Јапонија – убавината на расцветаните вишни и тајните на самураите

Токио – Нико – Камакура – Фуџи – Такајамара – Ширакава-Го – Кјото – Нара – Осака

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

10.04– 19.04.2018

8 ноќи / 10 дена


 

Ден 1 – 10.04.2018 Софија – Франкфурд

Полетување од Софија во 14:10ч. со авиокомпанијата „Lufthansa“. Слетување во Германија во 15:30ч. Краток престој на аеродромот во Франкфурт. Полетување за Токио во 18:05ч.

 

Ден 2 – 11.04.2018  Франкфурт – Токио

Слетување на аеродромот Хенеда во Токио во 12:15ч. Состанок со претставник на нашите партнери во Јапонија. Трансфер до центарот на Токио (30 мин до 1ч. зависно од сообраќајот). По пристигањето во центарот на градот следува посета на стариот дел на Токио. Турата започнува со посета на храмот Асакуса Сенсоџи, еден од најпопуларните будистички храмови и најстар храм во Токио. Ќе имаме можност за прошетка по прекрасната трговска улица Накамисе, која води кон внатрешната порта на храмот. Оваа улица изобилува со продавници и тезги на кои можете да купите најразлични јапонски сувенири и различни традиционални специјалитети.

По пат кон хотелот ќе поминеме покрај Акихабара, кварт со продавници за техника и Аниме кафулиња како и низ најбогатиот кварт Гинза каде се наоѓаат најлуксузните продавници и хотели во градот. Се сместуваме во хотелот Monterey Hanzomon 3* (или хотел сличен на овој). Ноќевање.

 

Ден 3 – 12.04.2018 Токио

Појадок. Денес има попладневна прошетка низ Токио и неговите најважни знаменитости. Првата станица е плоштадот пред Императорскиот дворец, кој е резиденција на семејството на јапонскиот император. Дворецот се наоѓа во самиот центар на Токио, на местото на стариот замок Едо во голем парк, заобиколен од ровови и масивни карпи. Во продолжение ќе се искачиме на „Tokio Tower“, кулата на Токио која е висока 333м , се наоѓа во центарот на Токио и е една од највисоките кули во светот. Ќе поминеме низ прекрасниот остров Одајба каде во изобилство се наоѓаат деловни згради и шопинг центри. Враќање во хотелот околу ручек и слободно време за разглед на градот. Ноќевање.

 

Ден 4 – 13.04.2018 Токио – Нико – Токио (околу 2ч со автобус)

Појадок. Целодневна прошетка до Нико. Градот Нико е познат по најубаво украсениот храм во Јапонија, храмот Тошуго во кој се наоѓа гробницата на шогун Токугава Иејасу. Тој е основач на шогунството Токугава во 1615 год, кое владее до 1867год. Прошетката низ храмот ќе започне со посета на храмот Тогошу и гробницата на шогун Токугава Иејасу кои се сместени во прекрасна шума. Храмот е кој прекрасно декориран со позлатени дрворезби е вклучен во листата на културно наследство на УНЕСКО.

Слободно време за ручек (не е вклучено во цената). Се упатуваме кон живописното езеро Чузендџи, кое се наоѓа во подножјето на планината Нантај (на 30км од Нико). Следува прошетка во реонот посета на еден од најпознатите и највпечатливи водопади во Јапонија, водопадот Кегон. Враќање во хотелот во Токио и ноќевање.

 

Ден 5 – 14.04.2018 Токио – Камакура – Токио (67км од Токио, трансферот е околу 40 мин со автобус)

