mksqhrendeelrusr

Сараево
3.0/5 rating (6 votes)

Дрвен Град-Вишеград-СараевоМостар-Дубровник-Будва

 

1.Ден-Четврток (06.09.2018) – Поаѓање од Битола за Сараево во 19:00 часот, преку граничниот премин Табановце. Патот води преку Србија, ноќно возење со попатни паузи.

 

2.Ден-Петок  (07.09.2018) – Во утринските часови пристигнување и разглед на Дрвен Град-наменет за снимање на филмови изграден од Емир Кустурица. Пороа поаѓање кон Вишеград, каде се прави разглед на Мостот на Дрина. Во предпладневните часови се пристигнува во Сараево каде се сместуваме во Хотел. Краток одмор па во попладневните часови се прави прошетка низ центарот со локален водич, Себиљ, Башчаршија, Народниот театар, Мостовите на Миљацка, Катедралата на светото срце Исусово итн, со локален водич. Ноќевање.

 

3.Ден-Сабота (08.09.2018)Појадок. Потоа се поаѓа за  Врело Босне. Тоа е извор на реката Босна и е едно од најпознатите обележја на Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на периферијата на Сараево, покрај Илиџа. Враќање во Сараево, слободно време за индивидуални прошетки низ Башчаршија, посета на Трговски центар или искачување на највисокиот облакодер во БИХ –Аваз твист кулата. Вечерта можност за индивидуални прошетки низ градот или факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.

 

4.Ден-Недела (09.09.2018)Појадок. По појадокот се поаѓа за Мостар, каде попатно се прави и посета на Јабланица и мостот на битката на Неретва. Пристигнување во Мостар, посета на стариот Мост и прошетка низ чаршијата. Се поаѓа за Дубровник каде се прави разглед на Стариот град и тврдините, главната улица Страдун итн. По разгледите се продолжува за Црна Гора. Премин на Бока Которска со траект, пристигнување и кратка пауза во Будва. Поаѓање за Македонија преку Албанија. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности.

 

5.Ден Понеделник (10.09.2018) – Пристигнување во Битола во раните утринските часови.

 

Цена: 6.600 денари 

Во цената е вклучено:

  • Превоз на дадените релации со туристички автобус
  • Сместување во Сараево на база 2 ноќевања со појадок
  • Разглед на Сараево со локален водич
  • Разгледи на Врело Босне
  • Посети и разгледи на: Мокра Гора, Дрвен Град, Вишеград, Јабланица, Мостар, Будва-(со кратка пауза)
  • Придружник при патувањето
  • Вклучен трансфер со тракет на Бока Которска

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Влезници во културно историските споменици
  • Влезница во Врело Босне 2км или 1еу
  • Влезница во Дрвен Град-2еу
  • Посета на Дубровник-10 еу

 

Напомена!!!

-За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници, доколку за факултативните посети се потребни минимум 25 патници.

-За овој аранжман важат општите услови на Т.А. Елида Турс. Крајниот рок за известување на евентуален отказ е пет дена пред датумот на поаѓање.

82

Leave a comment

You are commenting as guest.