mksqhrendeelrusr

ИРАН - Магијата на древната Персија
5.0/5 rating 1 vote

ИРАН - “МАГИЈАТА НА ДРЕВНАТА ПЕРСИЈА

СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ТЕХЕРАН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ 

06.10.2018 – 12.10.2018 

 6 ДЕНА / 5 НОЌИ, ХОТЕЛ, ПОЛУ ПАНСИОН, АВИОНСКИ ПРЕВОЗ, ТРАНСФЕР, ЕКСКУРЗИИ, ПРЕТСТАВНИК ОД АТЛАНТИС

 

Иранзапознајте ја древната персиска култура на која Иранците се многу горди. Заљубете се во Иран поради литература која е стара повеќе од 2500 години, величествената архитектура, чудесна историја  и традицијата на Заратустра. Искусете го гостопримството на Иранците, иранската традиција и уметноста кои претставуваат вечен извор на инспирација. Главниот град Техеран е жив град со ориентална атмосфера, палата, музеи и пазари односно, град со богата историја и архитектура. Исфахан е најубавиот ирански град и освежување за душата, каде ве очекува: елегантна архитектура, величествени џамии, убави паркови, цвеќиња и фонтани. Културната престолница Шираз е град на розите, познати личности и поети. Уживајте во погледот на пејзажот кој изгледа како некоја друга планета. Иран - архитектонски скапоцен камен кој го создал персискиот народ, кој ги воодушевувал и инспирирал бројните поети и уметници, кои ги преточиле своите стихови во океани на љубовта и духовноста.

Ден 1 (06.10.2018) | Скопје - Истанбул

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје, два часа пред лет. Полетување од Скопје 20:55 часот, лет TK1006 со авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување на аеродромот во Истанбул во 23:30 часот.

Ден 2 (07.10.2018) | Истанбул - Техеран

Полетување од Истанбул за Техеран во 01:30 часот. Пристигнување на меѓународниот аеродром во Техеран (IKA Tehran Imam Khomeini International Airport) во 05:00 часот, по локално време. Пречек и асистенција на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер до хотел. Сместување во хотелот, по што следи појадок. По појадокот, во околу 09:30 часот се заминува на целодневен разглед на главниот град на Иран, кој се наоѓа помеѓу 1100 и 1700 метри надморска височина. Ќе ги посетите некои од главните музеи во Техеран, вклучувајќи го иИранскиот Национален музеј (Mūze-ye Melli-ye Irān), кој има поставка на автентична колекција на праисториски и антички артефакти со грнчарија која датира од 6 - 7 милениум ПНЕ. Се продолжува со посета на познатата и величествена палата Голестан (Kāx-e Golestān), некогашен кралски комплекс на династијата Каџари, еден од најстарите споменици на културата во Техеран. По ручекот, се посетува мостот Табијат (Pol-e Tabi'at), што буквално значи Мост на прородата, кој се смета за најголем пешачки мост во Иран. Функцијата на мостот е да поврзе две зелени површини - Паркот на водата и огинот на запад со Парк - шумата Талекани на исток, и се состои од три спрата поврзани со скали и рампи. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера во хотелот. Ноќевање.

Ден 3 (08.10.2018) | Техеран - Кашан - Исфахан

Појадок. По појадок рано утрото се заминува кон пустинскиот град Кашан (Kashan), главен град на провинцијата Исфахан, за посета на историската персиска градина Фин (Bagh-e Fin), заштитена од УНЕСКО како дел од светското наследство, која датира од 16 - ти век, прво била засадена за време на Сафавид периодот. Градината се протега на површина од 2,3 хектари со главен двор опкружен со ѕидини на четири кружни кули. Како и многуте персиски градини од овој период, градина Фин содржи голем број на канали, базени и фонтани, во кои водата доаѓа од еден извор на падината зад градината. Исто така ќе се посети и прекрасната резиденција од 19 - тиот век, куќата Borujerdi (Khāneh-ye Borujerdihā) која е уште еден примерок на историска архитектура, за која биле потребни цели 18 години да се изгради ова здание. Продолжување на патувањето кон Исфахан (Esfahān). Сместување во хотел и вечера. Ноќевање.

Ден 4 (09.10.2018) | Исфахан

Појадок. По појадокот се заминува на целодневен излет низ прекрасниот град Исфахан (Esfahān), престолнината за време вледеењето на династијата на Сафавидите од 17 - иот век, еден од најубавите градови на Иран. Во 1598 година, династијата Сафавид го направила Исфахан главен град на својата империја. Дури и денес, градот задржал голем дел од својата мината слава. Познат е по својата персиско - исламска архитектура, раскошен со многу убави булевари, покриени мостови, палати, величествени џамии и минариња, богати чаршии и живописни градини. Поради тоа настанала и персиската поговорка "Esfahān nesf-e- jahān ast" (Исфахан е половина од светот). Се посетува еден од најголемите светски плоштади Maidan-e-Naghsh-e-Jahan, со површина од 510 х 160 м², и е втор по големина стар градски плоштад во светот, и од 1979 година се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно наследство. На четири страни на плоштадот се наоѓаат четири извонредни архитектонски споменици: палатата Али Капу(Kāx-e Ālī Qāpū) со волшебните акустични “музички соби” и балконот со поглед на Maidan, од каде што Сафавидските кралевите ги гледале поло игрите, и две од најголемите џамии во исламскиот свет - џамијата Sheikh Lotfollah и  џамијата Imam - со величествена архитектура и мозаик од плочки, и завршувајќи со посета на чаршијата Qeysarie Bazaar, со стотици продавници со уметнички занаети и ракотворби за кои Isfahan е светски познат. Враќање во хотел и вечера. Ноќевање.

