МАЛДИВИ – Промотивни Пакети!

ИНДИВИДУАЛНИ ПАКЕТИ ЗА МАЛДИВИ

5 / 7 / 9 НОЌЕВАЊА

со вклученa aвионска карта  и  трансфер

Рајски архипелаг од околу 1190 острови, групирани во атоли кои како прстени се расфрлени низ Индискиот океан, со највисока надморска височина од 1.5m, податок кој сигурно ќе Ве эачуди. Но, коралните гребени кои ги опкружуваат овие острови го смируваат океанот и ги чуваат островите и нивните жители со векови.
Острови со бел корален песок, кокосови палми, изобилие од тропски растенија, како и прекрасниот и необичен подводен свет. Места кои  се одликуваат со својата единственост и кои никогаш повторно нема да ги најдете… тоа се токму овие рајски острови Малдивите.
Местоположбата, морето, ветерот и сонцето заедно формираат идеални услови за престој. Температурата се движи од 23 до 32 степени, но умерениот ветер кој постојано дува го прави престојот на островите пријатен. Дождовите обично се присутни во периодот јуни – јули, но сепак неможете да ги предвидите. Се појавуваат одеднаш без предупредување и веданш исчезнуваат.

ПРОМОТИВНИ ПАКЕТИ ЗА 2018 - АВИОН & ХОТЕЛ & ТРАНСФЕР


ХОТЕЛИ

ТИП НА СОБА

УСЛУГА

ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ

БР НА НОЌЕВАЊА

трансфер


5

7

9


FUN ISLAND 3*

Beach Front Room

FB

01.11-27.12

795

895 €

1055 €


07.01-31.03

885

1079 €

1279 €

глисер

01.04-30.04

839

999 €

1189 €

HOLIDAY ISLAND 4*

Superior Beach Bungalow

HB

01.11-27.12

855

995

1155

хидро-авион

07.01-31.03

1065 €

1299 €

1519 €

01.04-30.04

935

1115

1299

SUN ISLAND 5*

Superior Beach Bungalow

HB

01.11-30.11

875

999

1185

хидро-авион

01.12-27.12

899 €

1029 €

1225 €

07.01-31.03

1089 €

1349 €

1575 €

01.04-30.04

945

1135

1315

PARADISE ISLAND 5*

Superior Beach Bungalow

HB

01.11-30.11

865

1055

1255

глисер

07.01-31.03

1049 €

1339 €

1599 €

01.04-30.04

949

1185

1399

ROYAL ISLAND 5*

Beach Villa

HB

01.11-30.11

999

1199

1429

хидро-авион

01.12-27.12

1045 €

1269 €

1519 €

07.01-31.03

1199 €

1499 €

1769 €

01.04-30.04

1069

1315

1559

Програма на патување

Скопје – Доха
Полетување за Мале преку Доха во 11:40 часот со Qatar Airlines. Слетување на аеродромот во Доха во 18:25 часот.

Мале
Пристигнување во Мале. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер до избраниот хотел со брз брод (глисер), хидроавион. Пристигнување во хотелот и сместување. Ноќевање.

Малдиви
Сонце, бел песок, водите на Индискиот Океан, стотици напуштени островчиња, топли лагуни со нијанси на сина, тиркизна и зелена боја, “подводни градини” од корали. Првата асоцијација при споменувањето на Малдиви е егзотика, романтика, релаксација и смирувачка топлина, која овој тропски рај ни ги дарува. Ве уверуваме дека токму тоа ќе го пронајдете тука.
За сите љубители на водните спортови и истражување на подводниот свет има можност за дополнителни екскурзии од хотелите.

Мале –Доха
Појадок. Слободно време за плажа и забава. Трансфер од хотел до аеродромот во Мале со лет на Qatar Airlines, и полетување за Скопје преку Доха.

Доха-Скопје
Пристигнување во Скопје во 10:40ч.

Опис на хотелите:

Fun Island Resort & SPA 3*, South Male

http://www.funislandmaldives.com/

Fun  Island Resort & SPAсе наоѓа во South Male Atol, na okulu 45 минути возење со глисер од меѓународниот аеродром во Male. Се одликува со 2 опции за јадење и комфорни соби со приватни балкони, опремени со мини бар, фен за коса…..сместени на самата, бела песочна плажа со  поглед кон океанот или атолите.

