mksqhrendeelrusr

Хотел Кратис 4**** - Кратово
4.5/5 rating (2 votes)

Името на градот доаѓа од “кратер”на згаснат вулкан на кој е изграден. Низ него, во длабок кањон тече Табачка или Кратовска Река која е премостена со повеќе камени мостови со еден лак. Мостовите датираат од средниот век, а најпоснат и најголем е Радин мост.
Кратово претставува идеално место за излез од секојдневието и уживање во опуштена атмосфера како и за запознавање на типичната староградска македонска архитектура преку организирани прошетки и посета на локалните знаменитости со културно историско значење.


 
Локација: Хотелот се наоѓа во центарот на Кратово.
Сместување: Секоја соба има LCD TV со кабловска телевизија, минибар, некои од собите имаат и дневен престој со софа, опремени со туш и тоалет.
Содржини: Сите соби се опремени со клима уред, бесплатно Wi-Fi, бесплатен паркинг, A-La-Carte ресторан со летна тераса со отворен поглед на градот, лоби бар...


ЦЕНОВНИК 2019/2020

BB (Ноќевање со појадок) 22 €
HB (Полу пансион) 26 €
FB (Полн пансион) 29 €

Цените се дадени на ден по лице за сместување во соба според табелата.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).


Препорачуваме: На патот кон Кратово, скршнете десно кон фабриката “Иднина” и по десетина минути возење макадамот ќе ве однесе до атрактивниот и редок природен феномен, монументалните скулптури во карпи од варовник, локалитетот наречен Куклица, зошто скулптурите навистина наликуваат на скаменети луѓе.

Specifications

  • 4 Ѕвезди
1885

Leave a comment

You are commenting as guest. Optional login below.