mksqhrendeelrusr

ЈАПОНИЈА - земјата на изгрејсонцето - со авионски превоз од Скопје
5.0/5 rating 1 vote

ЈАПОНИЈА -земјата на изгрејсонцето

Токио – Нико – Камакура – Фуџи – Хаконе – Осака – Кјото – Нара – Осака

19.10. 29.10.2018

11 дена / 8 ноќи

 

Ден 1: 19.10.2018 Скопје – Доха

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје, два часа пред лет. Полетување од Скопје 12:45 часот, со авиокомпанијата Qatar Airways. Слетување на аеродромот во Доха во 18:40 часот.

Ден 2: 20.10.2018 Доха – Токио

Полетување од Доха за Токио во 02:20 часот. Пристигнување на меѓународниот аеродром Нарита во Токио (Tokyo Narita International Airport) во 18:40 часот, локално време. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер до хотелот Shinbashi Atagoyama Tokyu REI Hotel 3* или сличен. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.

Ден 3: 21.10.2018 Токио – Нико (Nikko) – Токио (околу 2 часа со автобус по правец)

Појадок. По појадокот следи состанок со водичот на англиски јазик во лобито на хотелот. Заминување на целодневен организиран излет за Нико (Nikko) (околу 2 часа возење). Градот Нико се наоѓа помеѓу убави планини и е познат по многуте храмови, светилишта, палати и гробници, и е над 1200 години важен духовен центар на шинто-будистичката религија. Посета на најпознатиот и најубаво декорираниот храм во Јапонија, шинтоистичкиот храм Тошогу (Nikkō Tōshō-gū Shinto shrine), во кој се наоѓа мавзолејот на шогунот Токугава Ијејасу. Токугава Ијејасу бил основач и прв Шогун од шогунатот Токугава, која владеела со Јапонија повеќе од 250 години до 1868 година. Иејасу е заштитен во Тошогу како божество Tōshō Daigongen, наречен "Големото Божество на источната сјајна светлост". Првично, релативно едноставен мавзолеј, Тошогу бил проширен во спектакуларен комплекс од страна на внукот на Иејасу, шогунот Јемицу, во текот на првата половина на 1600-тите. Прекрасно декорираниот храм со позлатени дрворезби е вклучен во листата на културно наследство на УНЕСКО.

Слободно време за ручек (не е вклучено во цената). Посета на еден од најпознатите и импресивни водопади во Јапонија – водопадите Кегон (Kegon no taki). Возење со лифт до долната платформа за набљудување, од каде се пружа импресивен поглед на водопадите. Речиси 100 метри високиот водопад Кегон е најпознат од многу убави водопади во Нико. Всушност, тој е рангиран како еден од трите најубави водопади во Јапонија, заедно со водопадот Начи (Nachi) во префектурата префектурата Вакајама (Wakayama-ken Prefecture) и водопадот Фукурода (Fukurod) во префектурата Ибараки (Ibaraki Prefecture). Подоцна следи посета на живописното езеро Чузенџи (Chūzenji-ko), сликовито езеро во планините над градот Нико (на 30км од Нико). Се наоѓа во подножјето на планината Нантаи (Nantai), каде што ерупцијата на светиот вулкан на Нико пред околу 20.000 години, ја блокирал долината подолу, при што се формирало езерото Чузенџи. Подоцна следи посета на планината Хангецујама (Hangetsuyama Observation Park), каде од набљудувачката платформа се пружа спектакуларен поглед на Националниот пак Нико. Враќање во хотелот во Токио. Ноќевање.

Ден 4: 22.10.2018 Токио

Појадок. По појадокот следи состанок со водичот на англиски јазик во лобито на хотелот. Заминување на целодневен организиран излет на Токио. Излетот започнува со посета на стариот дел на Токио. Се посетува храмот Асакуса Канон Сенсоџи (Sensōji, Asakusa Kannon Temple), е еден од најживописните и популарни будистички храмови во Токио, кој се наоѓа во живописниот кварт Асакуса во Токио. Легендата вели дека во 628 година, двајца браќа во рибарските мрежи ја уловиле статуата на Канон, божицата на милоста, од реката Сумида, и покрај тоа што ја вратиле статуата назад во реката, таа секогаш им се враќала. Поради тоа, во близината бил изграден храмот Сенсоџи, во чест на божицата Канон. Храмот бил завршен во 645 година, што го прави најстар храм во Токио

