Инфо - Корона
3.8/5 rating (5 votes)

ИНФО - КОРОНА (COVID-19)

 

 
 
 
 
ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО СОСТОЈБИТЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД "COVID-19"
 
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ !!!

 

Почитувани патници,

имајќи ја предвид моменталната состојба на прогласена пандемија и прогресивно ширење на коронавирусот (COVID-19), согласно донесените времени мерки и Уредби на Владата, како и препораките на Стопанската комора за туризам на Македонија, ги објавуваме следните информации за статусот на објавените туристички аранжмани и услуги, за престојните патувања во текот на 2020 година.

За ПАКЕТ АРАНЖМАНИ за сезоната Лето 2020 година:
1. Пакет аранжмани во Грција Лето 2020, хотели и апартмани на 7 или 9 ноќевања,
2. Пакет аранжмани во Турција Лето 2020, со чартер лет или автобус,
3. Пакет аранжмани во Египет Лето 2020, со чартер лет,
4. Пакет аранжмани во Тунис Лето 2020, со чартер лет,
5. Пакет аранжмани во Кипар Лето 2020, со авионски лет,
6. Пакет аранжмани во Шпанија Лето 2020, со авионски лет,
7. Пакет аранжмани во Хрватска Лето 2020, со автобус.
 
Поради ограничувањата во патувањето на граѓаните, затворањето на аеродромите, како и објектите за сместување на неопределен период, се откажуваат сите аранжмани поради неможност да се реализираат под објавените услови (планирани термини на патување, период на престој или објект на престој).
По завршување на вонредната состојба и нормализирање на условите за патување од земјата и условите за влез и престој во дестинациите на патување, под нови услови ќе ги објави програмите - пакет аранжмани за Лето 2020 година, за сите или за дел од претходно објавените дестинации.
На патниците кои имаат уплатено аранжмани пред воведувањето на вонредната состојба, ќе им биде издаден “вредносен ваучер” на уплатениот износ за туристичкиот аранжман кој ќе може да го искористат за друг пакет аранжман од понудата во зависност од агенцијата организатор.
На патниците кои имаат уплатено аранжмани со попуст за одредени дестинации и нема да подигнат вредносен ваучер, доколку биде во можност агенцијата ќе понуди нови договори по истите цени за истите или други термини и дестинации, кои ќе важат по нормализирање на условите за патување и според новите услови на објавените програми за тој период.
 
За ИНДИВИДУАЛНИ АРАНЖМАНИ со посредствово периодот на 2020 година:
За сите направени индивидуални резервации за: хотели, крстарења, “city break” програми и интерконтинентални (далечни) патувања, ќе се применуваат условите кои давателите на услугите ќе ги понудат на корисниците на истите, согласно мерките и препораките на Владите на земјите во кои треба да се реализира уплатениот аранжман.
 
***
Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат и на сите останати патници, кои имаат уплатени туристички аранжмани за пролетни патувања кои беа предвидени за реализација пред прогласувањето на вонредната состојба, како и за сите веќе откажани патувања во време на траењето на вонредната состојба (од 16 март 2020 година).

Владата, на ден 24.03.2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на законот за туристичката дејност за време на траење на вонредната состојба (Службен весник на РСМ, бр. 80 од 27.03.2020 година). Уредбата упатува на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за патниците, во случај на откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции.

За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија - сектор за туризам и угостителство, во продолжение ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите.

Охрид, 30.април 2020

Посакувајќи ви добро здравје и скорешно безгрижно патување,
2269

Leave a comment

You are commenting as guest.