Бали за Велигден

ВЕЛИГДЕН / Бали

01. Април– 13.  Април 2018
13 дена / 10 ноќи

Бали – Рајскиот остров на боговите. Сместен во југоисточна Азија, на екваторијалниот премин на Индинскиот со Тихиот Океан, Индонезија. Овој тропски остров е толку сликовит што на прв поглед ќе ви се чини нереален. Опкружен е со кристално чисто море и долги, бели песочни плажи, додека во внатрошноста владеат џунгли, високи вулкански планински масиви, сликовити локални населби и импресивни оризови тераси. Бали е дестинација и атракција за секој посетител. Плени со богатото историско наследство за кое балижаните се особено горди. Овој народ успеал да ја задржи својата долга верска традиција која се отсликува на секој начин во секојдневниот живот на населението и во архитектурата која изобилува со величенствени храмови и палати.  За сурферите и љубителите на слични водени спортови нај атрактивна е западната обала каде се наоѓаат некои од нај убавите плажи на светот, додека источната обала е рај за релаксиран и мирен фамилијарен одмор со плажи од ситен песок и мирно море. Меѓу по атрактивните туристички области се Кута, Санур и Нуса Дуа, кои нудат многу забава, ресторани, барови и шопинг.

Bali Dynasty Resort 5*

Овој ресорт е лоциран во срцето на Кута на пешачко од центарот на Кута. Изобилува со монгу бројни активности кои престојот ќе го направаат уште попријатен – аква-аеробик, спа, фитнес сала, детско игралиште ,лекции за готвење и забавни игри. PlayStations и лаптопи се достапни за изнајмување.  Хотелот располага со 6 ресторани и 5 барови. Доручек се служи во ресторанот SEN5ES, додека вечерната забава во живо е придружена со тематските јадења во ресторанот H2O покрај базенот. Госстите можат да се уживаат и во Ирскиот паб на Граси Кели

BALI DYNASTY RESORT 5*
Кута


ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈ

02.04.2018 – 12.04.2018

УСЛУГИ

BB

НОЌЕВАЊА

10

Цена по лице во двокреветна соба

1.119 / 69.378 мкд

Цена за први 4 патници

999 / 61.938 мкд

Цена за резервации до 15. Декември

1.049 / 65.038 мкд

Цена за дете од 2 до 3,99 години

/  мкд

Цена за дете од 4 до 11,99 години

/  мкд

Попуст за трет возрасен

/   мкд

Доплата за еднокреветна соба

419 € / 26.034 мкд






 

 

 


БУЏЕТ ХОТЕЛ 3*

ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈ

02.04.2017 – 12.04.2018

УСЛУГИ

BB

НОЌЕВАЊА

10

Цена по лице во двокреветна соба

875 €  / 54.250 мкд

Цена до 15.Декември

799 €  / 49.538 мкд

Доплата за еднокреветна соба

€ /  мкд

Сместувањето е во еден од наведените или слични на нив хотели - HOLIDAY INN EXPRESS BARUNA, WINA KUTA HOLIDAY, THE ASANA – KUTA . Точното име на хотелот ќе се знае 7 дена пред поаѓање







 

 

 

 

Програма на патување:

1 ден     01.04 СКОПЈЕ – ДОХА
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, два часа пред лет, полетување за Доха во 12:15 часот со Qatar Airways.
2 ден        02.04 ДОХА – ДЕНПАСАР
Полетување од Доха кон Бали. Пристигнување во Денпасар (Бали) во 17: 20 часот. По завршување на пасошка и царнска контрола се упатуваме кон нашиот хотел на Бали. Слободно време. Ноќевање.            
3 – 11 ден       03.04 – 11. 04 - БАЛИ
Појадок. Слободни денови за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање или одмор. Вклучени придружни екскурзии:
Убавините на Кинтамани – Целодневен излет на кој ќе ги посетиме историскиот храм на Светиот Извор, убавините на планината Batur со истоименото езеро. Ќе ја искусиме мистеријата на Barong и Kris танците, кои долги години влеваа стравопочит кај луѓето. Исто така ќе го посетиме селото Celuk познато по сребро, селото Мас ознато по длаборез, каде ќе можете да купите најразните фигури изработени од дрво. ;      
Волшебен Северен Бали – Целодневен излет кој ќе ви ги долови сите природни убавини на северните делови на Бали. Ова е една од најприфатените тури на Бали. Се посетуваат езерцата-блинаци Buyun и Tamblgan, кои се опкружени до дождовни шуми. Исто така ќе ја посетите плажата Lovina, карактеристична по својот црн пеесок. Враќањето назад води преку вулканските славови преплавени со плантажи на кафе и ориз.  
ОЛЕ ОЛЕ – Полудневен излет кој им овозможува на туристите да бидат однесени на најатрактивните шопинг места. Водичите ќе ве однесат каде цените не се многу високи, а квалитет е гарантиран. За крај посета и уживање на Kecak  танцот.
Ноќевање.
12 ден      12.04 - БАЛИ – ДОХА
Појадок. Одјавување од хотел. Оставање на багажот во хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање. Трансфер до аеродром за Лет кон Скопје, преку Доха.      
13 ден  13.04 (петок) - ДОХА - СКОПЈЕ
Лет од Доха кон Скопје во 06:50, пристигнување во Скопје во 11:15 часот.

Цената влучува:

  • Авионски превоз  Скопје –Денпасар- Скопје со Qatar Airways
  • 10  ноќевања во избрнаниот хотел на база на ноќевање со појадок
  • Вклуечени 3 екскурзии:  2 целодневни + 1 полудневна
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Техничко водство / Пратител на групата

Цената не вклучува:

  • Аеродромски такси во висина од 294 еур / 18.228 мкд
  • Излезна такса од Бали (окулу 10 USD, се плаќа при излез од Бали исклучиво во локална валута);
  • Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативни излети

Забелешки:

  • Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
  • Во случај на помал број од 20 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но цената ќе претрпи промена
  • Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

Страницата е посетена:

46

Печати

Share this product