Ќе имаме можност за прошетка по колоритната шопинг улица Накамисе (Nakamise Shopping Street), долга преку 200 метри, која води од надворешната порта до втората порта на храмот, Хозомон. Оваа улица изобилува со продавници, луксузни трговски центри, барови и ресторани, каде можете да купите најразлични јапонски сувенири и различни традиционални специјалитети. Следи посета на Акихабара (Akihabara Denki Gai / Akihabara Electric Town), исто так наречена Акиба по поранешниот локален храм, е област во центарот на Токио, која е позната по многубројните продавници за техника и електроника. Во последните години, Акихабара се здоби со препознатливост како центар на јапонската отаку култура, и многу продавници и установи посветени на аниме и манга се наоѓаат меѓу електронските продавници во квартот. Во недела, Чуо Дори главната улица низ областа, е затворена за сообраќај од 13:00 до 18:00 (до 17:00 од октомври до март).

Се продолжува со посета на Царската Палата (Imperial Palace, Kōkyo), која се наоѓа на местото на поранешниот замок Едо, со голема паркова површина опкружена со канали и масивни камени ѕидини, во центарот на Токио, на пешачко растојание од станицата Токио (Tokyo Station). Палатата е резиденција на јапонскиот император и неговото семејство. Се продолжува со посета на кулата на Токио (Tokyo Tower, Tōkyō tawā). Во центарот на Токио, Токио кулата (главната опсерваторија), висока 333 метри, е највисоката и најсовремената челична куа во светот, и 13 метри повисока од нејзиниот модел, Ајфеловата кула. Симбол на повоеното раѓање на Јапонија како голема економска сила, Токио кулата била највисоката структура во земјата од нејзиното завршување во 1958 па се до 2012 година, кога била надмината од Tokyo Skytree, наречена небесно дрво. Освен што е популарно туристичко место, Токио кулата служи како антена за емитирање. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Ден 5: 23.10.2018 Токио – планината Фуџи – Хаконе – Токио (околу 2,5 часа со автобус по правец)

Појадок. По појадокот следи состанок со водичот на англиски јазик во лобито на хотелот. Заминување на целодневен организиран излет на планината Фуџи, 5-та станица (во зависност од времето и состојбата на патот – околу 2,5 часа возење). Фуџисан, центарот за светско наследство (Fuji Sekiisan Center), порано познат како Фуџи центар за посетители, е информативен центар за патниците на планината Фуџи и петте езера на Фуџи. Се состои од две сали, Северна сала и Јужна сала. (*Алтернатива: Фуџи центар за посетители). Убавата света осамена планина, често со снежна покривка, стратовулкан, позната низ светот како планината Фуџи, која се издига над селата и езерата, одамна е предмет на аџилак и инспирирација на уметниците и поетите. Планината е ставена на листата на светско наследство на УНЕСКО како природно и културно богатство поради различни природни феномени, како и поради бројните светилишта на самата планина. Многу митови и мистерии се поврзани со Фуџи. Се смета дека секој јапонец, барем еднаш во животот, мора да се искачи за да достигне духовно просветлување. Слободно време за ручек (не е вклучено во цената)

По ручекот, се патува (околу 1,5 час возење) кон Хаконе (Hakone-machi), кој е дел од националниот парк Фуџи-Хаконе-Изу (Fuji-Hakone-Izu National Park). Познат по термалните извори, природната убавина и погледот кон езерото Ашиноко (Lake Ashi-no-ko) и блиската планина Фуџи, Хаконе е една од најпопуларните дестинации меѓу јапонските и странските туристи. Следи пловење со еден од пиратските бродови на езерото Ашиноко, кои не се само важен превоз на езерото, туку и популарна туристичка активност кај посетителите. После крстосувањето, се посетува Хаконе Онши паркот (Hakone Onshi Park), кој се наоѓа на јужниот брег на езерото Ашиноко. Онши паркот нуди убави патеки за пешачење и живописен поглед на езерото Ашиноко и планината Фуџи, доколу видливоста тоа го дозволува. Секоја сезона, оние кои доаѓаат во паркот се импресионирани од волшебниот пејзаж и маѓепсани од раскошната природа. Враќање во хотелот во Токио. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање

Ден 6: 24.10.2018 Токио – Осака (автобус / супер брз воз)

Појадок. По појадокот следи состанок со водичот на англиски јазик во лобито на хотелот. Одјавување од хотелот (напомена: ве молиме да си понесете облека за преноќување). Заминување со автобус кон железничката станица Шинагава (Shinagawa). Патување со супер брз воз Шинкансен т.н. воз-куршум (Shinkansen – High speed bullet train) кон Осака (билетот е вклучен во цената). Пристигнување на станицата Шин-Осака (Shin-Osaka Station - by Nozomi) во Осака. Трансфер до хотелот Osaka Tokyu REI Hotel 3* или сличен. Пречек и состанок со водичот на англиски јазик во лобито на хотелот. Пријавување во хотелот во 15:00 часот и време за одмор или слободни активности. Ноќевање.

