mksqhrendeelrusr

Каиро + Крстарење по Нил
3.5/5 rating (2 votes)

                    ПАТУВАЊЕ ВО МИСТИЧНАТА ЗЕМЈА НА ФАРАОНИТЕ

Каиро + Крстарење по Нил

Каиро-Сакара-Мемфис-Гиза-Асуан-Абу Симбел-Ком Омбо-Едфу-Луксор

Египет е земја обвиткана со мистерија.Од античките пирамиди во Гиза до разбрануваната река Нил – Египет е несомнено место што треба да го додадете на вашата агенда за патување. Земја со бурно и различно минато. Кога Римјаните стапнале во Египет пред повеќе од 2000 год., пирамидите веќе се сметале за историски урнатини.

Египет, мост помеѓу Блискиот Исток и африканскиот континент, се наоѓа на северот на Африка и бил колевка на бројни цивилизации: фараоните, Персијците, Македонците, Грците, Римјаните, Византијците, Арапите, Османлиите, Англичаните и Французите ги окупирале териториите на денешен Египет.

Египет е дом и на Нил и на пустината. Делтата и бреговите на реката Нил се практично единствените области за живеење во регионот

Безвремените и кинематографски пустински пејсажи на Египет се оставени недопрени од рацете на времето. Патувајте и крстарете со Нехар травел и откријте ја мистиката и магијата на Египет.

 

Пакет аранжман со Авион + воз + брод, 9 дена                           

Термини: 25 Април 2022

ПРОГРАМА:

1 ден  понеделник 25.04.2022  СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ - КАИРО:

Состанок на патниците на аеродром Скопје  во 18.30ч. Лет за Истанбул во 20:50 . Слетување во Истанбул во 23:25 (локо време). Полетување на авионот за Каиро во 00:40 часот по локално време

2 ден вторник 26.04.2022  КАИРО

Каиро: Слетување во Каиро во 01:50 часот  по локално време. Трансфер до хотел. Организаторот ќе се потруди да се добие сместување во најраните можни часови, во зависност од моменталната можност на хотелот. Сместување во хотел.  

 Предпладне одмор и во договорено време презентација на програмата од страна на организаторот,уплата на излети кон локалниот организатор, како би истите биле навремено организирани Слободно попладне за индивидуални разгледувања. Можност за  попладневен факултативен излет: Панорамско разгледување на Каиро,  главен и најголем град во Египет. Се наоѓа во северниот дел на Египет, на бреговите на реката Нил. Се простира на површина од 214 км2. Тоа е политички, културен и економски центар на Египет. Каиро е град со долга  историја и традиција.

 

Khan Ali-Kalili: Посета на настариот пазар на отворено во Каиро. Изгледот на пазарот не се променил уште од 14 век. Работата на пазарот се пренесува од генерација на генерација. Се наоѓа во срцето на исламскиот Каиро а посетителите ќе ги дочека вистинска гозба за сите сетила. Тука може да се видат егзотични зачини, накит, парфеми, сувенири и др. Секако, приготвите се за бескрајно ценкање, што е дел од традицијата на египетските трговци. Исламскиот Каиро е еден од најзабавните делови на Каиро. Овој дел од градот не се менувал неколку стотина години. Посетителите имаат единствена прилика да лутаат  низ лавиринтите на старите улици, и да се воодушевуваат на прекрасната архитектура која овој дел на градот ја краси. Каиро има магичен сјај како ни еден друг град во светот. Затоа  престолнината на Египет е идеална дестинација за патување од соништата, се разбира дополнета со патувањето низ земјата на Фараоните. Каиро е град со огромно културно наследсво, кое буквално испливува на секој чекор.

 Ноќевање.

3 ден среда 27.04.2022  КАИРО - АЛЕКСАНДРИЈА:

 

Појадок.  Слободен ден. Ви предлагаме целодневен факултативен излет со автобус до Александрија.

Александрија, град со многу долга и богата историја. Населба на територијата на Александрија постоела уште во 3 век п.н.е. Александрија ја оснива Александар Македонски во 331 год.п.н.е., иако он никогаш не престојувал таму. Во текот на своето владеење, Александар македонски подигнал голем број на градови кои носеле негово име, но од сите тие, Египетската  Александрија била најзначајна. Овој освојувач е погребан баш тука. Покасно власта над Александрија ја превзема династијата Ptolomeida, во чиј период Александрија станува еден од најзначајните центри на тогашниот познат свет.

