Божиќ во Малта 2018

МАЛТА - остров на соништата и витезите

05.01. – 08.01.2018

Со авион од Скопје / 4 дена / 3 ноќевања

Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино - сместени во центарот на Медитеранот, со многу поволна клима и голем број сончеви часови, кристално сини води, се вистински рај за оние кои сакаат да доживеат целосно ново искуство. Историско наследство на Малта сведочи за 7000 години долгата цивилизација, ја освојувале бројни народи и оставиле свои траги, а својата слава ја доживела за времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Наследството на различните доминации кои владееле над островите во текот на вековите може да се видат, почувствуваат и восхитуваат. Оваа необична мешавина на култури и мноштво на историски споменици и туристички атракции, денес и дава на Малта посебен шарм.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1 ден (05.01.2018 – петок)  СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок со групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 04:00 часот. Полетување за Малта во 06:10 со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 07:55 часот. Трансфер до хотел. Во договорено време следува организиран разглед на Валета со локален водич. Валета, град изграден од Витезите на Св. Џон. Овој разглед ќе ви овозможи да ги откриете убавините на  Валета се до Градините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens), од каде што се пружа неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour). Излетот ги вклучува и посетата на  Ко-катедралата на Свети Јован (St. John’s Co-Cathedral), кој е дом на ремек-делото на Караваџо (Caravaggio) "Обезглавувањето на Свети Јован" ("The Beheading of Saint John"). Исто така има можност да се види однадвор и Палатата на Големиот мајстор (Grand Master’s Palace). Во договорено време враќање назад во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Ноќевање.

2 ден (06.01.2018сабота) МАЛТА

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на централна Малта. Посета на стариот главен град на Малта , Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта и ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кој Моста, град познат по кружната црква Rotunda of St Marija Assunta, изградена во 19 век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на  II Светска војна, била погодена со граната тешка 200кг. која пропаднала низ кровот но не експлодирала.Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон малиот град Атард, познатите градини на Св.Антони, претсетаделската палата ...Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3 ден (07.01.2018недела) МАЛТА - ГОЗО

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг.  Поаѓање во утринските часови, заминување со климатизиран автобус кон Марфа (Marfa), кој се наоѓа на западниот крај на островот. Следи 30-минутно патување со ферибот, по што се пристигнува во М’гар (Mġarr Harbour), главното пристаниште на Гозо. При патувањето со брод ќе имате можност да видите уште еден остров на малтешкиот архипелаг, Комино (Comino) (1800 метри должина), на кој живеат само околу десет луѓе. По пристигнувањето во Гозо, се упатуваме кон заливот Дверџа (Dwerja), импресивен природен локалитет кој го влкучува Фунгус Рок (Fungus Rock),  огромна цилиндрична карпа изолирана на влезот на заливот. Потоа се заминува кон Рабат (Rabat) и посета на неговата тврдина. Потоа продолжуваме кон Шленди (Xlendi), едно од типичните и живописни рибарски села на Гозо, со последно застанување и посета на мегалитските храмови на Џгантија(Megalithic Temples of Ġgantija), импресивен преисториски споменик, вклучен во Светско наследство на УНЕСКО.

Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

4 ден (08.01.2018понеделник) МАЛТА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродром во 05.30 часот. Полетување за Скопје во 08:25 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 11:10 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 16.12.2017 – 299 Eur. (18.538 мкд.)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација: Скопје – Малта – Скопје ;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром на Малта;
  • Сместување во хотел  со 3* на Малта -  3 ноќевања со појадок;
  • Голема кабинска торба
  • Туристички придружник од страна на агенцијата за време на целото патување;
  • Професионална организација на аранжманот

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.720 мкд.
  • Доплата за куфер 23 кг.
  • Туристичка такса 0,5 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Факултативен излет на Валета
  • Целодневен факултативен излет на островот Гозо
  • Факултативен излет – посета на централна Малта
  • Во цената на факултативните излети не е вклучен ручек;
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко – здравствено осигурување

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА ЕЛИДА ТУРС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 09.04.2018 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

Задолжително пријавување за факултативите до 15.12.2017 и минимум пријавени патници за  реализација: 20.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. ЕЛИДА ТУРС

Страницата е посетена:

40

Печати

Share this product