mksqhrendeelrusr

Вила "Теа"
3.1/5 rating (17 votes)

Вила Теа се наоѓа на прекрасна локација меѓу шеталиштето и плажата во Калитеа, на левата страна од главната улица која води до Полихроно. Вилата се состои од 2+1 студија и 1/3+1 студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо бидејќи на 30м од вилата има место за паркинг на самата улица и е бесплатен.

Наспроти вилата има продавници, ресторани, гиро, голем маркет Мазутис, фурна, продавници за сувенири, бунди, бижутерии и летна опрема.

Студијата 2+1 имаат капацитет за 2 возрасни лица + 1 дете, и одредени соби можат да примат 3 возрасни лица, но да се има во предвид дека брачното легло е со помали димензии. Студијата располагаат со брачно легло со помали мерки на кој би спиеле возрасен и дете и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон со поглед на море, клима без доплата, ТВ и wi-fi.

Трокреветните студија имаат 3 легла, т.е едно поголемо во димензии од стандардно 90см легло, и две стандардни легла. Капацитетот на овие студија е 3 возрасни лица или 2 возрасни со 2 деца од кој едното ( до 6 години ) спие со родител на поголемото легло. Сите студија имаат балкон со поглед на море, сопствен тоалет, мини кујна со прибор за готвење и јадење, плазма тв, клима и wi-fi.

 

Цените се изразени по студио за 7 ноќевања без попуст во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1еур=62мкд

(напомена: првите три и последните два термина се промо цени и не подложат на попуст) 

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2024

-5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2024

 

– Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики 

  • -Скопје (Дрводекор) – 45еур по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 60еур по лице
  • -Велес (БП Макпетрол-кружен тек) - 45еур по лице
  • -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –45еур по лице
  • -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 45еур по лице

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 40еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –40еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –50еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 55еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 50еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 50еур по лице

Деца од 2-11,99год -10еур попуст 


ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

  • 3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
  • 4:00 Скопје (Дрводекор)
  • 4:30 Велес (БП Макпетрол кружен тек)
  • 5:00 Неготино (БП Неготино)
  • 6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

  • 4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
  • 3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
  • 2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
  • 2:15 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
  • 2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
  • 3:15 Ресен (спроти автобуска станица Транскоп на перон ) – Трасфер до Битола

 

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:

  • 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
  • 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
  • 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
  • 14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

 

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

GPS кординати: 40°4’32”N,23°26’41”E

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините) попустите не може да се комбинираат,
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • Важат Општите услови на СКТМ и ТА ЕЛИДА ТУРС
1739

Leave a comment

You are commenting as guest.