватни јахти, дизајнерските бутици и одличните ресторани и сето тоа во совршениот амбиент на недопрената природа! Додека сте на Сардинија задолжително направете излет до Франција и островот Корзика, кој се наоѓа на само 50 минути пловење со ферибот. Сардинија е дефинитивно фасцинантна дестинација за правите вљубеници во патувањето – не се двоумете, тргнете во авантура со нас!

 

COSTA SMERALDA – PORTO CERVO – ALGHERO – CAGLARI – CORSICA – CINQUE TERRE

ПАКЕТ АРАНЖМАН 11 ДЕНА:

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ + БРОД + СМЕСТУВАЊЕ НА БАЗА 7 НОЌЕВАЊА ВО РЕЗОРТ / АПАРТ ХОТЕЛ НА САРДИНИЈА

 

 

 

Цените во табелата се изразени во евра. Плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден.

СПЕЦИЈАЛНАТА ПОНУДА ВАЖИ ДО ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРЕДВИДЕНИТЕ КАПАЦИТЕТИ

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

  1. ден СКОПЈЕ - БЕЛГРАД Состанок на групата на паркингот пред нашата агенција во Скопје, половина час пред поаѓање. Поаѓање за Белград во договореното време. По пристигнувањето во Белград слободно време за краток одмор пред патот за Италија. Состанок на групата на паркингот кај Сава Центар, Нов Белград од страната на реката Сава во 14:00 ч. Поаѓање во 14:30 ч. Ноќно возење низ Хрватска и Словенија кон Италија со попатни задржувања поради одмор и гранични формалности.

 

  1. ден ЛИВОРНО САРДИНИЈА / ОЛБИАГОЛФО АРАНЧИ Пристигнување во пристаништето Ливорно во раните утрински часови. Качување на брод за Сардинија / Олбиа во 08:00 ч. Испловување од пристаништето Ливорно во 10:00 ч. Дневна пловидба во траење од 8,5 часа. Пристигнување на Сардинија во пристаништето Олби – Голфо Аранчи во 18:30ч. Истоварување од бродот и продолжување со автобус до хотелот. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање

 

  1. ден САРДИНИЈА / ГОЛФО АРАНЧИ Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

  1. ден САРДИНИЈАКАСТЕЛСАРДО И КОРЗИКА / БОНИФАЦИО Слободно време или целодневен факултативен излет во КАСТЕЛСАРДО и францускиот остров КОРЗИКА. Возење низ живописните предели на Сардинија до местото Castelsardo, прочуено по традиционалната изработка на плетени корпи. Слободно време за уживање на долгата бела плажа. Прошетка низ шармантното гратче под големата тврдина. Во попладневните часови возење по рајскиот брег до пристаништето Santa Teresa Gallura. Едночасовно пловење со ферибот и преминување на мореузот Бонифачио со панорама на островот Гарибалди. Пристигнување на КОРЗИКА во градот БОНИФАЧИО, сместен на карпа опкружена од трите страни со море. Веројатно најинтерсниот град на Корзика, кој долго бил пристаниште на надалеку познатите корзикански пирати. Разглед на старото градско јадро и слободно време за уживање во навистина единствениот амбиент. Во вечерните часови враќање од Корзика, со ферибот до Сардинија и до хотелот. Ноќеавње.

 

  1. ден САРДИНИЈАПОРТО ЧЕРВО Слободен ден или полудневен факултативен излет до ексклузивното туристичко место PORTO СERVO, кое претставува најпознат туристички центар на регијата Коста Смералда. Престој во Порто Черво и слободно време за капење. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.

 

  1. ден САРДИНИЈАКАЉАРИ Слободно време или целодневен факултативен излет во КАЉАРИ, главен град на Сардинија. Возење со автобус по средишниот планински дел на островот кон крајниот југ. По пристигнувањето обиколка на градот со разглед на: Municipio – градската куќа, трговската зона Ларго Карло Феличе, живописниот плоштад Јене, Кастело – средновековната тврдина на возвишението, Кулата на слоновите, катедралата на Св. Марија, видиковецот... Слободно време за индивидуални активности, капење, прошетки и уживање во убавиот, живописен пристанишен град. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

 

  1. ден САРДИНИЈА Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

  1. ден САРДИНИЈААЛГЕРО Слободно време или целодневен факултативен излет во АЛГЕРО. Возење со автобус до западниот брег на Сардинија. Пристигнување во Алгеро, познат под прекар мала Барцелона. Интересен приморски град и познат туристички центар, сместен на брегот на средоземното море во малиот залив со долга песочна плажа. Разглед на градот кој го ѕидале Шпанците: катедралата Санта Мариа – тврдината Мадалена и ѕидините на семејството Дориа. Слободно попладне за уживање и опуштање, прошетка по стариот град, по главната улица Karlo Alberto со продавници на накит од скапоцените корали... Предлог: факултативна посета – излет со брод на Capo Caccia со влегување во пештерата на Нептун, геолошкото чудо и една од најинтересните пештери на Медитеранот. Комлексот на пештери крие солено езеро и неколку „сали“ со неверојатно сино море. Комплексот се протега  на повеќе километри, од кои помал дел е отворен за туристите. Жителите на Сардинија тврдат дека доколку ја посетите Сардинија, а не ги видите пештерите на Нептун, не сте ни биле на островот! Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

 

  1. ден САРДИНИЈАЛИВОРНО Напуштање на хотелот во 10ч. Слободно време до 16ч. Возење со автобус до ОЛБИЈА. Обиколка на градот со разглед на: базиликата Сан Семплицио од 11. век, црквата Св. Павле, Градската куќа... Слободно време за индивидуални активности, прошетка, одмор, посета на Археолошкиот музеј... Околу 20ч качување на ферибот. Сместување во кабините (доколку сте ја одбрале оваа опција). Ноќно пловење по Тиренското Море до Ливорно.

