Криопиги

Криопиги се наоѓа на Касандра, 90 км од Солун. Местото е издигнато на падините со преубаво зеленило и овозможува зачудувачки поглед на заливот. Оваа област е населена од стари времиња, а денешниот Криопиги е изграден на остатоци од античките градови Неаполис и Флегра. Совршените климатски услови, комбинацијата на зелени планини и чистото море ( две плажи се наградени со Сино знаме ), сето тоа го прават Криопиги прекрасна туристичка дестинација. Во Криопиги се наоѓа "Едукативниот истражувачки и услужен тренинг центар", каде секоја година тука доаѓаат педагози од целиот свет за да присуствуваат на семинари и бројни конвенции. Ако сте во Криопиги, може да ги посетите Света Гора, пештерата Петралона, древниот Олимп и родното место на Аристотел – Стагире, и т. н.
Криопиги изобилува со современи хотели и вили, кампинг места, барови, таверни, продавници... Со оглед на тоа дека Криопиги е популарна дестинација за летување, постои и голем избор на активности, вклучувајќи ги тука и водените спортови. Калитеа, со своите ресторани, барови и одличниот ноќен живот, се наоѓа на 4 км од Криопиги.

KASSANDRA BAY VILLAGE ***