Фурка

Фурка се наоѓа на стотина км од Солун и секоја година привлекува се поголем број на туристи. Првата работа со која се среќаваат туристите во ова место е прекрасната плажа  која се наоѓа на 20 метри од вилата.Фурка е комбинација од природни убавини,  одлични објекти и мирен ноќен живот. Местото е богато со зеленило, морето е кристално чисто и сино и изгледа совршено во комбинација со околните шуми и планини. Заоѓањето на сонцето е посебно доживување - како се спушта зад морето небото се украсува со црвени, пурпурни и портокалови зраци, па престојот на плажа попладне  се продолжува и до 21 часот. Покрај природните убавини, туристите ги привлекува и добрата туристичка организација. Модерната инфраструктура овозможува пријатен и комфорен одмор, одмор за сечиј вкус.

Вила ,, Аг.Георгиос,, Фурка (поаѓање од Охрид)