Појадок. Целодневна прошетка до Камакура. Камакура е град кој се наоѓа југозападно од Токио и во неговиот реон има многу храмови и светилишта, благодарение на кои сеуште може да се долови атмосферата на стара Јапонија. Камакура е избран за главен град на Јапонија за време на владеењето на шогун Минамото во XII век и бил престолнина се до XIV век. Во периодот од 1185 – 1333 год од Кина се осеќа влијанието на зен будизмот кој станува популарен помеѓу самураите и подоцна има големо влијание на јапонската култура. Ќе го посетиме храмот Котокуин, будистички храм кој се наоѓа по течението на реката Џодо-шу, познат по прекрасната бронзена статуа на Амида Буда. Со својата височина од 13,35 метри, таа е втората највисока статуа на Буда во Јапонија. Потоа следува посета на храмот Тодајџи во Нара. Во центарот на градот се наоѓа најголемиот храм во Камакура - „Tsurugaoka Hachimangu“, познат како едно од најважните места за обожување. Храмот е основан во 1063 год. во Јоријоши и е преместен во 1180 год. на местото на кое се наоѓа денес, преместен е од Минамото Јоритомо, основач и првиот шогун на шогуната Камакура. Слободно време за ручек во некој од рестораните кои се наоѓаат на шеталиштето во градот (не е вклучено во цената). Следува посета на храмот Хасе Канон, познат по статуата на Канон, богиња на милосрдието. Храмот се наоѓа на врвот на ридот од каде има прекрасен панорамски поглед на целиот град, плажите и океанот. На врвот од една од зградите во комплексот се наоѓа библиотека која го носи со себе целото знаење од светот. Се смета дека кој ќе успее да ја заврти ќе го земе знаењето со себе. Враќање во Токио. Ноќевање.

 

Ден 6 – 15.04.2018 Токио – Планината Фуџи – Такајама (околу 530км од Токио, се патува околу 5ч 30мин)

Ран појадок во хотелот. Багажот ќе биде транспортиран одделно, прво до хотелот во Кјото и неопходно е да го оставите на рецепција во хотелот до 7ч 30мин. Ве замолуваме да имате подготвено рачен багаж за 1 ноќевање во Такајама. Во 8ч го напуштаме хотелот во Токио и се упатуваме кон планината Фуџи. После околу 2ч патување ќе направиме пауза за фотографирање на највисоката планина во Јапонија и врвот Фуџи (висок 3776м.). Се смета дека ова е света планина и секој Јапонец ја посетува барем еднаш во животот и ако се искачи до врвот ќе достигне духовно просветлување. Околу 14:00ч. пристигнуваме на железничката станица во Одавара од каде ќе се качиме на воз за Такајама. Пристигнување на железничката станица во Такајама околу 18:30ч. Трансфер до хотелот Takayama Okuhida Garden Hotel Yakedake 3* (или сличен на овој хотел), сместување и вечера (вклучено во цената) и ноќевање, ќе спиеме на традиционален јапонски начин на удобен душек поставен на земјата.

 

Ден 7 – 16.04.2018 Такајама – Ширакава-Го – Кјото (околу 325 км, патувањето е околу 5ч)

Појадок. Денес денот ќе ни започне со пешачка прошетка низ Такајама. Ќе ја посетиме зградата “Yatai Kaikan”, каде може да се видат 11 од познатите фестивалски пагоди на платформи кои се добро зачувани, кои денес се користат за време на третиот по големина фестивал во Јапонија, „Takayama Festival“, кој се прави во април. Продолжуваме со посета на стариот дел на градот и разглед на добро зачуваните згради од периодот 1600 – 1868 год, кога Такајама бил водечки занаетчиски и центар за трговија. Ќе влеземе во стара јапонска куќа од периодот Едо, која припаѓа на една од најпознатите фамилии на занаетчии во Такајама, Кусакабе. Ќе имате можност да ја видите куќата во која тие успешно го развивале својот бизнис, лихварството. Следува слободно време за ручек (не е вклучен во цената) на една од најстарите улици во градот Камисаномачи. Продолжуваме со патувањето (околу 50км) кон едно типично јапонско градче, Огимачи кое е под заштита на УНЕСКО за културно наследство во областа Ширакава-Го. Се наоѓа високо во планината Хаку. Во реонот има околу 200 куќи кои се со историја од повеќе од 250 години. Карактеристични за оваа архитектура, Гашо-закури, се стрмните покриви на куќите кои допираат речиси до земјата.  Гашо-закури значи наместени како раце за молитва односно го имитираат начинот на кој будистичките монаси ги позиционираат рацете за време на молитва. Всушност тие се така конструирани како би можеле да ја издржат снежната покривка во текот на зимата. Турата започнува од панорамската тераса на Огимачи. Ќе ја посетиме куќата Вада (најголемата куќа која е дел од музејот на отворено), која припаѓа на најбогатата фамилија во Огимачи која денес е претворена во музеј. Продолжуваме кон Кјото (околу 4ч со автобус). Пристигнуваме околу 21:00ч. и се сместуваме во хотелот Vessel Hotel Campana Kyoto Gojo 3*(или хотел сличен на овој) во Кјото. Ноќевање.

