mksqhrendeelrusr

КУБА - Романтика, Салса
5.0/5 rating (2 votes)

КУБА - РОМАНТИКА, САЛСА …

23.11.2018 - 04.12.2018

ТОП ХОТЕЛИ, ОДЛИЧНА КОМБИНАЦИЈА... НАЈДОБРОТО ОД КУБА

2 НОЌИ - ХАВАНА / 8НОЌИ - ВАРАДЕРО / 2 BB / 8 ALL, ТРАНСФЕРИ, ЕКСКУРЗИЈА СО РУЧЕК ВО ХАВАНА, АВИОБИЛЕТ, ПРЕТСТАВНИК ОД АТЛАНТИС

 

Варадеро -најексклузивното и најпознато летувалиште во Куба во која се уште владеат браќата Кастро, се наоѓа на околу 150 километри источно од главниот град Хавана и денеска е еден од најзначајните туристички центри на Карибите.
Куба е една од најомилените дестинации на оние туристи кои преферираат долги песочни плажи. Исто така, Куба е земја со најголем број олдтајмери, која ги примамува најбогатите колекционери на стари автомобили од целиот свет. Но, Куба е позната и по Че Гевара (Che Guevara),песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, Кубанските цигари, кубанската музика...
Јастози, корали, подводни карпи, риби, желки, стари бродови - се само дел од тоа што можете да го видете нуркајќи. Прекрасна работа е што температурата на водата никогаш не се спушта под 24 степени, па дури ни во зима.Идеален период за посета е од декември до месец мај .

ПРОГРАМА

1 ден (23.11.2018) | Скопје - Истанбул

Состанок на патниците нa аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во 18.00 часот. Полетување од Скопје во 20:40 часот.

2 ден (24.11.2018) | Истанбул - Хавана - Варадеро

Слетување во 00:20 часот во Истанбул. Полетување од Истанбул во 02:10 часот и пристигнување во Хавана во 09:00 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола, следува разглед на Хаванасо локален водич на англиски јазик. Панорамски разглед на Хавана. Разглед на новиот и стариот дел на градот во која ќе можете да видите многу интересни места познати по својата историска вредност како што се: старата претседателска палата, централниот парк, плоштадот на револуцијата, (кратка пауза), Универзитеот во Хавана. Прошетка околу стара Хавана: Plaza Vieja, Plaza de la Cathedral, Plaza de Armas, Plaza San Francisko de Asis. Ќе го посетиме градскиот музеј, Палатата на Генералите и Капетаните и познатиот бар Florida. Панорамски разглед на тврдината Morro. Ручек.
После разгледот следува  трансфер до хотел Memories Varadero 4, Варадеро на услуга ALL INCLUSIVE . Сместување во соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор, уживање на плажа.

3 ден(25.11.2018) | Варадеро

Овој ден е предвиден за слобдони активности. Можност за дополнителни ексурзии Bueno Vista Social club: Посета на клуб во кој свири бенд со Кубанска музика кој вклучува Bolero, Son и Latin Jazz. (трансферот не е вклучен , на лице место на состанокот ќе биде договорено).

4 ден (26.11.2018) | Варадеро

Можност за дополнителни ексурзииЗаливот Матанзас со долината Јумури: оваа екскурзија вклучува 30 минути крстарење со брод  по реката Canímar, заштитена област каде ќе имате можност да  ја видете прекрасната Кубанска вегетација. Турата до заливот  Matanzas, Градот на мостовите, Ви озможува да ги посетете најатрактивните знаменитости: Фармацевтски музеј, француска аптека од 1882 година, Парк де ла Либертад (плоштад Либерти), посета на Монсеррат Хајтс, како и една од црквите во градот. Турнеја низ долината и одмор во Rancho Gaviota, каде имате  вклучено: добредојде коктел, посета на селска куќа и фарма, типичен кубански ручек. Слободно време за јавање и наутички спортски активности во езерото. Посета на  Cuevas де Bellamar (пештерата Беламар), неверојатен систем на галерија од подземни камени од вар .

ден (27.11.2018) | Варадеро

Ден за слободни активности  и уживање на песочната плажа.

ден (28.11.2018) | Варадеро

Појадок. Можност за дополнителни ексурзии Crucero Del Sol Excursion: Исклучителна програма за поморски активности во Варадеро, каде можете да уживате во еден ден на плажа со чудата на подводниот свет, пловејќи по северните заливи, со прекрасна локална флора и фауна. Кубанските пијалоци се вклучени за време на едрењето и на плажа, нуркање со прекрасно морско дно, време за интерактивен контакт со делфините во морето, слободно време за уживање на плажа во Cayo Blanco, ручек базиран на морска храна.

ден (29.11.2018) | Варадеро

Ден за слободни активности  и уживање на песочната плажа.