Ден 5 (10.10.2018) | Исфахан - Шираз

Појадок. По појадокот се заминува кон Шираз (Šīrāz). Попатна посета на Пасаргад (Pasargadae) еден од главните градови на Персиската Империја за време на владеењето на иранската династија Ахемениди, местото на имресивната гробница и остатоци од палатите на Кир Велики, основач на Персиското Царство, кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Исто така се посетува и Персеполис, едно од најважните места на античкиот свет, церемонијалниот главен град на Ахеменидските кралеви со остатоците од палатите на кралевите Дариј Велики (Darius the Great), Ксеркс (Xerxes) и Артаксеркс (Artaxerxes). Комплексот на Персеполис се наоѓа на возвишена тераса и се состои од неколку кралски палати, ризници и придружни згради, две големи церемонијални сали; "Сали од илјада столбови", украсени со бар - релјефи, најпрепознатливите елементи на персиската архитектура од тоа време. Градбата на величествениот град Персеполис ја започнал кралот Дариј Велики, а за време на своите походи го запалил прочуениот македонски владетел Александар Македонски. Останките на денешниот град се разположени на 70 km североисточно од градот Шираз. Возење и пристигнување во Шираз. Сместување во хотел и вечера. Ноќевање.

Ден 6 (11.10.2018) | Шираз

Појадок. По појадокот се заминува на разглед на Шираз (Šīrāz), градот познат какоградот на розите, славејчињата, поезијата и градините. За време на историјата на своето постоење, тој бил еден од најважните градови на средновековниот исламски свет и главен град за време на владеењето на династијата Занд, за чие време се изградиле поголем дел од прекрасните згради, палати... Ќе се посети мавзолејот на еден од најголемите персиски поети Хафез (Hafez), разглед на палатата со градините Наренџестан (Narenjestan), и џамијата Nasir-ol-Molk Mosque, наречена уште и Розева џамија, поради розевите плочки кои ја украсуваат нејзината внатрешност. По ручекот се посетува тврдината на Карим Кан (Arg-e Karim Khan), која ја изградил основачот на династијата Занд, Шахот Карим Кан, која била била изградена како дел од комплексот кој се протега на површина од 12.800 м² и служела како живеалиште на неколку кралеви од династијата Занд. Враќање во хотел и вечера. Ноќевање.

 Ден 7 (12.10.2018) | Шираз - Скопје

Одјавување од хотелот. Ран утрински трансфер до меѓународниот аеродром во Шираз. Полетување од Шираз за Истанбул во 02:00 часот, лет TK 885 со авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување на аеродромот во Истанбул во 05:35 часот локално време. Полетување од Истанбул за Скопје во 07:50 часот. Слетување на аеродромот во Скопје во 08:25часот.                                                                                                                                                                                                                                         

ЦЕНИ И АРАНЖМАН 

Цена на пакет аранжман по лице:

 

  Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје - Истанбул - Техеран / Шираз - Истанбул - Скопје, со авиокомпанијата Turkish Airlines;
  • Трансфери аеродром - хотел - аеродром;
  • Сите трансфери и екскурзии  споменати во програмата;
  • 5 ноќевања во хотели со 4*, на база на полупансион (појадок и вечера);
  • Локален водич на англиски јазик за време на сите екскурзии во програмата;
  • Придружник  за целото време на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси од 200 €, кои подлежат на промена ;
  • Дополнителни факултативни излети;
  • Индивидуални трошоци;
  • Храна, пијалоци и услуги кои не се споменати во програмата;
  • Виза за Иран со еднократен влез – 90 € по лице;
  • Задолжително патничко осигурување.

Неопходни документи за издавање на туристичка виза за Иран:

  • Оригинал биометриски пасош со важност од најмалку 6 месеци по враќањето од патувањето. Напомена: Пасошот треба да има најмалку 2 празни страници за ставање на визата.
  • Две неодамнешни фотографии во боја (на бела позадина), со големина "2 x 2" / 5 cm x 5 cm;
  • Потврда од работа.

Забелешки:

  • Цената на аранжманот е калкулирана по среден курс на aмериканскиот долар и при промена на девизниот курс за повеќе од 5% организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на редоследот и тајминзите во програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се предмет на промени во зависност од состојбата на терен и други објективни причини;
  • При лоши временски услови или  друга виша сила, организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата. Времето на полетување и слетување се предмет на потврда од авиокомпаниите;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот;
  • Дополнителните факултативни излети се закажуваат и плаќаат во матичната агенција.

Услови за отказ:

  • До 40 дена пред заминување - се задржува нерефундабилниот депозит од 50%;
  • од 39 дена до 0 дена пред поаѓање - 100% од цената на аранжманот.
21

Leave a comment

You are commenting as guest.