mksqhrendeelrusr

Taјланд | Пукет и Пи Пи Остров - Промоција
5.0/5 rating 1 vote

ТАЈЛАНД | ПУКЕТ + ПИ ПИ ОСТРОВ

7 / 9 / 12 НОЌИ

ДЕНОВИ НА ПОЃАЊЕ: ПОНЕДЕЛНИК, СРЕДА И ПЕТОК

ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ: 01.05.2018 - 31.12.2018

ПЕРИОД НА РЕЗЕРВАЦИЈА:  03.06.2018 - 10.07.2018

 

ПРОГРАМА

Ден 1 | Пукет

Полетување од Скопје.

Ден 2 | Пукет

Пристигање на аердромот во Пукет, пречек и трансфер до хотелот. Остатокот од денот одмор, можете да одите на традиционална тајландска масажа, да се изненадите од локалните вкусови или да уживате во зајдисонцето во стилскиот клуб на плажа. Опциите се неограничени. Ноќевање во Пукет.

Ден 3 | Пукет - Пи Пи остров

Трансфер до пристаништето Royal Phuket Marina во 12:00 часот за трансфер со брзиот брод до хотелот во Koh Phi Phi. Сместување во хотел и одмор. Ноќевање со појадок во хотел во Koh Phi Phi.

Ден 4 - 5| Пи Пи остров

Слободно време за релаксирање во базен или на плажа. Ноќевање со појадок во хотел во Koh Phi Phi.

Ден 6 l Пи Пи остров - Пукет  

По појадокот, слободно време се до трансферот со брзиот брод до Royal Phuket Marina Pier и копнен трансфер до ресортот во Пукет. Ноќевање со појадок во хотел во Пукет.

Ден 7 - 8 | Пукет

Релаксирање покрај базен или на плажа. Не треба да се пропуштат можностите за посета на храмовите во Пукет и колонијалните куќи. Локалниот преставник ќе Ви помогне да ги одбрете и да ги резервирате аранжманите. Пукет навистина е рај за земјата, најголема и најпозната дестинација од соништата во Тајланд.
Ви препорачуваме една вечер посета на Siam Niramit, светска класа перформанси на уметноста и културното наследство на Тајланд. Се користи најнапредната технологија во светот за создавање на многу реалистично, стимулирачко и инспиративно искуство. Шоуто започнува во 20:30 часот, но вратите се отвораат во 17:30 часот за пристап до ресторанот, и да им се даде можност на посетителите да уживаат и во другите атракции на локацијата. Ноќевање со појадок и една вечера во Пукет.
Забелешка: Siam Niramit Show не работи во Вторник.

Ден 9 | Пукет - Македонија

Појадок и слободно време, трансфер до аеродромот во Пукет за натамошно патување до вашата избрана дестинација. Вклучен појадок.

Пакетни цени од лице:

Пукет - 1 ноќевање, Пи Пи остров - 3 ноќевања и Пукет - 3 ноќевања (7ноќевања)

Пукет - 1 ноќевање, Пи Пи остров - 3 ноќевања и Пукет - 5 ноќевања (9 ноќевања)

Пукет - 1 ноќевање, Пи Пи остров - 3 ноќевања и Пукет - 8 ноќевања (12 ноќевања)

Вo цената на аранжманот е вклучено:

  • Сместување7 / 9 / 12 ноќи хотелско сметување;
  • УслугаПојадок;
  • ТранспортКлиматизиран транспорт, трансфер според програмата со седиште, Авионски превоз: Скопје - Пукет - Скопје (со еден трансфер);  
  • Влезници и активностиSiam Niramit Show со ручек и обезбеден трансфер од и до хотел (пијалоците не се вклучени);

Предности:

  • Можности за  бесплатна надградба во делукс соба со поглед кон море во The Tide Beach Front Siray;
  • Бесплатен трансфер од хотелот Tide Beach Front Siray до градот Пукет и трговски центар исклучиво;
  • Бесплатен пијалок за добредојде и Wi - Fi во Tide Beach Front Siray;
  • Бесплатно чај и кафе приготвување во соба во Tide Beach Front Siray;
  • Бесплатен пристап до базен и фитнес ценар во Tide Beach Front Siray;
  • Бесплатен пристап до клубот за деца во Chanalai Garden Resort;
  • Една вечера со морски тајландски специјалитети со вклучен еден безалкохолен пијалок или едно шише вода за две лица во Zeavola Resort;
  • Бесплатен пијалок за добредојде, дневно добредојде со овошје во Zeavola Resort;
  • Бесплатно користење базен во Zeavola Resort;
  • Бесплатно Wi - Fi во сите области во Zeavola Resort;
  • Бесплатен кафемат / чај за приготвување во соба во Zeavola Resort;

Honeymoon предности:

  • Купи еден (1) добиј еден (1) час бесплатен Aromatherapy Treatment (еднаш  е дозволено во текот на  престојот);
  • Дневно добредојде со тропско овошје. Бесплатен пијалок за добредојде, дневно добредојде со овошје и ноќно исклучување на подарок во Zeavola Resort;
  • По пристигнувањето добивате шише со вино во соба;
  • Загарантирано King Size кревет и цветна декорација во соба за пристигнувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси околу 298 € (аердромските такси се променливи, и се валидни на денот на резервација);
  • Лични трошоци, пијалоци и оброци кои не се наведени во програмата;
  • Бакшиж за водичот и шоферот;
  • Останати факултативи и екскурзии;
  • Тајландска виза 90 €;

Потребни документи за виза:

  • Формулар за виза;
  • Биометриски пасош (со важност повеке од 6 месеци);
  • 1 слика пасошки формат;
  • Копија од издаден авиобилет;
  • Тајландска виза 90 €;

Трет возрасен / политика за деца:

  • Нема попуст во цената за дете 2 - 11 години, доколку е сместено со 1 возрасен;
  • Деца над 12 години се сметаат за возрсен;

Капацитет на соби:

  • Максимум капацитет: 3 возрасни или 2 возрасни и 1 дете;

Сместување - Хотели:

Правила и услови:

  • Раното пријавување или доцното напуштање на хотелот, како и конектираните соби се предмет на достапност и не се гарантирани;
  • Агенцијата организатор го задржува правото да го промени редоследот на поедини содржини во програмата како резултат од објективни причини;
  • Нема враќање за неискористени услуги. Раздвојување на пакетот не е дозволено;
  • Двокреветен кревет и овошна даска обезбедена за honeymooners е предмет на достапност;
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Пакетната цена може да има промена доколку не е достапна промотивната цена на авионскиот билет според бараниот датум;

Политика за отказ:

  • До 30 дена пред датумот на заминување, 60% пенали;
  • Помалку од 10 дена пред датумот на заминување, се наплатува 80% од вкупната сума;
  • Од 10 - 0 денови, се наплатува 100%;

4 USP

THE TIDE BEACHFRONT SIRAY PHUKET

  • Одлична локација;
  • Соба со поглед на базен или море;
  • Прекрасен хотел и храна;
  • Објектот располага со 2 базени еден покрај морето, а другиот се наоѓа помегу двете згради;
  • https://drive.google.com/drive/folders/0BzDvAEB5MAdBdFBwMW9NUVh0bE0

ZEAVOLA RESORT

Напомена:

Цената на пакетот може да варира во зависност од расположливоста на местата на авион .

 

 

43

Leave a comment

You are commenting as guest.