Студија Зинова – Пефкохори
0.0/5 rating (0 votes)

Студија Зинова – Пефкохори

На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.

Zinova Studios- се наоѓаат во центарот на Пефкохори, на само 100 м од плажа, веднаш до познатиот маркет “ Próodos (Πρόοδος) “ . Сите студиа се целосно реновирани во 2022 год. Zinova Studios располага со 1/2+1 и 1/3 студиа, сите на прв спрат .
Студиа бр.3, 4, 5, и 6 се трокреветни, располагаат со 1 брачен + 1 единечен кревет истите се опремени со мини кујна, фрижидер ,основен прибор, приватен тоалет , тв, клима , wi-fi , балкон кој гледа кон дворот на вилата, (бр.3 гледа кон улицата).
Студиа бр.1, 2 се исто така трокреветни, распоагаат со 1 брачен + фотеља на спуштање.  Истите се опремени со мини кујна, фрижидер ,основен прибор, приватен тоалет , тв, клима, wi-fi ,балкон кој гледа кон улицата, и страничен поглед море.

Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.

Check in:   14:00h.
Check out: 09:00h.

Важна Напомена: За хигиената на студијата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Студијата не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

GPS КОРДИНАТИ  https://goo.gl/maps/4hPeH8T9eeDhsR4i6

-10% попуст за резервација со 50% уплата до 28.02.2024

-7% попуст за резервација со 50% уплата до 10.05.2024

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

Во цената е вклучено:

Во цената не е вклучено:

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од

 

ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА

 

Услови:

 Отказ на резервации:

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација

Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 Приговори и поплаки:

Останати услови и попусти:

Важат Општите услови на Т.А. ЕЛИДА ТУРС.

668

Leave a comment

You are commenting as guest.