mksqhrendeelrusr

ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАН
5.0/5 rating 1 vote

ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ СО МСЦ ФАНТАЗИЈА

Поаѓање 04.10.2019

10 дена

1 ден. 04.10.2019 Скопје - Џенова

Поаѓање од Скопје во 08:00 часот од паркингот кај спортски центар Борис Трајковски. Патување за Џенова преку Србија, Хрватска, Словенија, со попатни паузи.

2 ден. 05.10.2019 Џенова

Пристигнување во Џенова во претпладневните часови. Чекирање на бродот. Слободно време за разгледување на Џенова со водич. Испловување на бродот во 18.00 часот.

3 ден. 06.10.2019 Марсеј

08.00 – 17.00 часот

Марсеј е главен град на регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег во Франција. Сместен на јужниот брег на Франција претставува втор најголем град во Франција по број на жители (850.000).

Нарекуван од старите Грци и Римјани Масалиа, Марсеј бил најзначаен трговски центар во регионот и главно пристаниште на Француското Царство. Денес Марсеј е најголем француски град на Медитеранот и најголемо комерцијално, товарно и крузерско пристаниште. Градот беше Европски Културен Центар во 2013 година. Беше домаќин на Европското фудбалско првенство во 2016 годинаи Европски Центар на Спортот во 2017 година. Градот е седиште на неколку кампуси на Универзитетот Aix-Marseille.

Во античко време, основана од Хелени, Масалиа станала едно од најважните трговски центри во светот. Во тоа време бил аристократска република и драхмите кои биле ковани во Масалиа во тоа време можеле да се најдат низ целиот Медитеран. Градот бил дом на познатиот грчки математичар, навигатор и астроном Питеас. Градот служел како алка на поврзување помеѓу Галија која побарувала римски производи и вино и Рим кој имал потреба од робови. По Римската Граѓанска војна Марсеј потпаднал под Римска власт.

По распадот на Римското Царство економскиот просперитет на Марсеј продолжил се до неговото освојување од страна на франкскиот водач Шарл Мартел. Потоа следеле 2 века на постојани напади од Грци и Сарацени при што градот често пати бил разрушуван.

По 10от век градот бил под власт на грофовите од Прованса и повторно се издигнал. Во 1348 година Марсеј го зафатила црната чума која покосила 15 000 од тогашните 25 000 жители. Наскоро градот се опоравил и во 15от век бил присоединет кон Франција.  Низ 18от век одбрамбените капацитети на градот биле значително зајакнати и Марсеј станал главното Француско воено пристаниште на Медитеранот. Во 1720 година Големата Чума на Марсеј го зафатила градот – последната пандемија од овој вид во Европа која одзела 100.000 животи во овој регион.

Локалната популација ентузијастички ја прифатила Француската Револуција и испартила 500 доброволци во Париз во 1792 година за да ја бранат револуционерната власт. Нивната револуционерна песна, пеена додека марширале кон Париз била позната како Марсељеза која  денес е химна на Франција. Благодарение на јакнењето на Француската Империја, Марсеј доживеал значителен подем особено со отворањето на Суецкиот канал во 1869 година. Во меѓувоениот период Марсеј бил познат по силните криминални организации кои оперирале во градот и околината. Во втората Светска војна градот бил бомбардиран од Германците и Италијаните и бил окупиран во ноември 1942 година. 4000 Евреи биле уапсени и испратени во камповите во Полска во акцијата наречена Тигар. Старото пристаниште било уништено од Германците во 1943 година. Марсеј бил ослободен на 29 Август 1944 година од страна на 130.000 француски трупи. По војната поголемиот дел од градот бил обновен во текот на 1950те години. Владите на источна и Западна Германија како и Италија платиле огромни репарации на градот за претрпените штети во војната. По 1950 година пристаништето служело како влез на голем број на мигранти од Африка во Франција. Многу емигранти особено Алжирци останале во градот каде што формирале француско афрички кварт со голем пазар.

