mksqhrendeelrusr

Шпанија - Лето 2018 со директен лет од Скопје!
3.8/5 rating (5 votes)

Брегот на Коста Брава опфаќа 160 километри од убавoто живописно крајбрежие на Каталонија во североисточниот дел на Шпанија. Нејзината природна убавина, бескрајните песочни плажи и летното сонце, привлекуваат милони туристи. Тука ќе најдете модерни туристички летувалишта со бројни квалитетни хотели покрај рибарските села и средновековните градови со древните замоци. Коста Брава со Коста Маресме се протега од Барцелона се до француската граница. 
Покрај одморот на прекрасните плажи, туристичките места на Коста Брава (што во превод значи Дива Коска) се идеално лоцирани за посета и истражување на културното богатство на Каталонија. Главниот град Барселона секако може да се рангира меѓу најфасцинантните градови на планетата со бројните атракции како: архитектурата на Gaudi, музејот на Пабло Пикасо, Олимпиското село, Mагичните фонтани, светски познатиот Ла Рамбла булевар, Форумот, Ридот Монжуик и многу други. Музејот на Салвадор Дали во Фигерас е најпосетувано место во регионот заедно со бенедиктинскиот манастир на Монтсерат, изграден високо на камени формации во планините северозападно од Барселона. Еден од најголемите паркови на вода во Европа се наоѓа во близината на Lloret de Mar. Првото големо одморалиште и веројатно најособено од сите на Коста Брава е Tossa de Mar со песочни плажи, мали заливи и историското средиште, Вила Вела, со средновековните одбранбени ѕидови и кули. Лорет де Мар е најпознато летувалиште со најголем број хотели и туристи, со убаво уредена променада покрај морето. Популарното летувалиште Blanes со долгата песочна плажа е јужната точка на Коста Брава, додека во продолжение се туристичките места Малграт де Мар, Санта Сузана и Калеља, кои се всушност дел од Costa Maresme која обично се препознава како дел од Коста Брава. Далеку од крајбрежните летувалишта Коста Брава има богато историско и уметничко наследство во бројни интересни места за посета. Каталонија привлече и инспирира многу познати уметници, вклучувајќи ги Пикасо, Салвадор Дали и Марк Шагал. Салвадор Дали е роден и својот живот го поминал во Фигерас, и насекаде околу селото може да се види неговото влијание. Дали оставил впечатлив белег во културата на Коста Брава, како што архитектурата на Гауди со својата оригиналност ја направи Барселона единствена во светот.


01. ден СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА - 
КОСТА БРАВА 
Состанок на групата на аеродромот во Скопје и предавање на багажот 120 минути пред времето на полетување. Лет за Барселона (според табелата). Пристигнување на аеродромот во Бареслона. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до хотелот во крајните дестинации (Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna …). Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.

од 01. до 07/10. ден  КОСТА БРАВА 
Денови за одмор со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna … и др. Комуникација со локалните представници на агенцијата за евентуални факултативни анимации, излети и посети.
08./11.  ден КОСТА БРАВА - БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 12:00 часот. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција.) Слободно време за индивидуални прошетки до заминување на аеродромот во Барселона во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Лет за Скопје, според табелата. Пристигнување во Скопје.

Забелешки

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* 7/10 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Барселона – Скопје со 1 парче чекиран багаж (до 20кг) и 1 парче кабински багаж (макс. Димензии 56х45х25) по лице
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Шпанија

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Аеродромски и административни такси во износ од 60еур
* Патничко здравствено осигурување
* Туристичка такса – се плаќа директно на рецепција во хотел

За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори мин 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.