Во градот се наоѓала своеврсна  уметничка и културна колонија, и тука престојувале некои од најпознатите имиња од таа сфера во тој период. Тогаш е изграден и надалеку познатиот Светилник на полуостровот Faros, кој се вбројувал помеѓу 7-те светски чуда на стариот свет. Во градот се наоѓала и прочуената Александриска библиотека, во која се чувале околу 700.000 пишувани дела.

Александрија во 30 год.п.н.е. ја освојува  Oktavian Avgust.

Во текот на средниот век, Александрија станува значаен центар на христијаското учење. После неколку промени, градот конечно паѓа во рацете на Арапите во 642 год. Во наредните неколку века, ја губи својата политичка важност.

Од 19.век, Александрија повторно почнува да го привлекува вниманието на големите светски сили. Градот почнува да се развива во голем економски центар во овој дел од светот а бројот на жители нагло расте . Денеска преку Александриското пристаниште се транспортира околу 80% од Египетскиот увоз и извоз. Воедно Александрија станува една од најзначајни туристички дестинации на Египет.

Невозможно е да се набројат сите знаменитости на Александрија. Ова е град кој во себе крие изузетно богато културно-историско наследство.

Џамијата Nabi Daniel – спрема легендата, тука бил погребан Александар Македонски. Постојат 2 теории како џамијата го добила своето име. Према првата теорија, името го добива според библискиот пророк Daniel, чија животна приказна содржи бројни аспекти од животот на Александар Македонски. Според втората теорија, џамијата го добива името според шеикот Mohamed Daniel, кој од Mosul доваѓа во Александрија во 15-ти век. Денешната џамија е изградена при крајот на 18-ти век на место на стариот Римски храм од 4-ти век. Обновена е во 1823 од страна на Mohamed Ali.

Тврдината Qaitby е изградена во осумдесетите години од 15-тиот век. Се наоѓа на источната страна од Александриското пристаниште, а во комплексот се наоѓаат остатоците на прочениот светилник од Фарос, едно од 7-те антички светски чуда. Спред една легенда, светилникот бил висок 135 метра.

Александриската библиотека е неизбежна атракција на градот. Поседува најголем простор за читање на светот, со преку 2.000 столици за потенцијалните читачи. Футуристичката библиотека отворена е во 2002 год. и дом на преку 8 милиони книги. Целта на Александриската библиотека е да ја продолжи традицијата на прочената библиотека која во градот се наоѓала во текот на античкиот период. Денеска е еден од  симболоте на Александрија и една од главните градски атракции.  Ручек во локален ресторан. Враќање во хотел во Каиро. Ноќевање.

 

4 ден четврток 28.04.2022 КАИРО –  ЕГИПЕТСКИОТ МУЗЕЈ –ГИЗА ПИРАМИДИ – АСУАН

Појадок. Го напуштаме хотелот и одиме на целодневен излет со автобус до светски познатиот Египетски музеј, единствен во светот и затоа не смее да се препушти неговата обиколка. Египетскиот музеј е еден од најголемите и најстари музеи во светот. Музејот ги прикажува експонатите од праисторијата до грчко-римската епоха. Најголемата атракција на музејот преставува богатството од Тутанкамоновата гробница. Тука се и 27 кралски мумии, соба посветена на Akhenaton, збирка на папируси и др. Тука се мумиите на древните фараони како на Ramzes II, и кралицата Hatshipsuit која го подигнува храмот Deir El-Bahari во Луксор. Тука е и колекцијата на богатство пронајдено во Долината на Кралевите. Музејот е основан во 1835 год. но повеќепати е селен поради периодични поплави од реката Нил. Во текот на раскошниот спектакл вреден повеќе милиони долари, мумиите на 18 кралеви и 4 кралици се префрлени од неокласичниот Египетски музеј во новиот Национален музеј на Египетската цивилизација, оддалечен 5 км од Каиро. Ручек.

