mksqhrendeelrusr

Манастир Св. Наум тура

 

 

Поаѓање кон Св. Наум во утринските часови. Патувањето ќе биде со автобус или брод во зависност од временските услови и интересот на гостите.

Попатна посета на наколната населба на вода – Залив на коските и враќање илустративно и со мислите во животот 1200 год п.н.е.

Патот продолжува долж живописното крјбрежје на Охридското езеро кон Св. Наум.

Сместен меѓу раскошно зеленило, на местото каде реката Црни Дрим се влева во Охридското езеро, на 29 км одалеченост од Охрид и 1 км од Албанската граница, манастирот Св. Наум е една од најпосетуваните туристички дестинации во Охрид.

Изворите кај Св. Наум  се дел од националниот парк Галичица, зона со режим на строга заштита, каде превозот на патници  се одвива само со кајче на весла и не е дозволена употреба на мотор.

Првичичната црква изградена од монахот Св. Наум, почеток на X век, била посветена на светите архангели Гаврил и Михаил е разрушена. Денешната црква го носи името Св. Наум, исцелител, особено на душевно болните тогаш и денес. Голем број верници го посетуваат неговиот гроб и веруваат дека око го ставите увото на гробот, ќе можете да го слушнете чукањето на неговото срце.

Црквата го слави овој светец на 5ти Јануари и 3ти Јули.

Позлатениот иконостас во црквата е од 1711 год. е вешто изведен во плитка резба со флорални мотиви.

Фреско живописот е изведен од мајстор Трпко, локален уметник. Во капелата од црквата се наоѓа гробот од Св. Наум, со фрески од неговиот живот и неговите чуда. Интересни се иконите Мечката која ора нива, Лекување на умоболните...

Покрај културната инспирација која ќе ви ја пружи оваа тура, ке имате можност да уживате во прекрасната природа, да се повозите со кајче по изворите, да се напиете кафе во некој од рестораните додека уживате или можност за организриан ручек со национално мени.

 

ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ

 

Specifications

  • Култура
2840

Leave a comment

You are commenting as guest.