 

ХОТЕЛИ:

SANTA ANA HOSTAL *

Локација: Лорет де Мар
Опис: лоциран во тивка област близу до центарот на Лорет де Мар, само на 150м од забавниот живот.
Сместување: Хостелот располага со ТВ соба, бар, тераса. Соби се опремени со бања, поголем дел од  собите имаат тераси
Плажа: 300м
Услуга: ноќевање со појадок (BB)

QUINTASOL APART HOTEL **

H TOP CARTAGO NOVA ***Sup

Локација: Хотелот се наоѓа на поморскиот дел на шеталиштето во Malgrat de Mar меѓу областите на Calella и Blanes . Овој неверојатен хотел има одличен поглед кон морето или кон планините во зависност од која страна е собата од вашата резервација. Совршен за поединци, парови и семејства, бидејќи се наоѓа на само 25 метри од плажа и во околина на голем избор на барови, продавници и ресторани покрај море на самата променада на Малграт де Мар,  на 400м од центарот и железничката станица. Малграт де Мар е тивко место со традиционален и културен живот, многу зелени површнини и плажа долга 4,5 км. 
Опис: Хотелот располага со ресторан кој нуди традиционална и меѓународна кујна, бар, отворена тераса покрај базенот, базен со дел за деца, пинг понг…
Сместување: Сите соби се климатизирани,  имаат балкон, целосно опремена бања, телефон, ТВ, сеф со доплата.
Плажа: 25м
Услуга: FB+

H TOP ALEXIS ***

Локација: прекрасен хотел, идеален за семејни посети на сончевиот Лорет де Мар, во централно лоциран. 
Опис: Хотелот на своите гости им нуди најразлични активности како за возрасни така и за деца…менувачница, лифт, интернет и сеф (со доплата), ресторан, бар, базен, две џакузи, солариум…
Сместување: Сите соби се климатизирани со балкон со поглед на базен, бања, фен за коса, директна телефонска линија.
Плажа: 200 м
Услуга: Полн пансион (FB+)

H TOP GRAND CASINO ROYAL ***

Локација: Хотелот се наоѓа во познатиот комерцијален дел на Лорет де Мар, популарен по богатиот ноќен живот, ресторани, барови, продавници…
Опис: Хотел со одлична локација, особено погоден за млади парови. Секојдневно во хотелот се организираат разновидни дневни и ноќни активности. На располагање на гостите се базен, градина, тераса за сончање опремена со лежалки и чадори, 24ч рецепција, менувачница, сувенирница, ресторан, бар мини клуб, лифт, сеф и wi – fi со доплата. 
Сместување: Сите соби се климатизирани со балкон со поглед на базен, бања, фен за коса, директна телефонска линија.
Плажа: 350 м
Услуга: Полн пансион (FB)

H TOP PLANAMAR ***

Локација: Хотеот се наоѓа шеталиштето на Malgrat De Mar, помеѓу облата на Калела и Бланес  во Коста Маресме., на само 25м од центарот каде што има мноштво на барови, ресторани, продавници.
Опис:  Хотелот располага со многу сервиси: 24ч рецепција, консијерж, интернет (wi – fi) со доплата, менувачница, сеф (со доплата), медицинска асистенција (со доплата), бар, ресторан, базен со тераса за сончање опремена со чадори и лежалки, сауна, солариум и фитнес центар, мини клуб за деца и др.
Сместување: Собите се климатизирани, со балкон, директна телефонска линијуа, сателитска телевизија, бања, фен за коса.
Плажа: 50 м
Услуга: Полн пансион (FB+)

H TOP OLYMPIC ***

Опис: Хотелот се наоѓа во тивок резиденцијален дел на Калела, 400м од центарот за Калела кој избилува со барови, продавници, ресторани. Во летниот период во Калела циркулира мини воз со кој лесно можете да стигнете со сите посакувани ликации.  Во својот состав хотелот разлицни типови на забава, анимации во вечерниот период , 3 базени со лежалки и чадори, детско катче,ТВ соба, интернет (wi – fi) со доплата, лифт, сеф (со доплата). Гостите на Олимпик имат специјална цена за користење на услугите на Top Beach Club.
Сместување: Собите се климатизирани, со балкон, директна телефонска линијуа, сателитска телевизија, бања, фен за коса.
Плажа: 350м
Услуга:  Полн пансион (FB+)