Ден 7: 25.10.2018 Осака – Кјото – Осака (околу 1,5 час со автобус по правец)

Појадок. По појадокот следи состанок со водичот на англиски јазик во лобито на хотелот. Заминување со автобус кон Кјото (Kyōto-shi). Денес ни претстои целодневен разглед на Кјото, поранешната јапонска престолница и центарот на јапонската култура. Во Кјото се наоѓаат дури 2000 храмови и светилишта, а ги посетуваат околу 30 милиони туристи секоја година. Во стариот дел на градот се наоѓа 20% од вкупниот број на локалитетите со статус на јапонско национално богатство, а ставени се на листата на УНЕСКО во 1994 година.

Посета на шинтоистичкиот храм Фушими Инари (Fushimi Inari-taisha), храм посветен на богот на оризот, Инари, еден од најживописните храмови со најсликаните мотиви во Јапонија, со непрекината низа од црвени традиционални јапонски порти (torii), овековечени и во филмот “Мемоарите на една гејша”. Се продолжува со посета на замокот Ниџо (Nijō-jō), кој бил резиденција на шогунот Токугава Ијејасу, од шогунатот Токугава за време на првиот шогунат од периодот Едо (1603 – 1867год.). Комплексот се состои од замок, неколку помали објекти и неколку прекрасни градини. Денес сето тоа е дел од светското наследство на УНЕСКО. Слободно време за ручек (не е вклучено во цената).

Продолжуваме кон будистичкиот храм Кијомизу-дера (Kiyomizu-dera Temple), еден од најпознатите храмови во Јапонија. Бил основан во 780 година на место на самиот водопад Отова, во шумските ридови источно од Кјото и го добил името од чистите води на водопадот. Храмот првично бил поврзан со будистичкото училиште Хосо (Hosso sect), едно од најстарите школи во јапонскиот будизам, но формирал сопствено школо Кита Хосо (Kita Hosso sect) во 1965 година. Во 1994 година, храмот бил додаден на листата на светското културно наследство на УНЕСКО. Следи посета и прошетка на Гион (Gion), најпознатата историска област на гејшите во Кјото, која се наоѓа околу авенијата Shijo Avenue, помеѓу храмот Yasaka на исток и реката Kamo на запад. Квартот Гион – во стариот дел на Кјото, има бројни продавници, ресторани и чајџилници (ochaya), каде што гостите ги забавуваат геико (geiko – Кјото дијалект за гејша) и маико (maiko – геико ученички). Враќање во хотелот во Осака околу 18:00 часот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Ден 8: 26.10.2018 Осака – Кјото – Осака (околу 1,5 час со автобус по правец)

Појадок. По појадокот следи состанок со водичот на англиски јазик во лобито на хотелот. Заминување со автобус кон Кјото (Kyōto-shi), за посета на храмот Кинкаку-џи (Kinkaku-ji или Златен павилјон). Кинкаку-џи е зен будистички храм на планината Хокусан во северниот дел на Кјото, чии што два спрата се целосно покриени со златен листови, комплекс со исклучително убави градини и рибници. Официјално познат како Рокуон-џи (Rokuon-ji), храмот во 1397 година го откупува шогунот Апикага Јошимицу (Ashikaga Yoshimitsu), и го претворил во павилјон. По смртта на Јошимицу, според неговата желба во 1408 година, павилјонот станува зен-будистички храм на Ринзаи школата (Rinzai sect). Кинкаку-џи бил инспирација за слично именуваниот храм Гинкаку-џи (Ginkakuji, Сребрен павилјон), изграден од внукот на Јошимицу, Ашикага Јошимаса (Ashikaga Yoshimasa), од другата страна на градот неколку децении подоцна. Продолжуваме кон зен-будистичкиот храм Руан-џи (Ryōan-ji), северозападно од Кјото, местото со најпознатите јапонски камени градини, кои привлекуваат стотици посетители секој ден. Првично била аристократска вила за време на Heian периодот, подоцна во 1450 година местото било претворено во зен-будистички храм и припаѓа кон Миошин-џи (Myōshin-ji) зен-будистичката школа на Ринзаи (Rinzai sect), чиј главен храм се наоѓа на само еден километар јужно. Слободно време за ручек (не е вклучен во цената).

