NEW YORK од 849е ПРОМО

Њу Јорк за 849 евра

Февруари 9 дена / 7 ноќи

Њу Јорк или “Големото јаболко” е една од најинтересните и најпосетените туристички дестинации во светот.

Градот кој дефинитивно остава импресивен впечаток на секој турист, не само со својата величина, туку и со своите содржини. Препознатливите архитектонски симболи на градот, како што е Статуата на слободата, Empire State Building, Rockefeller Center ќе ве остават без здив. Препорачуваме посета на музејот Metropolitan, музејот Guggenheim и театарот Broadway. Пробајте го коктелот Cosmopolitan или одете на шопинг. Космополитскиот дух на градот најдобро ќе го почувстувате доколку го посетите кинескиот кварт, малата Италија, предградието Soho… Секој кој еднаш го посетил “Големото јаболко” сигурно ќе посака повторно да се врати.

 

 

ТЕРМИН: 03.02.2018 / 11.02.2018

 

1. ДЕН БЕЛГРАД – ЊУ ЈОРК

Состанок на аеродоромот Никола Тесла 2 часа пред летот  за Њу Јорк со летот JU 500 во 07:30. Пристигнување во Њу Јорк во 11:30 по локално време. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2. – 7. ДЕН ЊУ ЈОРК

Сместување во хотелот Pennsylvania на Manhattan . Можност за органзирани факултативни излети и посета на музеи/театри...

 

8. ДЕН ЊУ ЈОРК – БЕЛГРАД

Слободно време. Трансфер до аеродромот за летот до Белград  ЈU 501 во 14:40. Ноќен лет со оброци во авионот.

 

9. БЕЛГРАД

Слетување во Белград на аеродромот Никола Тесла во 05:20.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

849 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА

Можност за резервација во други хотели во Њу Јорк на барање.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Авио карта со аеродромски такси
  • 7 ноќевања во хотел Pennsylvania
  • Повратен трансфер од аеродром до хотел и обратно
  • Трошоци за организација на аранжманот

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Трошоци за виза за Америка ( 160 $)
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Туристички такси и хотелски такси
  • Индивидуални трошоци на патниците

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: 50% од износот на аранжманот при резервација, а остатокот најдоцна 20 дена пред почеток на аранжманот. Плаќањето е во денарска противвредност 1 евро = 62 денари.

Страницата е посетена:

221

Печати

Share this product