 

    10. ден ЛИВОРНО –  CINQUE TERRE Пристигнување во Ливорно во 06:30ч. Продолжување со автобус кон Ривиерата на цвеќето. Доаѓање во Леванто каде се влегува во воз, кој ги поврзува сите пет села во составот на Чинкве Тере. Националниот парк CINQUE TERRE се наоѓа на Средоземно Море и претставува 5 најубави традиционални места на Италија под заштита на UNESCO. Со воз одиме до најголемата населба во рамките на паркот Риомаџоре (Riomaggiore) кое лежи на карпите по должината на потокот Маџоре и се спушта кон морето во форма на амфитеатар. Продолжуваме со воз до Манарола, со традиционалните шарени куќи кои се спуштаат скалесто до самиот морски брег. Повторно со возот одиме до следното село Монтероса Ал Маре, кое лежи сред малиот залив, со куќите во облик на кули (case – tori). Слободно време, можност за одење до плажа. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење низ Италија, Словенија и Хрватска кон Белград.

 

  1. ден БЕЛГРАД - СКОПЈЕ Пристигнување во Белград околу пладне. Краток одмор пред поаѓање за Скопје. Возење низ Србија со попатни паузи за одмор.Пристигнување во Скопје вечер, истиот ден.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

 

ДОПЛАТИ:

цена по лице во внатрешна кабина изнесува:

двокреветна 50 €, трокреветна 45 €, четворокреветна 40 € (2 стандардни легла + 2 легла на кат).

цена по лице во внатрешна кабина изнесува:

двокреветна 65 €, трокреветна 55 €, четворокреветна 45 € (2 стандардни легла + 2 легла на кат).

 

ПОПУСТИ:

Децата остваруваат попусти во придружба на 2 полноплатежни лица.

СОПСТВЕН ПРЕВОЗ:

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ НА АРАНЖМАНОТ:

Во случај пакетот на излети да не е резервиран во агенција, цените на лице место се следни:

НАПОМЕНИ ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

 

ОПИС И ЛОКАЦИЈА НА ХОТЕЛОТ:

Сместувањето од оваа понуда има рецепција, ресторан, а секоја соба/апартман е стандардна, има туш/WC. Сместувањето на Сардинија во зона Голфо Аранчи во наведените хотели до пополнување на местата или слични.

BAIA de BAHAS - Apartments & Resort – Golfo di Marinela      www.baiadebahas.com

Резортот се наоѓа на Сардинија, на брегот на Тиренското море, во местото Golfo di Marinella. Апартманскиот комплекс е сместен во градината преполна со цвеќиња и зеленило. Резортот е со приватна, песочна плажа. Сместувачките единици се наоѓаат од 50 – 300 m од плажата. Комплексот содржи: рецепција, ресторан, бар, детско игралиште, WI FI на рецепција и околу нејзе, мини-маркет, трафика, паркинг, бар. Студијата и апартманите се класично уредени, со чајна кујна со прибор за јадење и фрижидер. Сите имаат сопствена градина или поплочен двор со маса и столчиња. Бесплатен WiFi е достапен на рецепција и заедничките простории во близина. Клима уредот се доплаќа дополнително, на лице место.

Апартманите со една спална за 2-4 лица, со површина од  42 m² . Во спалната соба француски кревет и во дневната соба кауч на извлекување, чајна кујна со фрижидер, балкон или поплочен двор, првиот сет на постелнината и пешкирите се вклучени во цената, а замената на истите се доплаќа на лице место (пешкирите 10 € по лице, постелнина 10 € по лице). Се препорачува за сместување на максимум две возрасни лица и две деца.

Апартман со две спални соби за 4-6 лица со површина од 55 m². Во едната спална француски кревет, во другата кревети на кат и кауч на развлекување во дневната соба, чајна кујна со фрижидер, балкон или поплочен двор, првиот сет на постелнината и пешкирите се вклучени во цената, а замената на истите се доплаќа на лице место (пешкирите 10 € по лице, постелнина 10 € по лице). Се препорачува за сместување на максимум четири возрасни лица и две деца.

НАПОМЕНА:

Чистење на апартманите не е вклучено. Гостите пред напуштањето треба да ја исчистат кујната и ја вратат во затекнатата состојба. Дополнително чистење на кујната се наплаќа 30 €. Задолжителен депозит – осигурување на апартманот во случај на штета, во износ од 150 € по апартман, се остава на рецепција првиот ден, а се презема на рецепција последниот ден.

НАПОМЕНИ ВО ВРСКА СО СМЕСТУВАЊЕТО:

                                                                                                                                                             

ОПШТИ НАПОМЕНИ:      

 

 

277

Leave a comment

You are commenting as guest.