Македонија и Албанија - околу езерото

 

МАКЕДОНИЈА - АЛБАНИЈА
ОКОЛУ ЕЗЕРОТО

(СВ. НАУМ – ПОГРАДЕЦ – ЛИН – СТРУГА)

 

Почеток на турата во утринските часови. Превоз со високо туристички автобус/мини бус и објаснување за време на турата од страна на стручен туристички водич.

Патот води покрај Охридското крајбрежје поминувајќи покрај хотелските комплекси и неколкуте села покрај езерото.

Застанување кај манастирото Св. Наум и изворите на Црн Дрим.

Сместен меѓу раскошно зеленило, на местото каде реката Црни Дрим се влева во Охридското езеро, на 29 км одалеченост од Охрид и 1 км од Албанската граница, манастирот Св. Наум е една од најпосетуваните туристички дестинации во Охрид.

Првичичната црква изградена од монахот Св. Наум, почеток на X век, била посветена на светите архангели Гаврил и Михаил е разрушена. Денешната црква го носи името Св. Наум, исцелител, особено на душевно болните тогаш и денес. Голем број верници го посетуваат неговиот гроб и веруваат дека око го ставите увото на гробот, ќе можете да го слушнете чукањето на неговото срце.

Се продолжува кон Албанија које е 700 м одалечена од Св. Наум.

Се влегува во Албанија и можеби за некои во друг свет.

Првото населено место е Тушемиште, во чија близина е местото Дрилион – каде исто така се наоѓаат извори кои се влеваат во Охридското езеро.

Местото е толку убаво, со лебедите кои пливаат во него, и не и без причина тука некогаш имал изградено вила Енвер Хоџа – денес преадаптирана во хотел.

Во рестораните покрај изворите може да се проба риба – наша препорака.

Се поаѓа кон Поградец – единствениот град на брегот на езерото од Албанската страна.

Прошетка по кејот и паркот “1 Мај” главно место каде локалните жители излагуваат на прошетка, на плажа, играат табла или уживаат.

Посета на некоја од градските цркви, џамии. Можност да се влезе во музејот на градот, како и прошетка низ градскиот пазар.

Се поаѓа кон Лин, последното село од албанската страна, возејќи се низ такви контрасти од широки отворено полиња, малечки села низ кој минува железничката пруга, која го поврзува овој дел од Албанија со Европа, рибари и модерни ресторани.

Се влегува во Лин, каде за момент ќе им го нарушиме мирот на мештаните, но тие веќе се навикнати на такви посети.

Во Лин ќе се посетат ранохристијанските мозаици од V и VI век, кои имаат висока уметничка вредност.

После посетата на Лин се враќаме во Македонија преку граничниот премин Ќафасан.

Посета на Струга – вториот град по големина на брегот на Охридското езеро одалечен на 15 км од Охрид.

Реката Црни Дрим која минува низ градот му дава на Струга посебна убавина. Прошетка низ струшката чаршија, посета на црквата Св. Ѓороѓија, прошетка низ градскиот пазар.

Враќање во Охрид во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ

 

 

Specifications

2811

Leave a comment

You are commenting as guest.