Следна станица е Арашијама (Arashiyama), е е втората најважна туристичка област во Кјото, која се наоѓа во западната периферија на Кјото, каде главната атракција е Арашијама бамбусовата шума (Arashiyama Bamboo Grove), каде ќе направите фантастични фотографии. Областа била популарна дестинација уште од Хеиан периодот (Heian) (794-1185), кога благородниците уживале во неговото природно опкружување. Арашијама е особено популарен за време на цутење на црешите и наесен во сезоната на илјада бои. Поаѓање назад кон Осака. По пристигнувањето во Осака, следи прошетка по Дотонбори и Шинсаибаши, популарни шопинг области во Осака (Dotonbori & Shinsaibashi Shopping Street). Лоцирана околу станицата Намба (Namba Station), Минами (Minami – Југ) е еден од двата главни градски центри на Осака. Прошетка по шопинг улицата Дотонбори, една од најпопуларните туристички дестинации на Осака, оваа улица поминува паралелно со каналот Дотонбори. Улицата е позната по многубројните неонски реклами на големите продавници и ресторани. Шинсаибаши е најголемата шопинг област во Осака, која се наоѓа северно од Дотонбори. Долга околу 600 метри, оваа област е уникатна бидејќи ги комбинира светските синџири на малопродажни продавници и трендовски бутици со скапите стоковни куќи и бутиците на врвните дизајнери. Другиот голем центар на градот е облата Кита (Kita - Север), исто така познат како Умеда (Umeda), во близина на станицата Умеда, најпрометниот дел од градот, каде што има трговски центри, ресторани, деловни згради и каде што локалните жители го поминуваат поголем дел од денот. Враќање во хотелот во Осака околу 18:00 часот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Ден 9: 27.10.2018 Осака – Нара – Осака (околу 1 час со автобус по правец, околу 57 км.)

Појадок. По појадокот следи состанок со водичот на англиски јазик во лобито на хотелот. Заминување со автобус на целодневен излет на Нара (Nara), уште еден од древните јапонски центри. Во периодот од 710 до 794, Нара била главен град на Јапонија, и го позајмила своето име на историската епоха наречена периодот на Нара. Поради своето големо историско значење како прв главен град на Јапонија, во Нара има голем број на историски споменици како храмови, светилишта и археолошки наоѓалишта. Особено популарни за посетителите се храмовите Ташодај-џи, Касуга Таиша, Тодаиџи, Саидаиџи, Кофукуџи и други, кои се под заштита на УНЕСКО и се дел од светското културно наследство. Посета на будистичкиот храм Тошодај-џи (Tōshōdai-ji), кој припаѓа на Рицу школата (Ritsu sect). Класичната златна сала на храмот, исто така позната како кондо, има единствена приказна, покриен со челичен покрив со седум широки фасади. Се смета за архетип на "класичен стил". Слободно време за ручек (не е вклучен во цената).

Следна станица е Касуга Таиша (Kasuga-taisha) е најпознатиот шинтоистички храм во Нара. Основан во исто време со главниот град и е посветен на божеството заштитник на градот. Изграден во 768 година, Касуга Таиша храмот бил исто така и главно светилиште на Фуџивара (Fujiwara), најмоќниот семеен клан во Јапонија за време на поголемиот дел од Нара и Хејан периодите. Храмот е познат по тоа што повторно се градел на секои 20 години до крајот на периодот Едо, кога таа традиција е прекината. Храмот е познат по специфичната архитектура на покривите на зградите, како и по стотиците бронзени фенери кои можете да ги видите по стреите на зградите. Следи посета на паркот Нара (Nara Kōen), голем парк во централниот дел на Нара, кој го красат преку 1700 црешови дрва, а исто се нарекува и парк на елените. Познат е по преку 1200-те елени кои живеат во паркот, кои се исклучително дружељубиви и можете да ги нахраните со крекери кои се продаваат на територијата на паркот и направени специјално за нив. Паркот е основан во 1880 година, тоа е локацијата на многу од главните атракции на Нара, вклучувајќи ги храмовите Тодаиџи, Касуга Таиша, Кофукуџи и Националниот музеј во Нара. Враќање назад кон Осака. За крај следи посета на Куромон Ичиба пазарот (Kuromon Ichiba Market), еден од најпознатите централни пазари за храна во Осака. Со речиси 150 продавници кои продаваат најразлични производи, највеќе свежа риба и морски плодови, па овошје, зеленчук и месо. Ќе можете да запрете додека разгледувате, и дури да ја вкусите свежата храна пред продавниците, ќе ви овозможи незаборавно искуство и задоволство. Враќање во хотелот во Осака околу 18:00 часот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Ден 10: 28.10.2018 Осака – Осака Кансаи аеродром – Токио Нарита аеродром – Доха

