Апартмани „Меропи“
3.6/5 rating (5 votes)

Вила Меропи се наоѓа на главната улица, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите и излегува на првата пешачка уличка. Не располага со паркинг, а најблиското место за паркирање е на 200м од самата вила. Во нејзина близина се наоѓа маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стигнува преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

GPS Координати: 40°4'31''N,23°26'52''E

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2024

-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2024

Опис на регион

Калитеа е најпопуларното село на Халкидики, во текот на летото. Се наоѓа на првиот полуостров на Халкидики, Касандра. Калитеа е оддалечена 85 километри од Солун и е најкосмополитското место на Халкидики. Ако го поминете центарот на селото, можете да ги посетите плажите на Калитеа и другите села во Источна Касандра како што се Пефкохори, Ханиоти, Полихроно, Криопиги и Палиури или некои делови на Западна Касандра како Фурка, Посиди и Агиа Параскеви. Центарот на Калитеа е раскрсницата која води до овие два правци. Афитос е во близина, па можете да одите таму на попладневна прошетка. Плажата во Калитеа е една од најубавите плажи на првиот крак, се каракретизира по кристално чистата вода, ситна песок, плитка и идеална за деца, наградувана со плаво знаменце за чистота.

Опис на сместување

Сите соби се наоѓаат на прв спрат и се трокреветни, т.е еден дупли кревет и еден единечен, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, мал и тесен балкон без поглед (гледаат во ѕид на друга вила), ТВ, клима без доплата и wi-fi.

Цените се во евра 1 евро = 62 мкд

- Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики 

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

 

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

 

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

 

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:

 

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Тимот на Елида Турс ви посакува пријатен одмор.

2467

Leave a comment

You are commenting as guest.