mksqhrendeelrusr

Битола city tour

 

 

(БИТОЛА, ХЕРАКЛЈА)

 

Поаѓање од Охрид во утринските часови. Патот до Битола е околу 1,30 мин. Води преку Ресен, малечок град во југозападна Македонија.

Прво ќе се посети античкиот локалитет of Heraclea Lyncestis, најзачуваниот Антички град од Античка Македонија. Основан во 4 век п.н.е а освоен од Римјаните два века подоцна, низ него минувал патот Виа Игнација и бил важна попатна станица на трговскиот пат.

Хераклеа Линкестис е позната по своите прекрасни мозиаици, античкиот театар и Римските бањи.

Првите ископувања се правени после Првата Светска војна и тогаш се откриени величенствените убавини на античкиот град Хералкеа – прекрасните Римски Бањи, Епископската црква и крстилницата, Синагогата, портикот и Римскиот театар - кој сега се користи за летни концерти и претстави.

Се поаѓа кон Битола, најренесансниот град и по својата архитектура многу потсеќа на европските градови. Тоа е така зошто Битола од пред повеќе од еден век, кога Битола беше центар на интернационалната дипломатија во Отоманската империја.

Познат е и под името “Град на конзулите”. Дури и денес е забележлива одминатата елеганција на фасадите на куќите на секогаш полниот со луѓе Широк Сокак, како и Битолскиот парк каде излегуваат секогаш дотераните Битолчани.

Посета на Битолскиот музеј и спомен собата на Кемал Ататурк – основачот на модерна Турција, кој некогаш учел воена академија во оваа зграда.

Посета и влез во црквата Св. Димитрија во кој се наоѓа импресивен иконостас, дело на мијачката школа.

Посета на турскиот базар, Исак Пашината џамија. Прошетка низ Широк сокак, каде на неколку наврати ќе се застане на интересни локации од градот – како првото кино каде свои снимки прикажувале браќата Манаки – првите филмски сниматели на Балканот, Магазата – уметничката галерија во градот, официрскиот дом...

Слободно време за индивидуално откривање на Битола и можност да бидете дел од ритуалот на Битолчани – да се напиете кафе на Широк Сокак.

Во попладневните сати враќање за Охрид.

Враќањето ќе биде по друг пат, преку планината Галичица, која пружа импресивни пејсажи на двете котлини и езера Преспанско и Охридско. Кратко попатно застанување заради фотографирање.

 

ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ

 

 

Specifications

  • Култура
1971

Leave a comment

You are commenting as guest.