 Пирамидите во Гиза, огромен комплекс на пирамиди, сместен практично во предградието на Каиро. Има 3 големи и 3 мали пирамиди, од кои едната – Кеопсовата пирамида ( единствена останата од древните 7 светски чуда ). Пред пирамидите се наоѓа статуата на Сфинга која ги чува гробниците на фараоните. Овие монументални градби преставуваат единствени архитектонски структури кои сведочат за моќта и мистериозноста на древниот Египет.

Трансфер до железничка станица. Сместување во спални коли. Вечера во возот.

Ноќно возење кон Асуан. Егзотично и уникатно патување низ Египет, покрај реката Нил од едната страна и пустињата од другата страна.

 

5  ден петок 29.04.2022  АСУАН:

Појадок во возот. По пристигнувањето во Асуан, трансфер со автобус до пристаниште и сместување на бродот. Ручек на брод. Попладне одиме на Факултативно* разгледување на Асуан. Асуан е сместен на источниот брег на реката Нил, нешто посеверно од првиот Катаракт. Нил од тука низводно е пловен во должина од преку 1100 км и затоа е голем град и големо пристаниште. Уште од времето на старото кралство, Асуан ја означувал јужната граница на Античкиот Египет. За цело време на Фараонскиот Египет, бил моќен воен гарнизон и центар за трговина со Нубија и останатите делови на Африка. Во Асуан се плаќала царина за поминување на бродовите. Каменоломите во близина на градот, биле главен извор на гранит за бројните египетски споменици, кои дури и денеска стојат скоро неоштетени. Асуан уште при крајот на 19 век станува позната туристичка дестинација, кога бил последна станица на пругата Каиро-Асуан. Уште од тој период постојат бројни луксузни хотели. Од тука туристите одат на обиколка на славните споменици на островото Филе, но и по градот, а секако и до подалечниот Луксор. На западната (спротивна) страна на брегот на Нил, на високите камени стени се наоѓа некропола со гробници на фараоните, издлабени во стените кои датираат од времето на Старото Кралство. Атракција на градот се и Старата Асуанска брана (завршена 1902 г.) која се наоѓа 5 км јужно од градот, и Новата Асуанска брана (завршена 1970 г.), која се наоѓа 11 км јужно од центраот на градот и преставува современ пример на египетското градење на монументални облици. Контраверзната Асуанска брана содржи 18 пати повеќе количина на материјал од  оној што е користен во Големата Пирамида во Кнуф. Со градбата на браната створено е езерото  Насер, едно од најголемите вештачки езера во светот. Вечера, Ноќевање.

 

6 ден  сабота 30.04.2022  АСУАН / АБУ СИМБЕЛ / – КОМОБО - ЕДФУ - КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ:

Појадок на брод. Слободно време за индивидуални прошетки или...

предлагаме Факултативен** излет до Абу Симбел во раните утрински часови со автобус.

Абу Симбел: локалитет на 2 храма кои ги изградил Рамзес II во 13 в.п.н.е. Изградбата траела околу 20 години, а комплексот  потполно е комплетиран во  1244 г.п.н.е. Се наѓа на левиот брег на реката Нил, во јужниот Египет, покрај денешната граница со Судан. Храмовите се издлабени во стена. Откриени се во 1813 год. Бидејќи градбата на Асуанската брана во 1969 год ги загрозила храмовите, тие се исечени во блокови и повторно реконструирани на 65 метра повисоко ниво. Акцијата ја водел УНЕСКО. Денеска Абу Симбел се наоѓа на езерото Насер. Двата храма сочинуваат еден комплекс во Абу Симбел. Завртени во еден благ круг еден код друг, сочинуваат складна целина. Првиот, поголемиот храм е посветен на Амон, Птах и Ра-Харакхта. Еден од најзначајните и најголеми градби кои ги подигнал Рамзес II, еден од најпознатите староегипетски владари. На самиот влез во храмот, од десната и левата страна, седат  4 големи статуи на Рамзес II, по 2 на секоја страна, високи по 18 метра. Околу нозете на  фигурите се наоѓаат многу помалку исклесани фигури на неговите жени. Внатрешноста на храмот е осликана со сцени од војната со Хититите кај Кадеш, војните во Сирија, Либија како и сцени од животот на фараоните.