 

Ден 8 – 17.04.2018 Кјото

Појадок. Денес ни претстои целодневна обиколка на Кјото. Започнуваме со замокот Нијо-јо, кој бил резиденција на шогунот за време на првиот шогунат од периодот Едо (1603 – 1867год.). Продолжуваме кон храмот Кинкакуџи, будистичкиот храм со исклучително убава градина, признат за дел од 17-те историски споменици на древно Кјото и дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Следува посета на храмот Санџу-Сан-Ген-До или уште познат како храмот на 1001 статуи на Буда, каде во центарот на храмот ќе имаме прилика да ја видиме статуата на богињата Канон, богиња на милосрдието. Од двете страни на оваа статуа има редици од по десет статуи со човечки размер на истата богиња. Сите тие се распоредени покрај патеката до храмот која е долга 120 метри. Слободно време за ручек (не е вклучен во цената). Попладне, слободно време за прошетка во квартот Гион – стариот дел на Кјото, во која има многу ресторани и продавници кои се расфрлани низ тесните улички. Слободно време (после 18:00ч.). Ноќевање во Кјото.

 

Ден 9 – 18.04.2018 Кјото – Нара – Осака (околу 57 км.)

Појадок. Тргнување кон Осака, и попатно ќе застанеме за разглед во Нара. Нара е првата постојана престолнина на Јапонија која е основана во 710 год. Во следните неколку децении политичкото влијанието на монасите од храмовите во градот станува толку големо што престолнината ќе биде преместена од Нара во Нагаока. И покрај ова градот е сеуште еден од омилените градови за посета во Јапонија кој се наоѓа на половина пат од Кјото до Осака. Ќе ги посетиме храмовите Тодаији и Касуга, кои се наоѓаат во паркот на Нара, едно од најпопуларните места за прошетки во градот, познат по преку 1200-те елени кои живеат во него. Елените се исклучително дружељубиви и можете да ги нахраните со крекери кои се продаваат на територијата на паркот и кои се направени специјално за нив. Храмот Тодаији е изграден во 752 година и е врховен храм за будизмот во Јапонија. Низ годините поради силното влијание на храмот во државните работи ќе се издејствува престолнината да биде преместена од Нара во Нагаока. Ќе ја посетиме основната зграда на храмот, каде ќе можете да ја видите 15 метри високата бронзена статуа на Буда. Туристичка атракција во храмот е патеката на која има дупки, ако успеете да поминете преку неа се верува дека ќе добиете просветлување во следниот живот. Следна станица ни е шинтоистичкиот храм Касуга Таиша. Касуга Таиша е најважниот шинтоистички храм во Нара и е посветен на божеството, кое е заштитник на градот. Многу години служел како семејна гробница на една од највлијателните фамилии во градот. Храмот е познат по тоа што се градел на ново на секои 20 години до крајот на периодот Едо, кога таа традиција е прекината. Храмот е познат по специфичната архитектура на покривите на зградите, како и по стотиците бронзени фенери кои можете да ги видете по стреите на зградите. Околу ручек тргнуваме кон Осака. Ќе ручаме во локален ресторан (вклучен во цената). Ни претстои прошетка по трговската улица Дотонбори, која се наоѓа брегот на истоимениот канал. Улицата е позната по многубројните неонски реклами на големите продавници и ресторани. Следува посета на замокот Осака, еден од најпознатите јапонски замоци. Од најгорниот спрат на замокот ќе имате прилика да ја видите најубавата глетка на градот и паркот која не може да се опише со зборови. Продолжуваме кон највисоката зграда во Осака, „Umeda Sky Building”. По завршувањето на турата одиме кон хотелот Hearton Hotel Nishi Umeda 3* (или хотел сличен на овој) во Осака. Сместување во хотелот и слободно време. Ноќевање.

