Св. Јован Бигорски

 

 

Почеток на турата во утринските часови. Групата ќе ја води стручен туристички водич.

Мијачкиот крај покрај природните убавини, на националниот парк Маврово, кањонот по течението на реката Радика е и најмогу познат по градителството, резбарството и иконописот.

Позната е поговорката Стамбол гори, Дебар го гради.

Ако пак сакате да го доживеете целокупното достигнување на овој крај – манастирот Св Јован Бигорски е пример за врвните достигнувања на градителите, резбарите и зографите од овој крај.

Патот на оваа тура води низ Струга, по течението на ректие Дрим и Радика и живописното кањон на реката Радика. Пејсажите се импресивни надополнети со идиличната атмосфера на селата.

На овие реки се изградени и две хидроцентрали Глобочица и Шпиље.

Се поминува и низ Дебар еден од градовите во западна Македонија.

Пристигнување во манастирот Св Јован Бигорски и разглед.  Бигорскиот манастир го основал монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разурнат од Турците, и останала само една мала црква. Од помениците исто така се дознава за обновувањето на манастирот во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој е и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Манастирот Св. Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Него го правеле мајсторските раце на тајфата на Петре Филипов - Гарката од селото Гари. Петре Филипов - Гарката, братму Марко, Макрариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип од родот Филиповци од Осој, во периодот од 1829 до 1835 година успеале да создадат врвно уметничко копаничарско дело.

Иконостасот е поделен во шест хоризонтални појаси. Првиот во основата е составен од правоаголни полиња на кои има орнаменти од флората и фауната. Вториот појас, во кој се поместени престолните икони, завршува со фигура на орел со раширени крилја. Третиот појас е поделен на три помали хоризонтални разделби во кои симетрично се распоредени ангели, гроздови, гранки од винова лоза и др. Над нив се наоѓаат два реда икони - празнични и со претстави на апостолите. Во централната партија се наоѓа големиот крст на којшто е претставено Христовото Распетие. На обете страни од крстот стојат фигури на змеј од чии усти се креваат иконите на Св. Јован и Св. Богородица.

Убавината на манастирскиот комплекс ја надокнадуваат и старите конаци заедно со трпезаријата. Тие се изградени кон крајот на XVIII век и почетокот на XIX век. Големиот конак кој се состои од приземје и два ката, со пространи чардаци и голем број одаи, служел за живеење на калуѓерите. Некои од одаите украсени се со убаво обработени дрвени тавани и розети во резба. Повеќето од одаите биле опремени со вградени долапи, полици, комори, камини и сл. од кои голем број подоцна се заѕидани.

Инаку манастирскиот комплекс го сочинуваат манастирската црква, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбрамбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.

Манастирот Бигорски  во 2009 страдаше од пожар и денес се обновува.

Посета на националниот парк Маврово кој е познат скијачки центар. Можност за организриан ручек во Маврово.

Враќање за Охрид во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ

 


Страницате е посетена:

1537

Печати

Share this product