Помалиот храм е посветен на богињата Хатор и преставува гробница на кралицата Нефертари. На влезот на храмот се наоѓаат 6 импозантни кипа високи 10 метра кои го прикажуваат Рамзес II и Кралицата Нефертари. Необично е што фигурите на кралицата се со иста големина како и киповите на фараонот.

Историскиот локалитет Абу Симбел е еден од најголемите и највпечатливите споменици кои може да се посетат во Египет. Тоа е величенствено сведочење на моќта на староегипетската цивилизација. Иљадници туристи секоја година се воодушевуваат на атрактивното и грандиозно дело на некогашната архитектура.

Враќање во Асуан. Ручек.

Пловејќи низ Египет покрај обалата на Нил, на некои 40-тина км северно од Асуан, се наоѓа Брдо Умба, современ град со 70.000 жители, а покрај него, на источниот брег е древниот храм  Ком Омбо. Античкото име на овој древен храм било Омбос, а староегипетско Нуби, Град на златото. Ком Омбо е поделен на 2 еднакви дела. Левата страна на храмот е посветена на Хорус Постариот или Хароерис, а десната страна  посветена на  Собеку-Ра. Подземните тунели и простории го спојуваат храмот во една целина. Храмски рељефи на Ком Омбо содржат сцени од животот на боговите и фараоните, текстови од календарот. На самиот влез се наоѓа плоча на божествата на кои светилиштето на храмот е посветено.

Градбите во комплексот на храмот се прилишно оштетени од долготрајните поплави и ерозија. И покрај тоа што бил оштетен и многу пати преправуван, древниот Ком Омбо се уште го пренесува златниот отсјај на светлоста на своите двајца господари. Он е, сеуште, Град на златото и атракција на бројните посетители. Факултативна* посета на храмот.

Пловидбата продолжува кон Едфу. Бродот се укотвува за ноќевање во Едфу.

Вечера и ноќевање на брод.

7 ден  недела 31.04.2022  ЕДФУ – ЛУКСОР / КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ :

Појадок на брод.

Едфу: Во времето на Хеленизмот и Римското царство, Едфу бил познат како “ Apolonopolis Magna”, по врховниот бог Horus-Apolonu. Тоа е еден од најдобро сочуваните храмови во Египет. Посветен на богот на Богот – сокол Horus, и изграден во времето на Птоломејското кралство помеѓу 237 и 57 г.п.н.е. Нтписите на зидовите на храмот содржат вредни информации за јазикот, митологијата и религијата на Египет. Некои од нив зборуваат за деталите за конструкција на храмот и митските интерпретации на овој и другите храмови. Тука има и сцени и натписи за митолошката борба на Хорус и Сета.  Во текот на вековите, храмот е затрупуван од пустинскиот песок и речните наноси и тоа во длабочина од 12 метри. Локалните жители направиле куќи во непосредно над на некогашниот храм. Француска експедиција во 1798 го идентификувала Храмот во Едфу, кога од него биле видливи само врвовите на столбовите. Во 1860, францускиот египтолог Ogist Marijet ги почнал активностите на откопување на храмот. Храмот во Едфу е скоро неоштетен, и е многу добар пример на древен египетски храм.  Неговото значење за архиелогијата и добрата сочуваност, допринеле да е голема туристичка атракција, во чија близина застануваат сите бродови кои крстарат по Нил. Факултативна* посета на храмот во Едфу.

Крстарењето продолжува кон Луксор.

Луксор : Пристигнуваме во градот полн со богата историја. Територијата на денешен Луксор било населено уште во 3.200 г.п.н.е., кога тука се наоѓал градот Vaset, престолнина на четвртата област на Горен Египет. За време на 11 и 18 египетска династија Teba, kako се викал градот тогаш, станува престолнина на Египет, посветена на Египетските богови и све до крајот на Новото царство се викала “Amonov grad”. Луксор е град со 2 лица. Од една страна, тоа е модерен град со уредени улици, градби од колонијално време, хотели, шопинг центри, ресторани, кафичи, со добра сообраќајна инфраструктура, а од друга страна  преставува богата археолошка ризница на египетската цивилизација. На територија на денешен Луксор се наоѓала Teba, престолнина на стариот Египет, чии рушевини постојат на секој чекор во современиот Луксор. Затоа Луксор носи епитет на најголем музеј на свет под отворено небо, а целата негова територија преставува едно големо археолошко наоѓалиште.