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и состанок со водичот на англиски јазик во лобито на хотелот. Следува посета на замокот Осака (Ōsakajō), еден од најпознатите јапонски замоци. Изградбата на замокот Осака започнала во 1583 година на поранешната локација на храмот Ишијама Хонганџи (Ishiyama Honganji Temple), кој пред тринаесет години претходно бил уништен од Ода Нобунага (Oda Nobunaga). Тојотомо Хидејоши (Toyotomi Hideyoshi) имал намера замокот да стане центар на новата, обединета Јапонија под вледеењето на Тојотоми и бил најголемиот замок во тоа време. Следи посета на највисоката зграда во Осака, „Umeda Sky Building”, која се наоѓа во округот Кита, во близина на станиците Осака и Умеда. Овој спектакуларен висок облакодер од 173 метри, е отворен во 1993 година, и има отворена набљудувачка платформа на покривот од каде се пружа спектакуларен поглед. Слободно време за ручек (не е вклучен во цената).

По ручекот трансфер до меѓународниот аеродром во Осака, Kansai International Airport. Пристигнување на аеродормот Kansai во 14:10 часот. Напомена: Во случај да 1 багаж биде над 20 кг., ќе има доплата во зависиност од тежината на багажот на шалтерот за пријавување. Полетување од Осака, Kinsai во 16:10 часот. Слетување на меѓународниот аеродром Нарита во Токио (Tokyo Narita International Airport) во 17:30 часот. Слободно време на аеродормот Нарита во Токио, до полетувањето за Доха. Полетување од Токио за Доха во 22:20 часот, со лет QR 807.

Ден 11: 29.10.2018 Доха – Скопје

Слетување на аеродромот во Доха во 04:45 часот, локално време. Полетување од Доха за Скопје во 07:00 часот локално време. Слетување на аеродромот во Скопје во 10:40 часот.

Термин на патување

Услуга

Цена по лице во двокреветна соба

19.10. 29.10.2018

Ноќевање со појадок

Попуст за Early booking до 28.02.2018

1999

Редовна цена

2172

 

Цената е дадена по лице во евра и вклучува:

  • Авионски билет Скопје – Доха – Токио / Осака – Токио – Доха – Скопје, со вклучен багаж до 20 килограми, со авиокомпанијата Qatar Airways;
  • Авионски билет на релација Осака, Kansai International Airport – Токио, Tokyo Narita International Airport;
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром, како што е опишано во програмата;
  • 4 ноќевања во Токио во хотел Shinbashi Atagoyama Tokyu REI Hotel 3* или сличен;
  • 4 ноќевањa во Осака во хотел Osaka Tokyu REI Hotel 3* или сличен;
  • 8 појадоци во хотелите во Токио и Осака
  • Сите разгледи споменати во програмата;
  • Сите трансфери споменати во програмата со високотуристички автобус;
  • Билет за Шинкансен супер брз воз / воз-куршум (Shinkansen – High speed Bullet Train), од Токио до Осака (by Nozomi)
  • Локален водич на англиски јазик за време на сите разгледи, споменати во програмата;
  • Претставник од агенцијата за време на целото патување;
  • Влезници за посетените локации според програмата;

Во цената не е вклучено:

  • Аеродромски такси од 296
  • Храна, пијалоци и услуги кои не се споменати во програмата;
  • Лични трошоци;
  • Ручекот и вечерата ( ручек=14еур и вечера 25€ од лице од оброк ) доплата во агенција ;
  • Задолжително патничко осигурување.

Откажувања:

Во случај на откажување на патувањето, компанијата ќе го врати уплатениот износ под следниве услови:

  • до 31 дена пред датумот на заминување: се задржување на неповратниот депозит од 50%
  • од 30 до 0 дена: 100% од целата сума на аранжманот

 

Важни информации:

  • Цената важи за група од најмалку 20 патници.
  • Патувањето во Јапонија е без визи и не се потребни дополнителни вакцини.
  • Краен рок за известување за минимален број на учесници за патувањето е 21 ден пред поаѓање.
  • Плаќањето се врши до 30.09.2018.

 

Потребни документи за резервација:

  • копија од пасош или пасош / валиден минимум 6 месеци од датумот на поаѓање / потпишан договор за организирано патување и депозит во износ од 1000 евра.
  • Плаќањето се врши во готово или преку банка.
  • При зголемување или намалување на курсот во рамките на 5%, агенцијата го задржува правото на промена на наведените цени по курсот во моментот на конечната исплата.
  • Промената на наведените хотели со слични во иста категорија не се смета за значајна промена на програмата.
244

Leave a comment

You are commenting as guest.