Пештерните цркви на брегот на Охридското езеро

ДВОДНЕВНА ТУРА

ПРОГРАМА:

Прв ден:

1) Посета на пештерната црква Св. Архангел Михаил, 13 и 14 век, во селото Радожда, близу до градот Стуга.
Тоа е еден од најубавите краеви на западниот брег на Охридското езеро, каде има повеќе пештерни цркви изградени во карпи. Една од нив е посветена на Архангелот на Бестелесната Стража – Архангел Михаил.

Повеќето фрески датираат од 14 век. Една од зачуваните композиција која датира од 13 век “Чудото на Хона” креирана во чест на патронот на црквата е посебно впечатлива.

 

2) Св. Атанасиј, 14 век, Калишта близу Струга.
Јужно од манастирот Калишта, во природни карпи, се наоѓа пештерната црква посветена на Архебископот од Александрија – Атанасиус. Една од најзначајните композиции на средновековното сликарство во Струга се наоѓа  во оваа црква.Иако не се зачувани пипувани извори за времто на нејзиното подигање, сепак стилските белези укажуваат на тоа дека е подигната во 14 век.Набљудувајќи го целокупниот фреско живопис, сигурно ке го забележите талентот на непознатиот уметник кој го  насликал. Насликаните сцени од Библијата се предадени со многу љубов.Дел од фреско живописот е од понов период од 19 век.

3) Во селото Калишта близу Струга се наоѓа и манастирски комплекс, посветен на Пресвета Богородица, манастирски куќи (конаци) и една нова црква изградена во традиционален стил. Комплексот одлично се вклопува во идиличноста и мирнотијата на местото.

4) Пештерна Црква Св.Спас 14 век, Вишни Струга.
Оваа црква е лоцрана на 2 км северно-источно од селото Вишни, по кањонот на реката Сушица, на местото наречено “Трпезите”. Цркавата се наоќа на 90 м од подножјето на карпите и до истата се стигнува по тесно патче издлабено во карпите. Во поново време патеката е обновена со скали.

5) Св. Еразмо, 13 век, на патот Охрид – Струга
Пештерната црква Св. Еразмо денес е еднокорабна црква, изградена на темелите на постара пештерна црква. Св. Еразмо е познат христијански учител, кој ја ширел христијанската вера на овие простори во 3 век. Тој не е основач на манастирот, туку тој е подигнат во негова чест.Од фреско живописот на црквата највеќе внимание привлекува портретот на Св. Еразмо и Византискиот император Андроник II Палеолог.

Втор ден:

6) Пештерна црква кај Св. Јован Канео - Охрид
Оваа малку позната црква е лоцирана на камен гребен под најпознатата Охридска црква Св. Јован Канео. Е малечка пештерна црква која се вклопува во природните карпи, и теско може да се забележи.

7) Црква посветена на Св. Богородица од 14 век с.Велгошти
На два километри одалеченост од манастирото Св. Параскевеа и на половина час одалеченост од селото Велгошти се наоѓаат остатоци од малечка пештерна црква. По пожарот кој ја зафати црквата во 1991 таа е целосно реставрирана и има нов фресеко живопис од 1995.

8) Св. Стефан Панцир, 15 век се наоѓа на патот Охрид – Св. Наум
Црквата датира од 14 век и е изградена во природна карпа.

9) Пештерна црква од 14 век, во близина на село Пештани - Охрид
Оваа црква е лоцирана на 20 км од Охрид и содржи најдобро зачуван фреско живопис.
Според стилот на фреско живописот оваа црква е слична на живописот на црквата Марков Манастир во Прилеп.

10) Св. Никола, 14 век, пештерна црква во село Љубаништа на 25 км од Охрид.
Посебна вредност има фреската на Марија Магдалена еден од најубавите примероци на пештерно сликарство.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ

Specifications

  • Култура

Страницате е посетена:

1877

Печати

Share this product