Гостите можат да уживаат во одбојка на плажа, или да практикуваат водени спортови како сурфање на ветер и кајакарство. Нуркањето и нуркачките активности се исто така достапни.

Затоа, посетете го  Fun  Island Resort & SPA 4*- Малдиви, фатете некој сончев зрак на плажа, почестете се себеси во Спа центарот со целосна услуга, или уживајте во друштвото на најразличните тропски рипчиња при нуркањето кое ви е достапно веднаш покрај вашата соба.

Sun Island Resort & Spa 5*, Maldives

http://www.sunislandmaldives.net/

Sun island ќе Ви ги освои и душата и срцето со своите егзотични тропски цвеќиња и прекрасното зеленило како и најчистата, сафирно сина лагуна. Се наоѓа на 40км. од Аеродромот Мале и е најстариот неверојатен и живописен остров во Јужниот Ари Атол.

Sun island е најголемиот остров Ресорт на Малдивите и ги нуди сите модерни удобности и содржини за незаборавен одмор и уживање. Изобилува  со густа тропска вегетација и високи кокосови палми, толку бројни, што би можеле да се изгубите меѓу нив. Благодарение на широките плажи, насекаде окулу островот, нема да Ви биде проблем да си најдете свое, интимно катче.

Sun island е пример за добра услуга и кујна од светска класа.

Paradise Island 5* / North Male’ Atoll

www.paradiseislandmaldives.net

Положба: Лоциран е на 1000м. долгиот и 250м. широк остров Lankanfinolhu, на окулу 10км. оддалеченост од аеродромот Мале односно 15мин. возење со глисер.
Ресортот се одликува со бел корален песок и кристално чиста лагуна. На гостите им нуди 1 главен ресторан “Paradise” како и 4 Ala-carte ресторани ( Со Јапонска, Италијанска, Интернационална кујна и морски специјалитети ). Понудата е дополнета и со други содржини како Пица експрес, 5 барови, кафуле, базен, сувенирница, фотолабораторија, интернет WLAN (со доплата), златара, фризер, игралиште за деца и амбуланта.

Исхрана: Богата шведска маса за појадок и вечера во главниот ресторан а со доплата за полн пансион, вклучена е и шведска маса за ручек.

Сместување : На островот има 220 соби (Superior Beach Bungalow), бунгалови со површина од 26м2, сите со полуотворено купатило со када / туш, со надворешен туш, телефон, фен, ТВ, клима, вентилатор на плафон, минибар, тераса и сите на прва линија покрај море.

Спортови: Кошарка, одбојка, пинг понг а со доплата скијање на вода, едрење, банана чамци, чамец со провидно дно, сквош, бадминтон и 2 тениски терени, пикадо и фитнес центар.

Нуркање: Внатрешниот дел од гребенот е на окулу 300-400м. оддалеченост а надворешниот е на десетина минути возење со чамец. Во понуда е ПАДИ училиште за нуркање а може да се изнајми и опрема за снорклинг.

Royal Island Resort & SPA 5*, Maldives

Royal Island Resort & SPA, или Horubadho како што е наречен на локалниот јазик, е многу зелен остров и се наоѓа во Атолот БАА. Летот со мал хидро авион кој полетува од аеродромот на Мале трае 30 минути . Бидејќи Royal Island Resort е во средината на Атолот , земјата е поплодна отколку на многуте острови на работ на Атолот и има богата вегетација вклучувајќи ги неверојатните Banyan дрвја. Островот изобилува со голем број на содржини како: тениски игралишта, фитнес, спа и неверојатен базен со поглед на океанот

Цената вклучува:

  • Повратни авионски карти од Скопје преку Доха до Мале,
  • Асистенција на аеродром во Мале од страна на локалниот партнер,
  • повратен трансфер од аеродром до остров,
  • 5/7/9 ноќевања на база на наведената услуга

Цената не вклучува:

  • Аеродромски такси (298 ЕУР, не се со фиксна вредност ),
  • Патничко осигурување,
  • излети и екскурзии,
  • Излезна такса од Мале ( Окулу 20УСД )

Важни забелешки:

  • Цените се дадни во Еур, а плаќањето е исклучиво во денари по курс 62 за 1 евро
  • Цената на Авионските е карти е според моменталнато пребарување и истата може да варира при правењето на резервација во зависност од расположливоста на места
  • Аеродромските такси се подложни на промени по одлука на авиокомпаниите

Страницата е посетена:

150

Печати

Share this product