Скиатос

На само 400 км.оддалеченост по копнен пат и 3часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров – Скиатос.

Припаѓа во групата на Северни Споради,изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море.Заедно со островите  Хвар,Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа.Островот – Скиатос со површина од 50 км2 и преку 50 плажи со извонредна забава за млади.Плажите Агиа Параскеви,Трулос,Кукунариес,Банана Бич,Дијамант Бич,Лалариа-бела камена плажа и многу други оставаат простор за повторно навраќање и убави спомени.

Градот Скиатос со својот модерен стил и многубројните ресторани,бутици со брендирана гардероба, кафетерии и дискотеки испреплетено со многубројни туристи од цела Европа, ќе ве опушти и направи задоволни и чекор понапред од сите.

Вили " Панос/ Хармони / Никос " - Скијатос