 

Ден 10 – 19.04.2018 Осака – Франкфурт – Софија

Рано наутро патуваме кон аеродромот во Кансај за лет до Франкфурт во 10:00ч. Слетување во 14:50ч. во Франкфурт. Промена на авион за лет до Софија и полетување за Софија во 18:55ч. и слетување во Софија во 22:05ч.

Крај на програмата!

 

Пакет со вклучени аеродромски такси

По лице во двокреветна соба

Единечна соба

Стандардна цена

3270 евра

3500 евра

 

 

 

Цената е дадена по лице во евра и вклучува:

  • Авионски билет Софија – Франкфурт – Токио – Осака – Франкфурт - Софија со вклучени аеродромски такси и багаж до 20 килограми, со авиокомпанијата „Lufthansa“
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром, како што е опишано во програмата
  • 4 ноќевања во Токио во  Monterey Hanzomon 3 * (или хотел сличен на него)
  • 1 ноќевање во Takayama во Takayama Okuhida Garden Hotel Yakedake 3 * (или хотел сличен на него)
  • 2 ноќевања во Кјото во хотел Vessel Hotel Campana Kyoto Gojo 3 * (или хотел сличен на него)
  • 1 ноќевање во Осака во хотел Hearton Hotel Nishi Umeda 3 * (или хотел сличен на него)
  • 8 појадоци во хотелите во Токио, Такајама, Кјото и Осака
  • 1 ручек во Осака (јапонска кујна)
  • 1 вечера во Такаемама (јапонска кујна)
  • Учество во церемонијата на чај во Кјото
  • Две полудневни панорамски тури на Токио
  • Целодневна посета на Нико со автобус
  • Целодневна посета на Камакура со автобус
  • Пауза за сликање со врвот на Фуџи
  • Целодневна турнеја на областа Shirakawa-Go и Takayama со автобус (со вклучена вечера)
  • Целодневна турнеја во Кјото
  • Полудневна турнеја до Нара со автобус
  • Полудневна турнеја на Осака (со вклучен ручек)
  • Билет за воз од Одвара до Нагоја (линија Хикари)
  • Билет за "воз стрела“ од Нагоја до Такајама (линија Wideview-Hida)
  • Тури на англиски со превод на бугарски јазик од страна на водичот на групата
  • Влезници за посетените локации според програмата
  • Водич на групата од туроператори при група од минимум 20 лица

 

Во цената не е вклучено:

  • Осигурување за откажување на патувањето или прекин на патувањето поради итни причини кои не зависат од клиентот, на барање на туроператорот
  • Лични трошоци и пијалаци за време на оброците

 

Откажувања:

Во случај на откажување на патувањето, компанијата ќе го врати уплатениот износ под следниве услови:

  • до 60 дена пред датумот на заминување: без пенали
  • од 59 дена до 31 ден - депозит
  • од 30 до 0 дена: 100% од целата сума на аранжманот

 

Распоред на лет:

10.04  СОФИЈА       14:10  ФРАНКФУРТ 15:30

10.04  ФРАНКФУРТ 18:05  ТОКИО          12:15 +1 (слетување на 11.04)

19.04  ОСАКА          10:00  ФРАНКФУРТ 14:50

19.04  ФРАНКФУРТ 18:55  СОФИЈА        22:05

Важни информации:

  • Цената важи за група од најмалку 20 патници.
  • Патувањето во Јапонија е без визи и не се потребни дополнителни вакцини.
  • Краен рок за известување за минимален број на учесници за патувањето е 21 ден пред поаѓање.
  • Плаќањето се врши до 22.02.2018.

 

Потребни документи за резервација

  • копија од пасош или пасош / валиден минимум 6 месеци од датумот на поаѓање / потпишан договор за организирано патување и депозит во износ од 1000 евра.
  • Плаќањето се врши во готово или преку банка.
  • Цените се изготвени при курс 100 ¥ = 0,77 ЕUR и при зголемување или намалување на курсот во рамките на 5% агенцијата го задржува правото на промена на наведените цени по курсот во моментот на конечната исплата.
  • Промената на наведените хотели со слични во иста категорија не се смета за значајна промена на програмата.

Страницата е посетена:

239

Печати

Share this product