Малта со авион Лето 2017

 

МАЛТА СО АВИОН

Лето 2017
ТЕРМИНИ 14,21 И 28 ЈУЛИ И 04 АВГУСТ – 8 ДЕНА/7 НОЌЕВАЊА

Малта е прекрасна дестинација со тиркизно море, добри плажи, богато културно наследство, архитектура која воодушевува, голем избор на различни ресторани и локали за динамичен ноќен провод. На Малта се шири љубов и насмевка, прекрасна храна со европско, арапско и африканско влијание и вкусно локално вино. Валета, главниот град на Малта е заштитен од УНЕСКО, град во кој се наоѓа третиот најстар европски театар Manoel. Се е релативно близу, транспортната мрежа е исклучително организирана, така што без проблем се стигнува од едниот на другиот крај на островот.

Малта, Гозо и Комино
Република Малта е островска држава во Средоземно море која се состои од неколку острови од кои само три се населени: Малта, Гозо и Комино.
Во земјата живеат помалку од половина милион жители, но според површината, е една од најгусто населените земји во светот.
Летувалишта: Valletta, Sliema, St. Julian's, Qawra, Bugibba, Mellieha
St. Julian's е најголемо и најпосетено туристичко средиште во Малта, со интересни згради и палати од времето на британското владеење, заливи, песочни и камени плажи... Paceville е средиште на ноќната забава со многу барови и дискотеки. Главниот град Валета е оддалечен десетина километри и е поврзан со автобуски линии. Живописното туристичко место Sliema сместено на североистпчниот брег на Малта на 7 км од главниот град Валета, поврзан со локални автобуски линии. Sliema има 3 километарско шеталиште покрај море, опружено со згради и палати, одличен шопинг, кафичи, ресторани и спортски содржини. Со прошетка покрај море брзо се стигнува до St. Julian's.
1. Ден (Петок) СКОПЈЕ - МАЛТА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:45 часот. Полетување за Малта во 06:10 и пристигнување во 07׃55 часот. Организиран трансфер и сместување во хотелот. Слободно време за уживање во убавините. Ноќевање.
2 до 7 Ден МАЛТА
Престој во избраниот хотел. Денови за одмор и капење во море како “тиркизно кадифе”. За време на престојот во Малта се организираат факултативни излети...
8. Ден (Петок) МАЛТА – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот на Малта. Полетување за Скопје во 08:25 часот и пристигнување во 10:10 часот.

Хотел GOLDEN TULIP VIVALDI 4* (www.goldentulipvivaldihotel.com) се наоѓа во атрактивниот дел Paceville во St. Julian's, така што бројните клубови, ресторани и продавници се во негова непосредна близина. Во главниот ресторан храната се служи на принцип шведска маса, а хотелот има и бар со лесни јадења, затворен базен, џакузи и теретана кои се бесплатни. Користењето на сауна и турско купатило се со доплата. Во сите стандардни соби може да се сместат максимум 3 лица и имаат купатило со када или туш кабина, клима уред, балкон, телефон, сателитска ТВ, мини бар, фен. Сефот е на рецепција и е со доплата. Супериор собите со поглед на море се поголеми од стандардните соби и во нив може да се сместат 4 лица. На 100 метри оддалеченост од хотелот има плажа и на 300 метри автобуска станица.

HOTEL GOLDEN TULIP VIVALDI 4* 14.07-21.07 21.07-28.07 28.07-04.08 04.08-11.08
Денови/Ноќевања 8/7 8/7 8/7 8/7
Во 1/2 стандардна соба, НП (цена по лице) 689 699 719 719
Трето лице на дополнителен кревет 489 489 489 489
Дете 2 – 12 год на дополнителен кревет 299 299 299 299
Во 1/2 superior соба поглед на море, НП 789 799 799 799
Трето лице на дополнителен кревет 499 499 499 499
Дете 2 – 12 год на дополнителен кревет 299 299 299 299

Хотел ALEXANDRA 3* (www.alexandrahotelmalta.com) се наоѓа во центарот на St. Julian's, локација погодна за прошетки и забава покрај продавниците и рестораните. Хотелот располага со 188 соби со тераса и 22 апартмани распредени на 6 катови. Сите стандардни соби се климатизирани, со купатило, балкон, сателитска ТВ, телефон. Сеф , фрижидер и фен се достапни на барање со соодветна доплата. Некои од собите гледат на базен, додека оние на повисоките катови имаат оддалечен поглед кон морето. Хотелот има надворешен базен и бар на највисокиот спрат со поглед на Средоземното море, затворен базен, џакузи и Спа центар, игротека и елегантно уреден модерен ресторан. На околу 500 метри оддалеченост од хотелот има плажа и на 300 метри автобуска станица.

HOTEL ALEXANDRA 3* 14.07-21.07 21.07-28.07 28.07-04.08 04.08-11.08
Денови/Ноќевања 8/7 8/7 8/7 8/7
Во 1/2 стандардна соба, НП (цена по лице) 599 629 659 659
Трето лице на дополнителен кревет 539 539 539 539
Дете 2 – 12 год на дополнителен кревет 399 399 399 399

Хотел DIPLOMAT 4* (www.diplomat.com.mt) се наоѓа во центарот на Sliemа, на брегот, на главното шеталиште, во близина на многубројни ресторани, барови, продавници, казина и кина. Хотелот има отворен базен (со џакузи) на највисокиот спрат и сауна. Во собите има сателитска ТВ, Wi Fi, клима уред, апарат за чај и кафе, мини бар, сеф. Собите имаат директен или страничен поглед кон море или поглед кон градот. Пред хотелот има плажа привлечна за сончање, пливање и спортови на вода.

HOTEL DIPLOMAT 4* 14.07-21.07 21.07-28.07 28.07-04.08 04.08-11.08
Денови/Ноќевања 8/7 8/7 8/7 8/7
Во 1/2 стандардна соба, НП (цена по лице) 599 599 699 699
Трето лице на дополнителен кревет 479 479 499 499
Дете 2 – 7 год на дополнителен кревет 299 299 299 299
Дете 7 – 12 год на дополнителен кревет 399 399 399 399
Доплата за полупансиони возрасен/дете до 7 год 95/47 95/47 95/47 95/47

Хотел ROMA 3* (www.hotelroma.com.mt) се наоѓа во Sliema, покрај брегот со прекрасен поглед на море, во близина на шопинг центарот, опкружен со продавници, барови и ресторани. Секоја соба е опремена со сателитска телевизија, радио, мини бар, телефон, купатило и фен. Во ресторанот на хотелот со традиционална малтешка кујна има привилегирани цени за гостите од хотелот.

HOTEL ROMA 3* 14.07-21.07 21.07-28.07 28.07-04.08 04.08-11.08
Денови/Ноќевања 8/7 8/7 8/7 8/7
Во 1/2 стандардна соба, НП (цена по лице) 499 499 559 599
Трето лице на дополнителен кревет 479 489 499 519
Дете 2 – 12 год на дополнителен кревет 399 399 399 399
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Авионски превоз на релација: Скопје – Малта - Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Трансфер од Аеродромот на Малта до избраниот хотел
  • Сместување во избраниот хотел на Малта на база 7 ноќевања со појадок
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Професионална организација на аранжманот
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Доплата за голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.100 денари или Доплата за багаж (1 торба/куфер со максимум 23kg) 5.000 денари
  • Туристичка такса 0,5 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Патничко – здравствено осигурување 395 денари
Напомени:
  • Цената е по лице
  • За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Страницата е посетена:

408

Печати

Share this product