ден (30.11.2018) | Варадеро

Можност за дополнителни ексурзии Излет Трите града (Santa Clara, Trinidad,Cienfuegos): Панорамски разглед на градот Санта Клара (Santa Clara), вклучувајќи го и Мавзолејот на Ернесто Че Гевара (Ernesto Che Guevara) и националниот споменик Tren Blindado. Потоа ќе продолжиме со посетата на градот Тринидад, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО, поради неговиот колонијален стил, а историјата се одржува и по неговите улици и музеите. Plaza Mayor, еден од градските музеи, La Canchánchara Bar за дегустација на типичен кубански пијалок и други места од туристички интерес ќе бидат дел од турата. Време за ручек во ресторан во градот. Веднаш потоа, го продолжуваме нашиот пат кон градот Cienfuegos, најмладиот град на островот, кој го основале француските доселеници од Хаити.  Пристигнување назад во хотелот околу 20:00 часот навечер.     

10 ден (01.12.2018) | Варадеро

Ден за слободни активности  и уживање на песочната плажа

1ден (02.12.2018) | Варадеро Хавана

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Хавана. Сместување во PANORAMA 4****. Слободно време за прошетки во Хавана  или дополнителна екскурзија  TROPICANA CABARET. Шоуто започнува во 22:00 часот каде ќе уживате во прекрасниот и мистериозен клуб Тропикана, светски познато кабаре и ноќен клуб во Хавана, некогаш познат како "најатрактивен и извонреден ноќен клуб во светот". Уживајте во спектаклот и сложената кореографија на повеќе од 200 изведувачи (танчерите и пејачите) на Куба. Вие сигурно никогаш нема да го заборавите ова искуство

1ден (03.12.2018) | Хавана

Појадок. Слободно време за прошетки во Хавана или дополнителна екскурзија Vinales tour. Поаѓање од хотелот со водич на англиски јазик. Целодневен излет до Viñales, кој се наоѓа во Pinar del Rio Province, на 140 км западно од Хавана, Viñales е местото каде расте и обработува најдоброто светско тобако. Во Pinar del Rio ќе посетиме фабрика за цигари, каде ќе имате можност да го видете мануелниот процес на производство на цигари, па потоа се продолжува кон Viñales. Viñales ги има најстарите геолошки формации во Куба и има прекрасна долина со пејзаж кој е единствен во светот. Во Viñales ќе ги посетиме долината Viñales, El Mural de la Prehistoria - праисториски мурал, кој е насликан на камен и ја опишува еволуцијата на човештвото. Следи посета на древната пештера La Cueva del Indio, каде ќе имате можност да влезете во пештерата, каде на крајот се наоѓа субтеренска река. Пловење со брод до другата страна од планината. Ручек и време за релаксација.

13 ден (04.12.2018) | Хавана - Истанбул

Трансфер до аеродромот во Хавана и полетување од Хавана во 10:10 часот.

14. Ден (05.12.2018) | Скопје

Слетување во Истанбул во 10:15 часот.Полетување од  Истанбул во 20.10  часот и слетување во Скопје во  19:40 часот .

  

ЦЕНИ И АРАНЖМАН

 

можност за плаќање на 12 или 24 месечни рати и без камата

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авиобилет на релација Скопје - Хавана - Скопје (Со вклучен багаж);
  • Трансфер на релација аерoдром - хотел Варадаро - хотел Хавана - аерoдром;   
  • Вклучен разглед на градот Хавана со ручек;
  • 2 ноќевања со вклучен појадок во Hotel PANORAMA 4****, Хавана;
  • 8 ноќевања со услуга  СЕ ВКЛУЧЕНО  во Memories Varadero  4*, Варадеро;
  • Придружник  за време на целото патување;
  • Локален водич на англиски јазик.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Аердромски такси 316 €;
  • Инидивидуални трошоци;
  • Факултативни излети;
  • Излезна такса од Куба (15 - 25 песози, се плаќаат на аеродромот при напуштање на државата).

Факултативни излети:

  • Bueno Vista Social club tour - Цена по лице: 59 €;
  • Vinales tour од Хавана - Цена по лице: 85 € (се препорачува) 10 часа;
  • Излет Трите града (Santa Clara, Trinidad, Cienfuegos) - Цена по лице: 98 €;
  • Crucero Del Sol Excursion - Цена по лице: 106 € (се препорачува);
  • COLONIAL REMEDIOS Excursion - Цена по лице:  42 €;
  • Заливот Матанзас со долината Јумури (Matanzas – Yumuri  Excursion) - Цена по лице:  66 €;
  • TROPICANA CABARET- Цена по лице:  85 €;

Пријавувањето е валидно најкасно до 25.10.2018

Напомена:

  • Патниците мора да имат валидност на пасош повеке од 6месеци од терминот на патување;
  • Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 16;
  • Во случај на помал број од 16 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но реализацијата ке биде без претставник;
  • Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авиопревозникот , агенцијата има право да ја промени цената на аранжманот;
  • Цената е загарантирана само доколку има уплата од 50%  депозит  за време на резервација и е неруфундабилен во случај на отказ.

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • Над 60 денапред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;
  • Помеѓу 60 - тиот и 20 - тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.
 
 
184

Leave a comment

You are commenting as guest.