mksqhrendeelrusr

Св. Јован Бигорски

 

 

Почеток на турата во утринските часови. Групата ќе ја води стручен туристички водич.

Мијачкиот крај покрај природните убавини, на националниот парк Маврово, кањонот по течението на реката Радика е и најмогу познат по градителството, резбарството и иконописот.

Позната е поговорката Стамбол гори, Дебар го гради.

Ако пак сакате да го доживеете целокупното достигнување на овој крај – манастирот Св Јован Бигорски е пример за врвните достигнувања на градителите, резбарите и зографите од овој крај.

Патот на оваа тура води низ Струга, по течението на ректие Дрим и Радика и живописното кањон на реката Радика. Пејсажите се импресивни надополнети со идиличната атмосфера на селата.

На овие реки се изградени и две хидроцентрали Глобочица и Шпиље.

Се поминува и низ Дебар еден од градовите во западна Македонија.

Пристигнување во манастирот Св Јован Бигорски и разглед. Бигорскиот манастир го основал монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разурнат од Турците, и останала само една мала црква. Од помениците исто така се дознава за обновувањето на манастирот во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој е и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Манастирот Св. Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Него го правеле мајсторските раце на тајфата на Петре Филипов - Гарката од селото Гари. Петре Филипов - Гарката, братму Марко, Макрариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип од родот Филиповци од Осој, во периодот од 1829 до 1835 година успеале да создадат врвно уметничко копаничарско дело.

Иконостасот е поделен во шест хоризонтални појаси. Првиот во основата е составен од правоаголни полиња на кои има орнаменти од флората и фауната. Вториот појас, во кој се поместени престолните икони, завршува со фигура на орел со раширени крилја. Третиот појас е поделен на три помали хоризонтални разделби во кои симетрично се распоредени ангели, гроздови, гранки од винова лоза и др. Над нив се наоѓаат два реда икони - празнични и со претстави на апостолите. Во централната партија се наоѓа големиот крст на којшто е претставено Христовото Распетие. На обете страни од крстот стојат фигури на змеј од чии усти се креваат иконите на Св. Јован и Св. Богородица.

Убавината на манастирскиот комплекс ја надокнадуваат и старите конаци заедно со трпезаријата. Тие се изградени кон крајот на XVIII век и почетокот на XIX век. Големиот конак кој се состои од приземје и два ката, со пространи чардаци и голем број одаи, служел за живеење на калуѓерите. Некои од одаите украсени се со убаво обработени дрвени тавани и розети во резба. Повеќето од одаите биле опремени со вградени долапи, полици, комори, камини и сл. од кои голем број подоцна се заѕидани.

Инаку манастирскиот комплекс го сочинуваат манастирската црква, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбрамбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.

Манастирот Бигорски во 2009 страдаше од пожар и денес се обновува.

Посета на националниот парк Маврово кој е познат скијачки центар. Можност за организриан ручек во Маврово.

Враќање за Охрид во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ

 

 

Specifications

  • Култура
2221

Leave a comment

You are commenting as guest.