Култура - Cultural tours

Византиско сликарство (црквите) во Македонија

8 дена/7ноќи тура

Блискоста и влијанијето на двата најголеми Византиски центри - Солун и Цариград, оставиле големо влијание и во уметничкото творештво на Македонија. Одалеченоста и словенската култура од друга страна оставиле печат во различноста на таа уметност. Визнатиската уметност во Макдонија е мост помеѓу Истокот и Западот.

Пештерните цркви на брегот на Охридското езеро

2 дена/1ноќ тура

Пештерните цркви на брегот на Охридското езеро, можеби на прв поглед, покрај таква раскошна и богата убавина да се одбере аскестски живот изгледа необично, но таа убавина можеби најмногу наликува на божествената. Тура која ќе ви ги открие мајсторски израборени фрески во самотија и аскетизам...

Скопје city tour

полудневна тура

Скопје, главниот и најголем град во Македонија во кој можете на секој чекор да ја осетите средбата на Истокот и Западот, модерното и старото, ориенталното и ренесансното, има историја долга повеќе од 2000 год  и е вистинско место за почеток на Вашето откривање на Македонија.

Битола city tour

полудневна тура

Битола позната и под името “Град на конзулите”.  Дури и денес е забележлива одминатата елеганција на фасадите на куќите на секогаш полниот со луѓе Широк Сокак, како и Битолскиот парк каде излегуваат секогаш дотераните Битолчани...Посета и на античкиот локалитет Heraclea Lyncestis, најзачуваниот Антички град во Македонија...

Струга и Калишта

полудневна тура

Струга, вториот град по големина на брегот на Охридското езеро, низ кој извира реката Црн Дрим и му дава посебна живописност и убавина на овој град. Струшката чаршија со своите дуќани, ресторани, златари ќе остават траен впечаток врз секој посетител. Посета и на манастирскиот комплекс во Калишта...

Св. Јован Бигорски

полудневна тура

Мијачкиот крај покрај природните убавини најмогу e познат по градителството, резбарството и иконописот. Ако сакате да го доживеете целокупното достигнување на овој крај – манастирот Св Јован Бигорски е пример за врвните достигнувања на градителите, резбарите и зографите...

Македонија и Албанија - околу езерото

целодневна тура

Тура околу Охридското езеро, исполнета со пејсажи и како две култури на блиски но сепак различни начини уживаат во убавните на Охридското езеро. Посета на манастирот Св. Наум и изворите на Црн Дрим, посета на изворите во Тушемиште во Албанија, Поградец, мозаиците во селото Лин, Струга...