СТУДИО „АНА“ - ПОЛИХРОНО
0.0/5 rating (0 votes)

Студиo Ана – Полихроно 2024 - ЧЕТВРТОК

На првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, се наоѓа туристичката дестинација Полихроно, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.На местото на денешно Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век н.е. Во 11 век се основа Полихроно . Денес брои повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна. Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај морето, кристалното море, како и многубројните продавници.

ОПИС:

Студиа “Анасе наоѓа на само 130 метри од плажа и од пешачката патека, одма наспроти     “Mirror Hotel”. Студиата се нови , опремени со кујна, шпорет, фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица ,ТВ, тераса, Wi-Fi интернет, купатило со туш кабина, клима уред.

Студио бр. 3 - француски лежај + кревет на спуштање

Сместувањето е идеално за 3 возрасни и дете до 7г  или  2 возрасни и 2 деца до 12г

Checkin: 14:00h.
Check out: 09:00h.

 

Важна Напомена:За хигиената на апартманите се грижат самите гости. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плаќа на лице место. Студиата поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

 

GPS: 40.01575450605221, 23.5301652559475

 

ПОПУСТИ:

10% попуст за резервација со 50% уплата до 15.04.2024
-7% попуст за резервација со 50% уплата до 10.05.2024

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност 1€=62мкд
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

Во цената е вклучено:

Во цената не е вклучено:

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Услови:  

 Отказ на резервации:  

Останати услови и попусти: 

 Приговори и поплаки:

 

66

Leave a comment

You are commenting as guest.