Храмот во Луксор подигнат е за време на Новото царство во чест на врховниот бог Amon и неговата жена Mut,  и нивниот син – богот на месецот Konsu.  Изградбата на овој грандиозен комплекс отпочнал во време на Amenofis III во 1.390 г.п.н.е. Покасно комплексот повеќе пати е доградуван и разубавуван, да би добил свој конечен облик во период на владеење на Ramzes II. Од храмот на Луксор према север   водела авенија на сфинги, долга скоро 3 км  со вкупно 135 статуи на сфинги кои имале човечки глави, све до Карнак, уште еден неверојатен храм на древната  Teba. Денеска пред храмот во Карнак сочувани се вкупно 70 сфинги со човечки глави.

Луксор е град кој воглавном живее од туризмот. Луксор, заедно со останатите Тебански локалитети- Карнак, Долината на Кралевите, Долина на Кралиците епрогласен во 1979 за Сведско културно наследсво од УНЕСКО. Факултативна* посета на храмот во Луксор.

Веќера, Ноќевање на брод.

8. ден понеделник 01.05.2022 ЛУКСОР –ДОЛИНА НА КРАЛЕВИТЕ - КАИРО:

Појадок на брод. Предпладне предлагаме Факултативен * излет:

Долина на кралевите:  Долината на Кралевите е место, каде што во период од 500 год. ( од 16 впне – 9 впне.) се закопани Кралевите и другите благородници на Стариот Египет (од 18-та до 20-та Династија. Долината се наѓа на западниот брег на реката Нил, наспроти Теба (денешен Луксор). Со последните откриени гробови во 2005 и 2008 г., долината има 62 гроба и комори. Кралските гробови се украсени со сцени од Египетската митологија. Сите гробови најверојатно се отворени и покрадени во минатото, но се уште ја прикажуваат моќта и богатството на владетелите од тоа време. Долината е посебно популарна за посети, поради откритието на гробот на “KV62” на Тутанкамон, која била потполно сочувана и полна со богатство. За популаризација на местото е и  приказната за наводното  “ проклетство на Фараоните”

Храмот на Хатшепсут (Hatshepsut):  Хатшепсут била 5-ти Фараон на 18-та Египетска Династија. Била прва жена која е крунисана со сите почести како Крал а не како Кралица, и која ги добила сите 5 почесни имиња на фараоните, што на ниедна кралица пред и по неа, не и успеало. Секогаш се облекувала и се однесувала како машко. Откако нејзините 5 браќа (наследници) умираат млади, нејзиниот татко, Фараонот Тутмос I, пред смртта, да го прогласи за наследник неговиот незаконски син Тутмос II. Но бидејќи бил малолетен,  Фаронот ја прогласува својата ќерка Хатшепсут за заеднички владател.  Уште пред тоа, кога имала 15 год) се омажила за својот полубрат Тутмос II, но му родила 2 ќерки (Nefru-Ra и Merit – Ra Hatsepsut). Затоа он со друга жена Изис, му раѓа наследник Тутмос III. За да се продолжи лозата Нефру Ра се зима со Тутмос III, но бидејќи бил малолетен, по смртта на  Тутмос II, неговата жена Хатшепсут станува законски владар.

Мемнонови колоси: Едно од најголемите туристички атракции на Луксор, Колосите од Мемнон ја стекнале својата популарност поради нивниот величенствен изглед  и за мистериозните звуци што ги емитува северниот колос на секое изгрејсонце.

Според Илијада на Хомер, Мемнон бил син на EOS, богиња на зората, и херој од Тројаската војна, крал на Етиопија кој дошол од Африка во мала Азија во помош на бранителите на Троја, а кој е убиен од Ахилеј. Старите Грци верувале дека еден од киповите го прикажува Етиопскиот крал Мемнон и затоа денеска така се нарекуваат киповите. Мемнон инаку значи “ Одлучен”, поради звукот кој се слуша од едниот колос.