H TOP SUMMER SUN ***

Локација: Хотелот се наоѓа на шеталиштето Маритим во Санта Сузана – Маресме.
Опис: Одличен семеен хотел, располага со 2 базени за возрасни и 1 детски базен.  Тераса за сончање со чадори за сонце и лежалки, секојдневна анимација.
Сместување: Сите соби се климатизирани со балкон, бања со када или туш кабина, фен за коса, мини бар, директна телефонска линија, сеф и Wi – fi со доплата
Плажа: 70 м
Услуга: Проширен Полн пансион (FB+)

MONT ROSA ***

Calella

Локација: Хотелот се наоѓа во тивкиот крајбрежен простор, 200 метри од центарот и 20 метри од плажа.
Опис: Хотелот располага со рецепција, 2 бара, медицинско лице (на повик), лифт, паркинг, перална, ресторан, ТВ салон, анимација, базен и детски базен.
Сместување: Собите во својот состав поседуваат: бања, телефон, сателицка ТВ, истите се климатизирани. Сите соби се со надворешен поглед кои повеќето имаат балкони.
Плажа: 20м
Услуга: Полупансион (HB)

GRAN HOTEL FLAMINGO ****

Lloret De Mar

DELAMAR ****

Lloret De Mar

AQUA HOTEL AQUAMARINA & SPA ****

Santa Susanna

AQUA HOTEL ONABRAVA ****

Santa Susanna

TROPIC PARK ****

H TOP AMAIKA ****

Calella

Локација: Хотелот се наоѓа во тивкиот резиндецијален дел на Калела, на мала одалеченост од плажа.
Опис: Хотелот е изграден налик на брод со соодветен ентериер, располага со ресторан, бар, базен за деца и возрасни, фитнес центар, сауна, џакузи, мини клуб за најмалите, спортски активности. Хотелот нуди целосна забава програма со разни шоу програми и анимации како за возрасни така и за деца.
Сместување: Собите се модерно опремени со балкон, телефонска линија, бар, целосно опремена бања, клима, сателитска ТВ
Плажа: 100м
Услуга: Полн пансион (FB)

 H TOP ROYAL SUN ****

Santa Susanna

Четири звездениот H TOP Royal Sun Hotel се наоѓа на самата плажа, покрај шеталиштето во прекрасното, тивко туристичко место Santa Susanna на Costa Brava.
Овој модерен хотел, од кој се пружаат прекрасни глетки кон морската шир, поседува повеќе видови на соби , со исклучителен комфор и можност на разни видови на сместување ( Еднокреветни, двокреветни, трокреветни и четирикреветни ).
Сите соби се комплетно опремени со бања, балкон со гарнитура за седење, греење, клима, телефон, ТВ, сеф ( со доплата ) и безжичен интернет исто така со доплата.
Хотелот нуди интернационална, Шведска маса за појадок, ручек и вечера а покрај ресторанот, поседува и снек бар.
За забава на гостите се грижи професионален, аниматорски тим кој обезбедува дневни и вечерни активности а од рекреативни содржини застапени се следните, Солариум, базен, базен на кров за возрасни и деца…
Услугата е  на база на Полн Пансион.