4 ден. 07.10.2019 Палма де Mајорка

10.00 – 01.00 часот

Палма е главен и најголем град на автономната заедница на Балеарските острови во Шпанија. Сместена е на јужниот брег на Мајорка во заливот Палма. Во градот и околината живеат над 600.000 илјади жители што ја чини Палма 12ти град по големина во Шпанија. Аеродромот во Палма опслужува над 22 милиони патници годишно.

Палма е основана како Римски камп кој им користел на Римјаните како пристаниште преку кое пловеле кон Африка. По падот на западното Римско Царство градот бил под Византиска контрола многу кратко по што во 902 година бил освоен од Маврите и бил под Исламска контрола до 1229 година. Во тој период на власт се смениле повеќе династии на исламски владетели. На 31 декември 1229 година по 3 месечна опсада градот бил освоен од страна на Џејмс Први од Арагон, тогашен владетел на Арагон, Барселона и Монпеље а, потоа на Мајорка и Валенсија. Неговото владеење било најдолго од било кој Ибериски монах. Тогаш градот го добил своето име Град Мајорка кое трае до денес. По смртта на Џејмс, Палма станала еден од двата главни градови на Кралството Мајорка. Синот на Џејмс Први, Џејмс Втори од Мајорка започнал изградба на повеќе објекти во градот како што се Замокот Белвер - првиот кружен замок во Европа, црквите Сент Францеск и Сент Доминго, ја реновирал палатата Алмудања и ја започнал изградбата на Катедралата на Палма.

Поволната географска положба на градот и овозможила екстензивни трговски односи со Каталонија, Валенсија, Прованса, северно афричките градови, Италијанските републики и провинциите кои биле под власт на Отоманското царство. Овој дел од историјата на Палма (14-15 век) се смета за златното време на градот.

Од поновата историја, Палма доживува процват како туристичка дестинација од 1950та година, привлекла туристи од целиот свет а работници од внтрешноста на Шпанија.

И, еден куриозитет, островот Палма е родно место на познатиот светски тенисер Рафаел Надал.

5 ден. 08.10.2019 Ибица

08.00 – 19.00 часот

Ибица е остров во Средоземното Море во близина на источниот брег на Шпанија. Се наоѓа на 150 километри од градот Валенсија. Островот е трет по големина на Балеарските Острови, автономна заедница на Шпанија.

Ибица стана добро познат по неговиот ноќен живот, електронска музика која потекнува од островот.

Пристаништето во градот Ибица е впишан во културното светско наследствона УНЕСКО.

Покрај ноќниот живот Ибица е познат по тоа што големи делови од островот се под заштита на УНЕСКО и на тој начин заштитени од развој и комерцијализација на главните градови.

Поради својата убавина, доста компании и уметници често го користат островот за фотографирање и снимање на филмови. Споменикот "The Egg" подигнат во чест на Кристофер Колумбо може да се најде во “Sant Antoni”. Ибица е еднo од неколкуте места кои се сметаат како негово родно место.

Локалната кујна на Ибица е типично медитеранска.

Ибица има 57 различни плажи.

Почвата на Ибица има портокал ова боја како резултат на игличките кој паѓаат од боровите дрвја.

6 ден. 09.10.2019 Пловидба

Уживање во содржините на бродот.

7 ден. 10.10.2019 Неапол

07.00 – 17.00 часот

Неапол, што значи "нов град" е главен град на италијанската област Кампанија и трет по големина во Италија, по Рим и Милано. Неапол е 9-тa најнаселена урбана област во Европската унија, со население од 3 милионижители. Околу 4,4 милиони луѓе живеат во градското подрачје на Неапол, еднa од најголемите метрополи на Средоземното Море.

Историскиот центар на градот Неапол е најголем во Европа.

Во поглед на спортот Неапол доминира во фудбалот со многубројни европски трофеи.