Првичната цел на колосите била да чува стража на влезот во погребниот храм на Фараонот Аменхотел III во Теба, огромен комплекс од згради на 35 хектари во кои фараонот е славен  како бог пред и по неговата смрт. Во тоа време бил најголем комплекс на храмови во Египет. Покасно, фараоните поптолно го уништуваат храмот користејќи го материјалот за свои потреби а Мемноновите колоси се едини остаток

Ручек во локален ресторан.

После ручекот, трансфер до железничката станица во Луксор.

Сместување во спални коли. Вечера во ресторан во возот. Ноќно возење кон Каиро.

9. ден вторник 02.05.2022 КАИРО / МЕМФИС- САКАРА/:

Појадок во возот. По доаѓањето во Каиро, предлагаме Факултативен* целодневен излет со автобус за Мемфис и Сакара.

Јужно од Каиро се наоѓаат остатоците на древниот град Menfis, кој бил основан во 3100 г.п.н.е. Го основал Menes од Tanis, штом се обединиле Горен и Долен Египет. Првата населба која настанала на територијата на Каиро била Римска тврдина позната под името Vavilon. Оваа тврдина ја освоиле Арапите во 642 год. а околу неа почнало да расте шаторска населба по име Al-Fustat.  Населбата полека почнала да се развива во градски центар. Кога Fatamini во 972 год. го завземале Египет, почнал да се гради нов град Al-Mansureya. Многу бргу градот се нарекол Каиро. Турците Селџуци го освојуваат Каиро во 11 век , после што градот добива масивни тврдини. Во текот на 20 век, вашноста на Каиро стално расте. Денеска е едно од најзначајните точки на туристичката мапа на Египет.

Мемфис, била древна престолнина на Долниот Египет и старото Египетско кралство од неговото оснивање па све до околу 1300. г.п.н.е. Градот е основан околу 3100 г.п.н.е. од Менеса од Танис, кој ги обединил двете египетски кралства и со околу 30 жители бил едно од најголемите населби на своето време. Мемфис го достигнал својот врв на моќ под 6-тата династија и појавата на култот Птах. Остатоци на храмот на боговите на Птах и Аписа се ископани на наоѓалиштето, исто како и неколку статуи, вклучувајќи 2 високи статуи од по 4 метра и направени од алабастер како би го прикажале ликот на на Рамзес II.

 

Сакара е големо прастаро гробиште во Египет, каде денеска се наоѓа најстарата скалеста пирамида во светот. Иако најстарите гробови во Сакара може да датираат све до Првата Династија, дури за времето на Втората Династија, почнале да се погребуваат првите кралеви. Скалестата пирамида во Сакара ја изградил Imhotep  за кралот Dzosera  ( околу 2667-2648 г.п.н.е.). Тоа е најстара, потполно сочувана камена зграда во историја на планетата. Покрај Џосеровата, на наоѓалиштето постојат уште 16 пирамиди, во различна состојба на сочуваност. На таа локација, во 2006 г. е отворен Имхотеповиот музеј. Некрополата Сакара се  наоѓа во близината на Мемфис.

Ручек во локален ресторан.

Сместување во хотел.  Слободно време. Ноќевање

 

10. ден. Среда 03.05.2022 КАИРО - СКОПЈЕ :

 

Трансфер на аеродром после полноќ

Лет за Истанбул  во  02:45. Слетување во Истанбул во 06:10 л.в.. Полетување на авионот од Истанбул за Скопје во 07:30.л.в. Слетување во Скопје во 07:50 часот по локално време.

 

 

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ, за уплата до 19.02.2022:          999   евра

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ,  :                                         1.195    евра

 

АКОНТАЦИЈА: 30%. при склучување на договор.

Останатите средства се уплатуваат најдоцна 20 дена пред тргување.

