mksqhrendeelrusr

ОХРИД city tour

 

Охрид е еден од најзначајните градови во поглед на културата за сите народи кои живееле на овие простори. Кога на тоа ќе се додадат синото езеро и планината Галичица го прават најпосетуван туристички град во Македонија.Слушнете ја приказната за Охрид од професионален туристички водич. Научете за цивилизациите кои живееле на овие простори, за неговите антички градби и цркви.

 

Почеток на турата од градскиот плоштад.

Патот води од долна порта, влезот во стариот град, покрај двете малечки цркви – Св. Никола и Св. Богородица Болнички. Ќе видите дел од старата и нова архитектура на Охрид, од која доминира куќата на Робевци – денес Музеј на градот Охрид – во кој се сместени значајни археолошки откритија од Охрид и неговата околина.

Следен споменик кој се посетува и се влегува е црквата Св. Софија – катедралната црква на некогашната Охридска архепископија.

Оваа црква од XII век е импресивна по својата градба како и по фреско живописот – византиски стил на сликарство негуван во тогашната престолнина Цариград.

Во оваа тура вековите се мешаат, зошто е еден од ретките градови со конитнуирано живеење.

Посета на античкиот театар кој е изграден во I век п.н.е. Откриен случајно денес повторно заживеан за претстави и концерти.

Посета на Црквата Богородица Перивлептос од XIII век во која ќе имате можност да видите нов стил на византиско сликарство. Уметниците кои ги насликале фреските во оваа црква се за византиската уметност она што Микеланџело е за западната уметност.

Можност за посета и на галеријата на икони, која содржи интересна колекција икони кои датираат од 11 до 19 век.

Посета на Плаошник - место кое е духовно и културно средиште на градот Лyхнидос (Охрид) е стара словенска црка и сеучилиште, кое во 2002 беше обновено по пример на прастарото светилиште.

Тука се наоѓаат и остатоци од две ранохристијански базилики кои имаат импресивни мозаици.

Следува посета на Самоиловата тврдина – калето кое доминира над градот.

Турата продолжува кон црквата Св. Јован Канео и месноста Канео, од каде се пружа прекрасен поглед на целиот град, езерото со целото крајбрежје и македонската и албанската страна и над езерото доминира планината Галичица.

Враќање во центарот на Охрид, прошетка низ Охридската чаршија, можност да купите од познатиот Охридски бисер.

 

ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ

 

Specifications

  • Култура
391

Leave a comment

You are commenting as guest.