PINEDA PALACE ****

Pineda de Mar

Локација: Хотелот e отворен во 2014 год. и се наоѓа на самата променада на  Пинеда де Мар покрај море, со поглед на прекрасната песочна плажа.
Опис: Хотелот во својот состав располага со ресторан, бар, надворешен базен со летна тераса на покривот од хотелот, џакузи, сауна, фитнес сала, цнек бар, мини клуб за деца…
Сместување: Сите соби имаат балкон, клима уред, модерно опремена бања со када, сателитска ТВ, телефон, мини баp
Плажа: 20 м
Услуга: Полн пансион (FB) Ди Гарда

H TOP ROYAL STAR ****

Lloret De Mar

Локација: Хотелот Ројал Стар се наоѓа на 10 мин. Пешачка дистанца од плажата Феналис и 15 мим. од плажата Лорет де Мар. Лорет де Мар е одличен избор фамилии како и за млади. Центарот на Лорет де Мар е на 10 мин.
Опис: Хотелот на гостите им нуди најразлични активности и релаксација за деца и возрасни: базен, сончева тераса и градина со лежалки и чадори за сонце. Спа кој вклучува внатрешен базен, турска бања, сауна и џакузи, фитнес, просторија за дружтвени активности…менувачица, ТВ просторија, сеф и интернет со доплата.
Сместување: собите се со балкон, сателитска ТВ, сеф со доплата, целосно опремена бања.
Плажа: 850 м
Услуга: Полн пансион (FB)

H TOP ROYAL SUN SUITE ****

Santa Susanna

Локација: Лоциран во Санта Сузана и недалеку од плажата која нуди најразлични активности вклучувајќи и сурфање на ветер, ски на вода…
Опис: Хотелот нуди базен на кровот на базенот и тераса со лежалки и чадори, базен за деца, детско катче, вечерни и дневни забави организирани од анимацискиот тим на хотелот, менувачница, сеф и wi–fi со доплата.Гостите на хотелот имат специјална цена за користење на услугите на Top Beach Club.
Сместување: собите се со балкон, сателитска ТВ, сеф со доплата, целосно опремена бања.
Плажа: 300м
Услуга: Полн пансион (FB)

H TOP CALELLA PALACE ****

Calella

Локација: Ресортот е лоциран во тивката, резиденцијална зона во Калеа, на само неколку минути пешачење до најблиската плажа и многу блиску до голем број на ресторани, барови и продавници во самиот центар на гратчето.
Опис: Хотелот располага со голем надворешен базен со одделен базен за деца, како и тераса за сончање опремена со лежалки, внатрешен базен, 3 џакузија, бар, солариум, спортска сала, сала за куглање, бар и ресторан во кои се нуди колем избор на интернационална храна.
Сместување: Собите се модерно и комфорно опремени со балкон со поглед кон градината или базенот, клима уред, сателитска ТВ, телефон, бања, фен за коса.
Плажа: 600м
Услуга: Проширен Полн пансион (FB +)

H TOP ROYAL BEACH ****

Lloret De Mar

Локација: Хотелот се наоѓа на само 100м од познатата плажа Феналс и на десетина минути пеш од центарот на збиднувањата.
Опис: Во својот состав хотелот располага со детско катче, ТВ просторија, просторија за дружтвени игри, wi – fi и сеф со доплата, ресторан, бар, базен со деткса секција, тераса и градина со лежалки и чадори за сонце, на покривот на хотелот се наоѓа сончева тераса со џакузи.  Во вечерните часови се рганизираат најразлични типови на забава
Сместување: Собите се модерни, комотни и климатизирани. Сите соби поседуваат балкон, целосно опремена бања, телефон, сателитска ТВ
Плажа: 100м
Услуга: Полн пансион (FB)

MARIA DEL MAR ****

Lloret De Mar

Локација: Хотелот е лоциран во центарот на Лорет де Мар на 200м од центарот на забавата каде има безброј ресторани, продавници и богат ноќен живот.
Опис: Хотелот располага со внатрешен и надворешен базен, летна тераса, билијард, менувачница, ТВ салон, туристичко биро, ресторан, анимациски програми…
Сместување: Собите се стандардни со балкон, имаат централно ладење, директна телефонска линија, сателитска ТВ, фен за коса, сеф (со доплата)
Плажа: 300м
Услуга: Полн Пансион (FB)

 

 

632

Leave a comment

You are commenting as guest.