Можност за 6 месечно без каматно кредитирање. Информации во агенција.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Авио билет на релација Скопје-Истанбул-Каиро-Истанбул-Скопје, со Turkish airlines
  • Аеродромски такси
  • Чекиран багаж до 40 кг
  • 4 ноќевање со појадок  во Каиро во хотел со 5*( тип на хотел “Pyramids Park”),според програмата
  • 3 полни пансиони Крстарење со брод со 5* (тип “M/S Princess Sarah Nile Cruise),
  • 1 полупансион во Воз, спални коли Каиро- Асуан,
  • 1 полупансион во Воз, спални коли Луксор-Каиро  
  • Трансфери со автобус според програмата,
  • Разгледи на градовите и локалитетите според програмата,
  • Услуги на локалната агенција и водич,
  • Трошоци за организација и водство на програмата,

 

 

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко здравствено осигурување ......., се вади во агенција.
  • Туристички такси  20 евра вкупно за цел престој, по лице (се плаќа во агенција)
  • Трошоци на Египетска влезна виза 25 уса дол.  се плаќа на лице место во уса долари !
  • Трошоц за ПЦР/Антиген тест доколку е потребно
  • Факултативни излети според програмата, се уплатуваат на лице место, првиот ден
  • Задолжителен бакшиш: 35 евра, се плаќа на лице место
  • Не спомнати услуги кои може да се јават за време на патувањето.

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • “ABU SIMBEL” – цена: 110 евра. Во цената е вклучен превоз со автобус, влезница,ручек, услуги на локален водич, ангажман на локалната агенција.
  • “ALEKSANDRIJA” – цена: 100 евра. Во цената е вклучен превоз со автобус, ручек, услуги на услуги на локален водич, ангажман на локалната агенција.

 (Минимум за реализирање на овие излети е 20 особи. Во случај на помал број на особи, излетите ќе се реализираат но со корегирана цена).

 

  • NILE CRUISE” – *пакет факултативни излети со вклучени влезници – цена: 170 евра

( Карнак храмот, Луксор храмот, Долината на Кралевите, Храмот на Хатшепсут, Колосите Мемнон, Едфу храмот, Комомбо храмот, високата брана во Асуан, Фила храмот во Асуан). Излетите не може да се продаваат посебно.

Во цената е вклучен превоз со автобус, влезница,ручек, услуги на локален водич, ангажман на локалната агенција.

 

  • КАИРО – *пакет факултативни излети со вклучени влезници – цена: 100 евра.

( Египетски музеј, Гиза Пирамиди и Сфингата, продавница на Папирус, продавница на полудраги камења. Посета на Сакара и Мемфис. Излетите не може да се продаваат посебно.

Во цената е вклучен превоз со автобус, влезница,ручек, услуги на локален водич, ангажман на локалната агенција.

 

  • Каиро, посета на Египетскиот пазар : цена .....

 

ВАЖНА НАПОМЕНИ ЗА ОВА ПАТУВАЊЕ:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 20 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Нехар травел го задржува правото на промена на редоследот на излетите според деновите на патување.
  • Постои можност за еднокреветна соба, по цена од 240 евра
  • Нехар травел го задржува правото, да во случај на зголемување на цената на авио превозот, промена на девизниот курс, помал број на пријавени патници, да ја зголеми адекватно цената на патувањето или откаже истото, најдоцна 5 дена пред патување.
  • Египетската виза се издава на самиот аеродром во Каиро, при пристигнувањето за кое Нехар травел нема влијание.
  • При панорамските разгледувања на градовите наведени во програмата, посети на внатрешноста на јавните градби, институции, спомениците на културата, е според моменталните епидемиолошките мерки.Треба да се земат во предвид дека постои можност некои од соджините на хотелите не бидат во функција поради објективни разлози, или во рамките на државни и верски празници некои локалитети, трговски центри, продавници, ресторани, музеи ... не работат.
  • Се молат сите патници да внимателно го чуваат својот пасош, финансиските средства, вредните работи и багажот за време на патувањето. Организаторот на патувањето не може да сноси одговорност за нивното евентуално губење, нестанок или кражба за време на патувањето.
  • Пасошот треба да биде со важност од мин. 6 месеци од денот на напуштање на Египет.
  • Сите други услови на патување важат според годишната програма на ЕЛИДА ТУРС

 

КОВИД РЕСТРИКЦИИ:

Патувањето ќе се одвива според моменталните Ковид протоколи кои се однесуваат за земјите низ кои се поминува и престојува. Агенцијата навремено ќе ве извести за евентуално потребните протокол документи за ова патување ( вакцина, ПЦР тест, Антигенски тест и сл) , како би навремено истите се обезбедат.

 

 

 

2803

Leave a comment

You are commenting as guest.