mksqhrendeelrusr
  • a
  • b
  • c
  • d
  • e
  • f
  • g
  • h
  • i
  • j
  • k
  • l
  • m
  • n
  • o
  • p
  • q
  • r
  • s
  • t
  • u
  • v
  • w
  • x
  • y
  • z
  • #

Закинтос

Најјужниот од јонските острови, последните години веројатно е еден и од најпосетените грчки острови од страна на македонските туристи. Неговите убавини веќе не се тајна за вљубениците во морето, природата и добрата забава. Надалеку познат по убавите и чисти песочни плажи, идилични и скриени заливи, прекрасни туристички места со богата и разновидна понуда. Долж бреговите се простираат овошни плантажи, виногради и насади под маслинки, кои остовот го карактеризираат како богат со прекрасна флора надополнета со преку 7500 видови на цвекиња. Неговиот рељеф на исток се карактеризира со благи падини, кои се спуштаат кон морето и песочните плажи, а на западната страна завршува со камени и високи карпи надвиснати над морето. Островото Закинтос, иако ориентирано кон развиениот туризам, сепак ја задржало еколошката заштита на сопствената природа. Во негова непосредна близина се наоѓаат и помали островчиња меѓу кои и на далеку познатото Маратониси или островото на желките. мено на ова мало островче скриено од допирот на цивилизацијата, сеуште доаѓаат голем број на морски желки од загрозениот вид – “Карета”, кои тука во песокта на неговите плажи ги полагаат своите јајца од кои подоцна се излегуваат нивните мали желки. Главен град на островото е Занте, кој претставува и главно пристаниште на островото. Неговото население (преку 40.000 жители) му дало белег низ неговата долгогодишна историја, како град кој се карактеризира со исклучително богат и специфичен колорит. Влијанието на другите култури низ неговата историја, придонеле и денес да се разликува по својата специфична архитектура, особено присутна низ објектите во главниот град. И покрај големиот земјотрес во 1953 година, Занте е целосно обновен со голема посветеност токму на неговото население. Денес е вистински медитерански бисер и еден од најактуелните грчки острови во јонскиот архипелаг.