Неапол е познат по своето богатство на историски музеи. Во Неапол Националниот археолошки музеј е еден од главните музеи во градот, со една од најопширните колекции на артефакти на Римската империја во светот.

Неапол е седиштето на Архиепископијата на Неапол, и Католицизмот е многу важно сегмент од животот на населението. Постојат стотици цркви во градот. Катедралата на Неапол е главно седиште за богослужба на градот. Секоја година на 19 септември, таа е домаќин на долгогодишното чудо на светецот Свети Јануариј - заштитник на градот.

Покрај “Piazza del Plebiscito”, Неапол има два други големи јавни плоштади: плоштадот Данте и плоштадот Деи Мартири.

Од многубројните јавни паркови во Неапол, најистакнат е “Villa Comunale” најголемиот зелен простор во градот.

Градот се наоѓа во заливот на Неапол, на западниот брег на Јужна Италијa на надморска височина од 450 метри. Се наоѓа помеѓу два значајни вулканските региони.

Неапол има главно Медитеранска и влажна суптропска клима. Зимите се ладни и влажни, а летата топли и умерено суви.

Неапол веќе долго време е центар на уметноста и архитектурата, полн со уметнички дела од средновековна, ренесансна и барокна ера, цркви, замоци и палати.

Неапол е меѓународно познат по својата кујна и вино како резултат на кулинарски влијанија од голем број на култури кои ја населувале во текот на својата историја, вклучувајќи ги и Грците, Шпанците и Французите.

Неапол традиционално се кредитира како дом на пицата. Пицата Маргарита била именувана по кралицата Маргарита од Савоја по нејзината посета на градот. Се готви традиционално во печка на дрва.

8 ден. 11.10.2019 Ливорно

09.00 – 19.30 часот

Ливорно е Италијански пристанишен град на западниот брег на Тоскана. Познат по вкусната морска храна, ренесансните утврдувања и модерното пристаниште.

9 ден.  12.10.2019 Џенова – Скопје

Пристигнување во Џенова во 08:00 часот. По излегување од бродот поаѓање за Скопје. Попатно застанување во Noventa Di Piave – еден од најголемите Outlet designer во Италија. Продолжување на патот кон Скопје.

10 ден. 13.10.2019 Скопје

Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 13.10.2019

 

 

Цената вклучува:

  • повратен автобуски превоз на релација Скопје Џенова  Скопје (удобен високоподен автобус со клима, ТВ + видео)
  • крстарење според програмата,
  • сместување во избраната категорија на кабина,
  • проширен полн пансион (појадок, ручек, вечера, ужина),
  • италијанска вечер каде имате можност да се запознаете со капетанот на бродот, 
  • сите забавни програми и анимации, претстави во театар, влез во казино и дискотека, спортски активности, употреба на фитнес, сауни, базени и џакузи, лежалки, организиран разглед на Марсеј, Палма де Мајорка, Ибица, Неапол, Ливорно (се доплаќа само шатл бус од бродот до центарот на градот во местата каде што пристаништето е подалеку од центарот на  градот како што се Марсеј, Палма де Мајорка, Ибица),
  • трошоци за организација на патувањето,
  • лиценциран водич на групата.

Цената не вклучува:

  • Пристанишни такси во висина од Еур 140
  • Бакшиш на бродот, еур 10 дневно (во моментот на изготвување на програмата)
  • Патничко осигурување
  • Шатл бус за превоз од пристаниште до центар на град во Марсеј, Палма де Мајорка, Ибица.
  • Ова патување е во организација на туристичка агенција Ел Мундо.
  • За користење авионски превоз до Италија надвор од предвидената програма, цената на автобуската програма НЕ се намалува.

Плаќање:

50% од аранжманот по прифаќање на понудата. Остатокот 30 дена пред почеток на патувањето. Уплата се врши исклучиво во денари по курс 62 мкд.

За ова патување важат општите услови на патување на ЕЛИДА ТУРС и MSC Cruises

 

 

866

Leave a comment

You are commenting as guest.